Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Хајката против Левица не е нова, како што се наближуваат изборите, станува фронтална, смета Ванковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vankovska-696x392-1

Билјана Ванковска, претендент за да влезе во претседателската трка како претставник на Левица, смета дека е почната хајка против Левица. Според неа, станува збор за фронтална битка.

„Хајката против Левица не е нова. Досега беше перфидна и најчесто манифестирана преку бојкот од медиумите и спинување. Сега, како што се наближуваат изборите, станува фронтална. Јас одамна реков дека битката ќе биде против неколку Голијати (на внатрешните тројански коњи не сметав до скоро). Но, сеедно…

— реклама —

Секој напад плус, колку понизок и беден, толку повеќе страв во нивните редови. Страв дека некој ќе ја каже вистината во дебатите и кампањата. Некој ќе викне дека кралот е гол. Дека си страдаме од домашни сијамски близнаци и странски прислужници.

Невидливата спрега на политичката моќ на божемните политички опоненти (а исклесани од ист штоф), помогната со медиуми, НВО активисти, интелектуалци, дипломати, аналитичари, па дури и политички маргиналци, а за странски центри на моќ и да не зборувам, се засилува од час до час.

— реклама —

Тоа ми е доволен доказ дека стојам на вистинската страна на оваа валкана битка. Со народот, за народот и од народот, а не со машинерии гладни за власт и фотељи. Одиме во престапниот ден во престапната година да им згазиме на жуљ на сите исплашени од баукот на левицата кој кружи над Македонија!“, напиша Ванковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања