Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3511

Вчера и, официјално Левица ја започна кампањата за парламентарните избори од Велес, градот на: Кочо Рацин, Панко Брашнаров, Гемиџиите, Ганчо Хаџи Панзов. Во присуство на огромен број на граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат на #Левица, проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов, се обратија пред велешани.

— реклама —

На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори.

— реклама —

„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митин додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа" - Порача Ванковска и притоа додаде:

— реклама —

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас нè разликува од оние што трчаат на кратки патеки, е тоа што ние трчаме маратон. Нас не нè задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза.“

Во продолжение, носителот на ИЕ 3 - Борислав Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.

На крај, претседателот на #Левица - Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:

„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС. На овие избори одиме на двоцифрен број на пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е, тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаучат пред и молчат пред УЧКите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања