Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Скопје се гуши во смет заради конфликтот на ДПМНЕ и Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_4971

,,Преполни контејнери, диви депонии, ѓубре и смет околу домовите, неискосена трева помеѓу зградите станаа секојдневието кое го „краси“ Скопје. Сето ова неретко е надополнето со палење на некоја дива депонија што во овие летни температури допринесуваат во градот да не се дише!

— реклама —

Скопјани со право реагираат дека Скопје никогаш не било понечисто од сега! Причината за оваа состојба на главниот град е едноставна и повторлива по којзнае кој пат овие три години. Цената за кавгата помеѓу советниците на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалничката Арсовска ја „плаќаат“ граѓаните.

— реклама —

Иако сме веќе во седмиот месец од годината, Програмата за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ сè уште не е изгласана, па оттука комуналното претпријатие не може да работи.

— реклама —

Советниците од ДПМНЕ иако имаат мнозинство во Градскиот Совет, заради целта да ù наштетат на угледот на Градоначалничката Арсовска, која притоа беше нивни кандидат за градоначалник, не даваат согласност ниту една од програмите на јавните претпријатија во Град Скопје да бидат изгласани. Заради ова, претпријатијата се хендикепирани, не можат да функционираат нормално и додека граѓаните се незадоволни од услугите за кои плаќаат, сè повеќе работници и стручни кадри ги напуштаат иститие.

Резултатот на одмаздољубивоста на ДПМНЕ кон сопствениот кандидат за градоначалник - Арсовска е целосен колапс на Градот! Де факто, Градот не само што сериозно го наруши угледот на институцијата Градоначалник, туку го наруши секојдневието на Скопјани, кои наместо да ги добиваат услугите за кои плаќаат, тие добиваат лош дневнополитички театар.

Програмите на јавните претпријатија ќе се најдат на дневен ред и на следната седница на Советот на Град Скопје.

Советниците на Левица апелираат на вразумување на советниците и разбирање на тоа дека нивната улога е да ги заштитат интересите на Скопјани, а не на искомплексираните политичари од својата партија и конечно (после повеќе од седум месеци задоцнување) да ги изгласаат програмите на јавните претпријатија и да не дозволат заради внатрепартиски политички пресметки градот да биде дозатрупан во ѓубре!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања