Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Универзалната сала - руинирана и запоставена од властите, изгоре во пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

,, Еден од симболите на Скопје, денеска доживеа трагедија. За оваа катастрофа се заслужни властите кои со години си ја префрлаат реконструкцијата, најпрво преку екс-градоначалникот Петре Шилегов, а потоа и преку сегашната Министерка за култура, кои дозволија овој симбол на Скопје да се запушти и конечно уништи.

— реклама —

Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа расправи кој да ја реконструира Универзалната сала, за конечно ингеренциите да се префрлат на Министерстрвото за култура. Уште тогаш Советниците на Левица алармираа дека според досегашното искуство, оваа власт не е неспособна за таков зафат како реконструкција на еден од симболите на Градот. На крајот Советниците на СДС и ДУИ успеаја да ги „убедат“ и советниците од ДПМНЕ да ја гласаат оваа одлука, а епилогот од оваа сложна коалиција го видовме денес.

— реклама —

Универзалната сала, е подарок од меѓународната заедница, а првенствено Народна Република Бугарија, во знак на солидарност со справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Таа е aрхитектонскиот проект како зградата на Државниот циркус во Софија, изграден 1962 година, кој исто така подоцна изгорел во пожар, за врз него да се постави нова зграда. Дали се тоа намерите и на оваа власт, останува да видиме?

— реклама —

Ова што се случи денес со Универзалната сала, е уште еден доказ дека власт кај неспособни и корумпирани партии е погубна за државата и народот - власта на СДС, ДУИ и ДПМНЕ нè чини многу!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 14 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања