Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Властите - слепи и неми пред екокриминалот на струшкиот брег, алармира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
struga-divogradbi-5

„Продолжува уништувањето на крајбрежјето на Струга, каде што узурпацијата на државното земјиште не само што е дозволена, туку и активно се игнорира од надлежните институции. Последниот случај, каде на само 20 метри од Охридското Eзеро се гради нелегален објект, е уште еден доказ за системската корупција и неказнивоста во Република Македонија!“, вели Левица и додава:

— реклама —

Граѓаните на Струга со право се загрижени и гневни поради ваквата екокатастрофа. Нивниот страв дека ќе се повтори сценариото со „Аполонија“, кога нелегално изграден објект функционира како угостителски локал, е оправдан. Тампонирањето на трската и уништувањето на природата претставува, очигледно, и флагрантно прекршување на Законот за животната средина.

— реклама —

Граѓанската иницијатива СОС Охрид и локалното население подолго време алармираат за ваквите незаконски активности, но нивните повици за почитување на законите и заштита на природното наследство се игнорираат.

— реклама —

Државниот инспекторат за животна средина, и покрај Извештајот и Кривичната пријава поднесена пред три години, не презема мерки за санкционирање на виновниците!

Левица остро го осудува незаинтересираниот и корумпиран однос на институциите и бара итни мерки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро:

• Итно запирање на сите градежни активности и узурпации на државното земјиште на крајбрежјето;

• Санкционирање на одговорните лица и фирми за нелегалната градба и уништување на природата;

• Спроведување на планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион;

• Засилени инспекции и редовни контроли за спречување на идни незаконски активности.

Природното богатство на Охридското Езеро е од непроценлива вредност за Македонија и за светот! Неговото уништување е недозволиво и претставува еко-криминал кој не смее да помине неказнет!

Левица стои на страната на граѓаните и еколошките активисти и ќе продолжи да се бори за заштита на нашето природно и културно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања