Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Богевски со шестчасовен филибастеринг за блокирање на погубен ДУП за зградите „Силекс" во Кавадарци, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
245349517_4529517183795689_6140185821685523684_n-749x445-1

- Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог - деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување - потенцираше советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски.

— реклама —

Според Богевски, конкретниот ДУП предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара.

— реклама —

- Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие - додаде Богевски.

— реклама —

Тој потсети дека пред околу два месеца почнаа постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани.

- На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од Дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на Општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина! Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина - појасни советникот Богевски.

Советникот од Левица, Круме Богевски, околу шест часа часа ги презентираше амандманите, кои мнозинството не ги прифаќа, нагласувајќи дека, сепак, во планот ќе се почитуваат желбите на населението.

Богевски има поднесено 365 амандмани и како што вели - со ова како партија го блокираат уништувањето на делот околу таканаречените Силекс - згради.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања