Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dik


Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. 

„Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен.

Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба. 

Со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес.

Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес.

Левица бара итна и целосна исплата на сите средства што ДИК им ги должи на лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори, јавно објавување на податоците за реализираните и нереализираните исплати во секоја општина, како и ревидирање на сегашната пракса на исплата преку локалната самоуправа, која се покажува како исклучително неефикасна и нетранспарентна. 
Партијата ќе продолжи да се залага за професионализација, отчетност и правична компензација на сите кои непосредно учествуваат во изборните процеси во државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 22 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања