Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

IMG_3956

Реџеп Исмаил: ВМРО-ДПМНЕ во целост го почитува Преспанскиот договор, сè друго е само театар

Новиот пратеник во македонското Собрание, Реџеп Исмаил од Левица, смета дека за победникот на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор е готова работа и оваа партија не само што нема намера да го промени или целосно да го отфрли, напротив - се обидува да го почитува во целост.Исмаил го коментираше и чинот на давање заклетва на претседателката Гордана Силјановска - Давкова, која наместо Република Северна Македонија како што пишуваше во официјалниот документ, кажа само Македонија.- Сето тоа, мене ми изгледа како театар. Инаку, честитам на онаа првична пркос да не го изговори неуставното име, Северна Македонија. Од една страна, СДСМ и албанскиве партии се загрижија дека треба да се почитува Уставот итн., но од друга страна, која е оправданоста на про-вмро јавноста? Они како да тргнаа во оправдување на Преспанскиот договор, односно во негово доследно применување. Значи, според Преспанскиот договор може да се каже Македонија, односно за нив е супер Преспанскиот договор - вели Исмаил во утринската програма на ,,Слободен печат".Новиот пратеник од Левица, Реџеп Исмаил - Хактан, истакна дека не е сигурен ниту во искрените намери на новото владејачко мнозинство, стравувајќи дека на земјава би можела да ѝ се повтори, според него, слична ситуација како во времето од владеењето на Никола Груевски.Исмаил говореше и за релативниот успех на Левица на изборите и освојувањето на шест пратенички места во Парламентот.- Без големи пари, но со кристално чиста идеологија и конзистентност во работата, ние успеавме да дојдеме до поголем број на гласови - посочи тој.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Прва пратеничка група на Левица. Прва жена - пратеник од Левица

Левица со 6 (шест) пратеника во Парламент резултираше на Парламентарните избори, 2024.На прес - конференцијата по овој повод, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, имаше свое обраќање кон народот.- Да прославиме пасокизација на СДС и факторизација на ЛЕВИЦА! Прва пратеничка група на Левица, прва жена - пратеник на Левица - истакна Апасиев.Во ИЕ1, Левица освои 2 пратеника и тоа: претседателот Димитар Апасиев и потпретседателот, Реџеп Исмаил - Хактан.Од ИЕ2, во Парламентот влегува еден пратеник - портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.Во ИЕ3 - влез во Собранието има и актуелниот пратеник Борислав Крмов.Во Четворка влегува Сашко Јанчев, а во Петка - Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.- Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Го пасокизиравме СДС, ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника - потенцираше лидерот Апасиев.Резултатите на Парламентарните избори - 2024 ја потврдија и тезата на претседателот Апасиев дека новопојаното т.н. политичко движење е ,,краткотраен проект" или ,,надуван балон".- Друга значајна победа е тоа што и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на пола на Претседателските избори - 2024. Но и покрај тоа преполовување на гласовите на ЗНАМ, овој изборен систем повторно нè краде, затоа што некаде го водиме за 4000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Ова ќе биде првото барање на Левица, а тоа е воведување на една изборна единица. Ваквиот Д'онтов модел ни краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници - додаде Апасиев на прес - конференцијата.Претседателот Димитар Апасиев им се заблагодари на активистите на Левица што заеднички ги донесоа подемот и победата на Левица и што не потклекнаа на малодушноста на одредени субјекти.- Левица ќе продолжи за петпати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку 10 нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собрание со нашите борбени пратеници! Долу црвената буржоазија! - вака Апасиев го заокружи своето обраќање.Од Левица потврдија дека уште веднаш почнуваат со подготовка за локалните избори каде очекуваат да го надминат резултатот којшто го освоија на Парламентарните избори - 2024.

Македонија | пред 1 година

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Повик за масовна излезност од Левица

„На ден пред двојните Избори - 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ - чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите“, велат од Левица и додаваат:Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика!Левицата, конечно, ќе се ослободи од транзициските клептомани на СДС на „Нашата Земја“ и ќе се стабилизира во силна и современа Левица, која почива на АСНОМските идеали и на поривот за слобода од канџите на профитот и националните предавства, на поривот за борба против олигархијата и на поривот да си ја вратиме Републиката во рацете на обичните луѓе.Повторно, низ цела Македонија, се вееше знамето на АСНОМ! Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак и секоја улица, преполни со вас, работни луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме квислинзи, ќе победиме пак!Левица е тука, со вас и за вас - Македонија ќе биде слободна и Нов свет ќе изградиме - братски!p.s. Благодарност до сите наши активисти, волонтери и симпатизери кои несебично се вложија во нашата изборна кампања. Без вас сме ништо, со вас сме сè!Се гледаме од собраниските клупи, со првата пратеничка група на Левица.#НеподмитливитеВоСобранието#Заокружи5

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

​​​​​Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Во склоп на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ,,ТВ Стар", Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна:,,Во поглед на економијата имаме два столба - првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната реформа - единствена партија сме којашто предлага прогресивен данок. Тоа значи богаташите да плаќаат повеќе отколку работниците."Изборите последниве години се паѓаат во работен ден. Првиот круг на претседателските избори се падна на 24 април 2024 година - среда. 8 мај 2024 година е повторно среда. Многу луѓе во приватниот сектор се на работа. Многумина работат во други градови и не можат да стасаат дома, за да гласаат.,,Ова е свесно, затоа што олигархијата работи за буржоаските партии - дпмне и сдс. Тоа е свесно направено со цел да се намали цензусот, но статистички гледано, секогаш, Парламентарните избори имаат повисок цензус од Претседателските. Очекуваме излезноста да биде поголема за десетина проценти и тоа е намерно така направено за да може само нивната администрација, која е клентелистички настроена, да гласа. Но дури и да работат фабриките, имате време да гласате и нашиот апел е - по работа или пред работа да излезете и масовно да го дадете гласот за Левица", вели Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци.Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери.На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието - ова е една од пораките на претседателот Апасиев, вечерва од Штип.,,Целта на Левица на овие Избори е да го кутне сдс под 20 и, конечно, да ја пасокизираме сдс. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува", истакна Апасиев.Она што се случи на Претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува првпат.,,На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик... Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица", истакна Апасиев.Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми.,,Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит", рече носителот на ИЕ3, Борислав Крмов од Штип.На народниот собир се обрати и Александар Симонов, коносител на листа на ИЕ3:,,Планираме воведувањето на прогресивниот данок, како и ограничувањето на каматните стапки, укинувањето на извршителите останува една од главните определби кои имаме намера да ги воведеме со цел да ги заштитиме работниците, кои најчесто се класа на луѓе кои страдаат од овие неправди".

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Вчера и, официјално Левица ја започна кампањата за парламентарните избори од Велес, градот на: Кочо Рацин, Панко Брашнаров, Гемиџиите, Ганчо Хаџи Панзов. Во присуство на огромен број на граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат на #Левица, проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов, се обратија пред велешани.На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори.„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митин додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа" - Порача Ванковска и притоа додаде:„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас нè разликува од оние што трчаат на кратки патеки, е тоа што ние трчаме маратон. Нас не нè задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза.“Во продолжение, носителот на ИЕ 3 - Борислав Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.На крај, претседателот на #Левица - Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС. На овие избори одиме на двоцифрен број на пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е, тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаучат пред и молчат пред УЧКите.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија.Но, историските факти говорат друго!Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија.Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми"

,,Вработените во јавното претпријатие ,,Македонски шуми” три месеци безуспешно се борат да ги добијат своите плати, задолжителните придонеси од плата, теренските додатоци и униформи за работа.Тие прво штрајкуваа со присуство на работното место, па денес пред просториите на нивната дирекција, а трет чекор ќе биде да излезат пред Владата. Генералниот директор Валентин Груевски од ЛДП и менаџерите на ова претпријатие не понесуваат никаква одговорност за неефикасното работење на ова претпријатие кое тоне во долгови.Додека безмилосно се касапат македонските шуми и се богати зелената мафија, затоа што Претпријатието не инвестира во нова опрема, сите пари се трошат за создавање неефикасен административен кадар од партиските редови на власта. ,,Македонски шуми” немаат доволно средства за шумски полицајци, додека Претпријатието прима партиски кадри. За расипничкото менаџирање говори скандалот со купувањето нa луксузни службени возила за раководството, додека нема средства за теренски возила, кои се апсолутно потребни во борбата со шумската мафија.Ова не е изолиран случај само со ова јавно претпријатие, туку стана пракса во изминатите 30 години - јавните претпријатија да бидат најголеми загубари, за да ги задоволат апетитите на клиентелистичката машинерија на секоја власт. Длабоко вкоренатата партизација ги уништува институциите кои треба да се јавен сервис. Но, јасно е дека без партиски вработувања, триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ нема како да егзистира на политичката сцена!Затоа, на престојните избори, македонскиот народ треба, конечно, да стави крај на тридецениското уништувачко владеење на овие партии и, конечно, нови генерации политичари да докажат дека може и мора да се управува поинаку.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

Ванковска: Ноќта ми беше непроспиена поради опасната воена ескалација; Апасиев: ДУИ е за Израелците, Левица за Палестинците

Кандидатката за претседател, Билјана Ванковска, објави дека имала непроспиена ноќ, поради нападот Иран кон Израел. Таа смета дека Израел е фашистичка глава, а го споменува и американскиот претседател Џо Бајден.„Не знам како ја минале ноќта моите противкандидати, потенцијални врховни команданти, ама мојата беше непроспиена поради опасната воена ескалација на Блискиот Исток. Уште еден чекор напред кон глобална војна. Геноцидот врз Палестинците продолжува, а едвај некој и да го спомнува 💔 Израел е фашистичка држава која сега сака целиот регион да го повлече во војна од пошироки размери. Но изгледа дека се преигра - соседните држави дигаат глава, а САД ги вооружува но калкулира. Ги чекаат избори. Бајден сака да победи пак со воени “херојства” и божемно миротворење. Ќе речете, гледај си ја Македонија! Е да! Ама Македонија е во соседството на темпирана бомба. Кога богатите војуваат, сиромашните ја плаќаат цената (Жан Пол Сартр)“, пишува Ванковска.Се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Не бе, друже. Има разлика. Се' до ноќеска, ИРАН немаше нападнато друга држава 240 години. ИЗРАЕЛ напаѓа соседни држави веќе 70 години. p.s. ДУИ е за Израелците, Левица за Палестинците“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 1 година

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Алтернативи има, сами си ги сечеме можностите

,,БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива. Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компезации за тоаКај нас политиката се персонализира, и тоа за жал, околу лидерот на партијата. Не во случајот на оваа партија со која јас чекорам. Ние тука многу внимаваме на законските норми. Во претседателската кампања медиумите формираат една завршена трка. Ми пречи кога некој фаворизира некого однапред. Веќе зборуваат за двајца фаворити кои ќе се најдат во вториот круг.Претседателот на државата треба да ја користи надлежноста која му ја дава Уставот. Тоа што го правеа до сега претседателите, беа многу пасивни, и прилично само набљудувачи на тоа што се случуваше. Додека целата иницијатива се остава на Владата и на Парламентот, кои одат само со козметички промени.Јас пишував научен труд за т.н. Октроирани Устави, или наметнати Устави, кои ја одземаат волјата на народот да си донесе свој Устав. Прво дојде 2001 војната. После Преспанскиот договор, тотално нетранспарентен. Сега сме повторно пед некаков ултиматум, за уште една уставна измена. И притоа забораваме дека самиот уставен систем е дефектен, и најголема одговорност и тежина наоѓам во Рамковниот договор. Уредување по етнички клуч, е она што го дели општеството.Меѓународната заедница не е Западот, Брисел и Вашингтон. Меѓународната заедница се сите држави кои членуваат во ООН. Тој Запад, тие не живеат тука, во нашето уредување, не ги познаваат нашите корени, ни нашата фрустрација со Бугарија. И тука не зборуваме за народот, туку за власт која во одреден момент на историјата била окупаторска.Мојата понуда е нов граѓански Устав, кој ќе биде нова реалност. Добро е да направиме граѓански Устав, и тогаш никој не може да лицитира колку души сме напишале во нашата Преамбула. На нашиов Устав не можете крајот да му го фатите. Има толку многу амандмани, кои се противречат на себе. А и политичката пракса покажа дека Уставот се заобиколува кому како ќе му текне. И сега имаме една етно-трибалистичка политика, во која две етнички групи доминираат. А другите? Ако донесеме граѓански Устав, ако воспоставиме вистинска демократија, јас се согласувам со програмата на партијата која ме поддржува, дека етнички партии не смее да има.Јас сум и за излез од НАТО, заради променетата геополитичка ситуација, која се плашам дека наместо бенефит што ни ветуваа, влегуваме се повеѓе во воени задолжувања. Мислам дека е многу паметно да прогласиме воена неутралност. И Ирска и Австрија се во ЕУ, но се воено неутрални.Како Претседател на државата, јас ќе го искористам моето право на вето, особено за олигархиски закони, како и за закони кои задираат во социјалата.Кога зборуваме за бившите претседатели на државата и нивните привилегии, мислам дека оној што ќе си ја отслужи својата должност пред народот, треба да си го предаде клучот заедно со привилегиите, и потоа да биде нормален граѓанин.БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива. Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компезации за тоа.Ме прашувате зошто граѓаните да гласаат за мене? Затоа што сум поразлична од сите, затоа што за разлика од другите кандидати, нудам нешто различно, еве низ овој разговор кажав што и како, и затоа што немам политички багаж.”, вели кандидатот за претседател на Левица, проф. Билјана Ванковска.

Македонија | пред 1 година

IMG_3383

Левица: Црвено Куманово за радикални промени со Професорката Ванковска

Вечерва, во револуционерното Куманово, Левица одржа народен митинг каде свое излагање имаа претседателската кандидатка, проф. д-р Билјана Ванковска, носителот на пратеничката листа за ИЕ2 на Левица - Амар Мециновиќ и претседателот на партијата - проф. Димитар Апасиев!,,Сите шестмина, колку и да изгледаат различно, припаѓаат на иста политичка матрица која се обидува да ја сочува оваа статус-кво состојба” - рече Билјана Ванковска, претседателска кандидатка на Левица, вечерва во Куманово.„За нив Сонцето изгрева на запад, за нас Сонцето се движи. Нас нè тераат да се самоцензурираме, да се плашиме да кажеме сè што е на М. Тие ја упропастија државата, уништија се - од здравство, судство, образование... А нам ни велат дека користиме штетни наративи? – Не, ние ја говориме вистината“, изјави Ванковска.Носителот Мециновиќ продолжи: ,,Не може веќе некој да се богати на грбот на народот. Верувајте не’ нѝ се врзани рацете само треба да дојде на власт партија која ќе ја претставува работничката класа.Ние како граѓани, како работничка класа и како конститутивен народ на оваа држава ние - сме кичмата на оваа држава. И ние ако сакаме национализација на ресурсите, нека е 100 пати австриска ЕВН и амбасадорите и нека се жалат до утре, тоа е тоа - ние ќе бидеме управувачи на својата судбина!”

Македонија | пред 1 година

IMG_3367

Левица: И Долно Лисиче стана црвено

Феноменот Левица незапирливо се шири. Во општина Аеродром веќе се отвори и втората канцеларија во населбата Долно Лисиче. На официјалното отворање гостуваше и претседателскиот кандидат Билјана Ванковска и порача:Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија! Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава.Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил, кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања, па заради тоа е потребна сплотеност за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија.Да ги збиеме редовите и да делуваме! Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме.Модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетниот ДУП, кој градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Универзалната сала - руинирана и запоставена од властите, изгоре во пожар

,, Еден од симболите на Скопје, денеска доживеа трагедија. За оваа катастрофа се заслужни властите кои со години си ја префрлаат реконструкцијата, најпрво преку екс-градоначалникот Петре Шилегов, а потоа и преку сегашната Министерка за култура, кои дозволија овој симбол на Скопје да се запушти и конечно уништи.Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа расправи кој да ја реконструира Универзалната сала, за конечно ингеренциите да се префрлат на Министерстрвото за култура. Уште тогаш Советниците на Левица алармираа дека според досегашното искуство, оваа власт не е неспособна за таков зафат како реконструкција на еден од симболите на Градот. На крајот Советниците на СДС и ДУИ успеаја да ги „убедат“ и советниците од ДПМНЕ да ја гласаат оваа одлука, а епилогот од оваа сложна коалиција го видовме денес.Универзалната сала, е подарок од меѓународната заедница, а првенствено Народна Република Бугарија, во знак на солидарност со справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Таа е aрхитектонскиот проект како зградата на Државниот циркус во Софија, изграден 1962 година, кој исто така подоцна изгорел во пожар, за врз него да се постави нова зграда. Дали се тоа намерите и на оваа власт, останува да видиме?Ова што се случи денес со Универзалната сала, е уште еден доказ дека власт кај неспособни и корумпирани партии е погубна за државата и народот - власта на СДС, ДУИ и ДПМНЕ нè чини многу!”, велат од Левица.

Скопје | пред 1 година

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица, ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки.Професорката Ванковска од Тетово порача: „Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!"На митингот освен Билјана Ванковска, беа присутни и претседателот на партијата Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ6, Игор Димески.Претседателот Апасиев во своето моќно обраќање пред Тетовчани порача дека е време да се стави крај на ДУИЗАЦИЈАТА и АЛБАНИЗАЦИЈАТА на Македонија за која најмногу се виновни македонските политички елити кои измеќаруваат на УЧК.Црвено и непокорно Тетово ја препознава Левица како единствена опција на овие избори и професорката Ванковска како единствен кандидат кој заслужува да биде претседател на Македонија.

Македонија | пред 1 година

421951398_964070525076012_5821741793377370357_n

Апасиев: Има страв од Ванковска

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на политичката сцена има страв од нивниот претседателски кандидат, Билјана Ванковска.„Ете, и тоа го дочекавме. Претседателски избори без директни соочувања и ТВ ДЕБАТИ!? Ова е некој нов изум во политологијата. П.с. Телевизии има, ама нема уредници и спремни кандидати“, напиша Апасиев.Претходно, на брифинг, тимот на Стево Пендаровски најави дека ќе се организираат т.н. мастер дебати, каде ќе бидат сите кандидати, а ќе се пренесуваат и на сите телевизии.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-12.02.05

Мојсоска: Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на историјата

„Воопшто не сум изненадена што новокомпонираниот патриот Максим најавил вметнување на Бугарите во Уставот уште првите 200 дена влада. Што да се очекува од квинслинзи што беа во првите редови со Заев кога се бришеше АСНОМ и се менуваше уставното име под диктат на злосторнички пакт?!Левица останува единствена партија која е за прекин на преговорите со Бугарија. Левица е единствена партија која е против вметнувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови!Искуството покажува дека со секоја промена на Устав дел по дел се парчеше суверенитетот на Републиката. А, тоа што необалистите од ДУИ и Алијанса се најгласни за промена на Уставот, јасно треба да ви потврди во чии интереси е бугаризацијата на Уставот.Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на историјата и оние кои ги победивме во Втората светска војна! Колку и да сакаат да ве излажат лажните пророци...“, вели генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Уставниот суд ги врати работниците во 19 век - ќе работат по 72 часа неделно

,,Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за Иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно. Ваквата скандалозна одлука е, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,,Бехтел и Енка", со што Македонија, дефакто, станува КОЛОНИЈА на странскиот капитал!Потсетуваме дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата!Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството - работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето.За ваквата скандалозна одлука гласала Претседателката Добрила КАЦАРСКА, заедно со следниве уставни судии:1. Насер АЈДАРИ2. Осман КАДРИУ3. Фатмир СКЕНДЕР4. Татјана Васиќ - БОЗАЏИЕВА5. Елизабета ДУКОВСКА6. Јадранка Дабовиќ - АНАСТАСОВСКА7. Ана Павловска - ДАНЕВАУставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-10.07.21

Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа: На никого нема да му биде здодевно кога ќе зборувам

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен - вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Поднесовме листи за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори

,,Како најбрзорастечка партија во Република Македонија и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, Левица ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ - фактор кој нема да можат да го забиколат буржоаските партии.На овие избори, да ја вратиме државата на народот!”, велат од Левица

Македонија | пред 1 година

Vankovska-1

Ванковска: Некои денешни ,,патриоти" врескаа на митинзи за Преспански договор

,,Како може некој да ЗНАЕ, а да има толку куса меморија што, наводно, не се сеќава дека неговиот лидер одел по митинзи и дебати, а на бина врескал во полза на Преспанскиот договор (за што има и видео снимки)! Сето тоа кога мнозинството граѓани беше под странски и внатрешни притисоци, ама го бојкотираше Референдумот…Или не знаат или не паметат... Но, ние паметиме. Ваше е дали ќе верувате на полупатриоти или тукушто откриени патриоти само кон Бугарија", вели проф. Ванковска во објавата.

Македонија | пред 1 година

IMG_3284

Отворена канцеларија на Левица во општина Чашка

,,Како одговор на потребите на народот, вечерва свечено и во позитивна атмосфера Левица ја отвори новата канцеларија во Чашка која се наоѓа во центарот на населбата.Народот се повеќе ја препознава идеологијата и вредностите на Левица - изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почива вистината, праведноста и еднаквоста.”, велат од Левица.На отворањето присуствуваа кандидатот на Левица за претседател проф. Билјана Ванковска,претседателот на Левица Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, членови на ЦК, симпатизери и гости од повеќе населени места.Покрај свеченостите, претседателот Апасиев како и проф.Ванковска се осврнаа на престојните предизвици во текот на претседателската кампања како и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието и што тој зголемен капацитет ќе значи одбрана на националните и класните интереси на македонскиот народ.,,Растот на партијата е евидентен. Претходно отворивме локални ограноци во поголемите градови, сега дојдоа на ред и помалите општини во Република Македонија. Овие средби и вашата поддршка не полнат со енергија да ја продолжиме нашата борба", истакна Крмов.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Решението за градба кај Болничкиот комплекс „Воена болница“ да се поништи веднаш

„​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс ,Воена болница'!Политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер.Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси!“, се вели во објавата на ЛО Левица - Карпош.

Скопје | пред 2 години

dimitar-apasiev-5

Директорот на велешката болница забранил да се дава инфузии да се заштеди, а за операција на жолчка се бара мито?, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев јавно упати прашања до директорот на Општата билница во Велес, откако добил прашање дека имало забрана за давање на инфузии, со цел да се заштеди. Апасиев, меѓудругото, е родум од Велес.„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница - Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 - за да заштеди? И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава Болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите - од 500 ЕУР "по тарифа"? Докторе Министре?“, прашува Апасиев.За ова, се уште нема јавна реакција од Министерството за здравство или Општата болница-Велес.

Македонија | пред 2 години

Vankovska-1

Ванковска до Муцунски: Уставното право не познава "одложена примена на уставни измени"

„Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија - земјата на чудата.Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови.“, вели Ванковска.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања