Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

На советниците не им беше дозволено поднесување анкетни листови – ќе гласаат против ДУП кој не ги содржи забелешките на жителите, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Levica-logo

Вчера беше крајниот рок за поднесување анкетни листови во однос на предложените Детални урбанистички планови за Влае 2 (СЗ19) и за Жданец и дел од Козле (Ј03.04). Последните неколку денови беа проследени со скандалозност и попречување на процесот на поднесување забелешки од страна на жителите.

„Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се претставија дека се вработени во Општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.“ изјави Славко Митевски, советник во Општината, на кого како советник му беше оневозможено да поднесе анкетен лист со забелешки само поради тоа што не живее во Влае 2.

— реклама —

Жителите на Општина Карпош беа оневозможени да поднесуваат забелешки и преку веб- страницата e-urbanizam.mk.

„Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна. Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.“ напиша Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија.

„Оттука, Левица Карпош ја известува јавноста дека нема да гласа за Детални урбанистички планови во кои нема да бидат вклучени забелешките на жителите. Дополнително ги повикуваме и останатите

советници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.“ стои во соопштението на локалниот огранок на Левица во Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 21 час

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања