Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори - ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
inflacija

Левица оценува дека поскапувањето на горивата ја покажува слабоста на економскиот модел и ја критикува Владата на Мицкоски што не прифаќа намалување на акцизи и ДДВ, туку се повикува на „најниска цена во регионот“, без да ја земе предвид пониската куповна моќ. Според партијата, државата треба стабилизациски да интервенира бидејќи Македонија зависи од увоз, а поскапиот дизел се прелева во транспорт, земјоделство и храна. Бараат намалување даноци, диверзификација, стокови резерви, регулација и заштита на куповната моќ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Последните случувања со растот на цените на нафтените деривати повторно  ја откри слабоста на економскиот модел во Македониja. Наместо државата да реагира со мерки кои ќе го ублажат ударот врз стандардот на граѓаните, Владата предводена од Христијан Мицкоски одлучи да остане пасивен набљудувач и да ги отфрли предлозите за намалување на акцизите и на данокот на додадена вредност, квалификувајќи ги како „соцболшевизам“, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

 „Аргументот дека Македонија има „најниска цена во регионот“ е политички маневар кој ја замаглува суштината. Споредбата со соседните држави не е релевантна ако не се споредат и платите. Кога просечната и минималната плата во Македонија се значително пониски од оние во Грција, Србија или Бугарија, тогаш дури и „поевтина“ нафта може да биде релативно поскапа за македонските граѓани. Во економијата тоа се нарекува реална куповна моќ и токму таму се гледа вистинскиот проблем.

— реклама —

 Особено е проблематично што Владата ја третира оваа состојба исклучиво како пазарно прашање. Македонија е целосно зависна од увоз на нафта и нафтени деривати чии цени се формираат на глобалниот пазар. Но токму поради таа зависност улогата на државата треба да биде стабилизациска. Наместо тоа, Владата се потпира на аргументот дека „пазарот ќе се стабилизира“ и дека цените на светските берзи веќе почнале да паѓаат. Таквиот пристап ја префрла целата неизвесност врз домаќинствата и бизнисите.

— реклама —

 Дополнителен проблем е ефектот врз целата економија. Цената на дизелот директно влијае врз транспортот, земјоделството и логистиката, што значи дека секое поскапување брзо се прелева во цените на храната. Во економии со низок доход како македонската, ваквите шокови имаат далеку посилен социјален ефект.

Клучниот парадокс е што Владата одбива да интервенира во цената на нафтата но истовремено признава дека поскапувањето може да предизвика раст на цените на храната. Тоа значи дека економската политика реагира само кога инфлацијата веќе ќе се прелее во целата економија наместо да се спречи нејзиното ширење во старт.

 Затоа Левица бара:

- намалување на акцизи и ДДВ

- диверзификација на енергетските извори

- зајакнување на стокови резерви на гориво

- поголема регулација на пазарната концентрација во трговијата и

- активна политика за заштита на реалната куповна моќ на граѓаните.

 Без таков пристап, секое глобално поскапување на енергијата ќе продолжи автоматски да се претвора во домашна инфлациска криза. А тогаш аргументите за „најниска цена во регионот“ ќе останат само политичка реторика која не го менува фактот дека товарот од кризата повторно паѓа врз обичните граѓани“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 13 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања