Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт" - институциите не постапуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,До политичката партија Левица пристигнаа информации од вработени во компанијата „Кромберг и Шуберт", кои се жалат на бруталните услови под кои се принудени да работат во оваа екстра - профитабилна компанија. Работниците се жалат дека се принудени да работат дури по 12 часа на ден, без нивна согласност - во спротивно биле УЦЕНУВАНИ дека ќе им биде прекинат работниот однос нив или на нивните блиски.

— реклама —

Иако претходно било пријавувано, НЕМА никаква постапка од страна на Државниот инспекторат за труд, кој со децении со неговиот пасивен однос се става во заштита на крупниот капитал, наместо да ги штити експлоатираните работници.

— реклама —

Левица и претходно има реагирано за бруталната експлоатација во оваа странска компанија, од која единствено добивме закани за ТУЖБИ - кои никогаш не беа доставени, затоа што очигледно е кој манипулира со јавноста и кој го крши законот.

— реклама —

Алармираме и бараме одговорност од директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, за непостапувањето на оваа институција пред очигледното кршење на работничките права.

Се работи за економски гигант, кој во 2023 година остварил приход од 300 милиони евра, со што уште еднаш се потврди дека профитите на олигархијата извираат од ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА на работничката класа, која во ваков незауздан капитализам е целосно незаштитена од владејачките партии.

Македонија, како држава на периферија на капитализмот, стана рај за странските инвеститори и ПЕКОЛ за работниците, додека партиите на естаблишментот се вазални на странскиот капитал и интерес, кој државата ја претвори во потчинета колонија, каде сите ресурси (вклучително и човечкиот) се брутално експлотирани за туѓите интереси.

Сè додека партии кои се предводени од милионери се дел од секоја власт, тие ќе ги штитат интересите на сопственичката класа од која доаѓаат, додека работниците ќе бидат брутално експлоатирани и незаштитени за милионските профити на странските моќници.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања