Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3511

,, Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да создадат писмо за својот јазик, да шират просвета, „за слепи да прогледаат и глуви да чујат“.

— реклама —

Беа на страната на послабите и обесправените, во одбрана на оние кои немаа писмо и книги на свој јазик, создавајќи им слово, преведувајќи книги од грчки на словенски.

— реклама —

Се бореа со мудра мисла и со моќта на ЗБОРОТ. Правично, правдоборно и со факти.

— реклама —

Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на Солун, Кирил ја создава првата словенска азбука - глаголицата.

Нивната мисија нема само просветителска кауза, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска, а меѓу другото, и во смисла на декомпонирање на јазично-теолошкиот систем на тогашното германско свештенство.

Солунските браќа се бореа и против тријазичноста:

„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“

Кирил Филозоф своевремено ги бранеше јазикот и писмото пред многу векови. Денешните наши тенденции се да ги поттикнуваме граѓаните на критичко мислење, а особено младите. Кирил Филозоф нека биде пример пред сите нив и пред сите нас за одбрана, конструктивност и правдоборност!

Кирил и Методиј создадоа азбука, преведуваа, просветуваа. Проблемот го решија трајно, но оставија АМАНЕТ.

АМАНЕТ за да си ги браниме јазикот, азбуката и просветата од сите внатрешни и надворешни напади!

Денес напади има повеќе од било кога! Но денес имаме и АРГУМЕНТИ за одбрана повеќе од било кога!

Да се продолжи достојно влогот на Кирил и Методиј!

Честит празник на сесловенските просветители!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања