Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДИК

FotoJet-41

Ревизорите открија пропусти во јавните набавки и финансиското планирање на изборите

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите во работењето на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година.При ревизијата било констатирано дека пописот на средствата и обврските не е извршен согласно законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се вршело според законски утврдените пропорции.ДЗР утврдил и ненавремено и некомплетно доставување на документацијата за трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи, набавка на стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, како и недоследна примена на одредбите од Законот за јавни набавки во одредени постапки.Извршената анализа на податоците од табелата покажува дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не е согласно членот 88 од Изборниот законик. Наместо 33,33% од средствата да бидат наменети за надомест на трошоците на учесниците во изборната кампања за платено политичко рекламирање, при планирањето биле одредени 50% од средствата, додека за останати изборни дејствија, наместо 66,67%, планирани се 50% од средствата. Во одобрените буџетски средства, средствата за платено политичко рекламирање учествуваат со 43%, а средствата за останати изборни дејствија со 57%.Оваа состојба резултира со прелевање на 129.453 илјади денари, наменети за останати изборни дејствија, кон исплата на трошоците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.Како системски слабости, ДЗР во извештајот ги наведува потребата од усогласување на законите кои го регулираат оданочувањето на изборните активности и преиспитувањето на начинот на распределба на средства за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.

Македонија | пред 6 дена

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа работен состанок со претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој беше потврдена подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на програмата „Поддршка на изборите во Северна Македонија“.„Од страна на директорката на Канцеларијата во Република Северна Македонија, Јоана Косма, беше истакнато дека соработката со ДИК преку проектот на Владата на Швајцарија, „Програма за поддршка на изборите во Северна Македонија“, досега резултирала со конкретни и мерливи постигнувања, особено во делот на развојот на ИТ-решенија, јакнењето на институционалните капацитети, унапредувањето на изборните процеси и зголемена доверба на граѓаните во истите.Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, нагласи дека во текот на неговиот мандат приоритет ќе бидат зајакнувањето на кредибилитетот и видливоста на Комисијата, како и нејзината отвореност кон граѓаните. Во таа насока, тој рече дека новиот состав на Комисијата ќе продолжи со реформските процеси со јасно дефиниран фокус на клучните стратешки приоритети, меѓу кои потенцирана беше потребата од ставање во функција на Центарот за континуирана обука на ДИК. Маричиќ укажа дека Центарот за обуки веќе има воспоставена законска основа и дека во следниот период, во соработка со ИФЕС, ќе се вложат напори за негово целосно оперативно функционирање, вклучително и обезбедување соодветен кадар.Во рамки на дискусијата, потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, се осврна на значењето на човечките ресурси и континуираната едукација како клучен елемент за одржливост на реформите. На состанокот членовите на Комисијата, кои и во претходниот состав учествувале во работата на ДИК,  ги посочи ја досегашните искуства од соработката со ИФЕС, нагласувајќи ја важноста од надградување на постигнатите резултати и обезбедување континуитет во реформските процеси.На состанокот беше заеднички констатирано дека партнерството меѓу ДИК и ИФЕС останува стратешко и во наредниот период, со цел унапредување на изборните процеси и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот систем“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Професорката Мирјана Најчевска со иронија реагираше на изборот на Бојан Маричиќ за нов претседател на Државната изборна комисија.„Ми падна камен од срце. На момент се исплашив дека решиле да стават независен, човек со интегритет и морал на ова место. Која трагедија би било тоа. Ќе се пореметеше цел систем“, напиша Најчевска.Со оваа изјава, таа упати остра и саркастична критика кон начинот на кој се вршат изборите на клучни институционални позиции, алудирајќи дека поставувањето независна и интегритетна личност би било исклучок, а не правило во постојниот систем.

Коментари | пред 2 месеци

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државна изборна комисија. Од вкупно 92 присутни пратеници, 83 гласаа „за“ поранешниот министер за правда, кој беше и вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК.За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, Ангелче Ристов и Дитмире Шеху.За овие позиции беа пријавени вкупно 16 кандидати, меѓу кои најголем дел правници, но и кандидат со образование од областа на електротехниката, како и дефектолог.Од граѓански активизам до клучни државни функции, ваква е во кратки црти политичката траекторија на Маричиќ. Тој станува политички поекспониран во 2016 година, како претседател на невладината организација Меѓународен центар за европско образование и активен поддржувач на „Шарената револуција“, период во кој често учествуваше во јавни дебати за евроатлантскиот курс на државата.Во 2017 година е назначен за посебен советник за евроатлански интеграции на тогашниот премиер Зоран Заев, а подоцна активно учествува и во процесите поврзани со постигнувањето на Преспанскиот договор. По неговото изгласување во Собранието, Маричиќ беше именуван за главен технички преговарач со Европската Унија и шеф на техничкиот преговарачки тим во рамки на скрининг-процесот.Маричиќ е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со дополнителни студии во Лондон и Амстердам. По враќањето во земјава, кратко време работел како асистент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а има и професионално искуство на проекти за француското Министерство за внатрешни работи, како и во невладиниот сектор.Во јавноста беше актуелен и по сметките за гоштевање на државна сметка.

Македонија | пред 2 месеци

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен.Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба. Со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес.Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес.Левица бара итна и целосна исплата на сите средства што ДИК им ги должи на лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори, јавно објавување на податоците за реализираните и нереализираните исплати во секоја општина, како и ревидирање на сегашната пракса на исплата преку локалната самоуправа, која се покажува како исклучително неефикасна и нетранспарентна. Партијата ќе продолжи да се залага за професионализација, отчетност и правична компензација на сите кои непосредно учествуваат во изборните процеси во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

maricic-2

Маричиќ се враќа во игра како предлог за претседател на ДИК

Венко Филипче, пресече во последен момент и како предлози за ДИК ги нуди Бојан Маричиќ и Борис Кондарко. Маричиќ, повторно го враќаат во игра и тоа како претседател на ДИК, а досегашниот претседател Кондарко ќе биде само член во ДИК.Иако имаше повеќе конкуренти за позициите во ДИК, сепак последниот збор го имал лидерот Филипче.Од игра испаднаа поранешната заменичк за правда и претседател на Изборната комисија на СДСМ која го прогласи Филипче за нов лидер, Викторија Аврамовска Мадиќ. Таа е државен советник во судскиот совет. Шанси и се даваа и на Марија Митановска од Министерството за правда.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Следете ги резултатите од вториот круг на локалните избори, во живо:

Македонија | пред 4 месеци

media-library4etfp2h0gbtmaAVvCL9

(Видео) Излезноста на вториот круг од локалните избори 45,71% – во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71% излезност на ниво на цела држава.Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран (по 72%), како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска е во Куманово (33%) и Шуто Оризари (30%).По општини, излезноста е следна:Аеродром 42%, Боговиње 59%, Дебар 41%, Дебарца 60%, Демир Капија 72%, Дојран 72%, Долнени 65%, Зрновци 54%, Карпош 48%, Кичево 51%, Конче 70%, Кочани 40%, Крушево 68%, Куманово 33%, Македонски Брод 54%, Шуто Оризари 30%.Во Град Скопје, каде се гласа во десет општини, од вкупно 474.304 запишани гласачи, на гласање излегле 160.131 лице, што претставува 33,82% излезност.Кондрако оцени дека гласањето во најголем дел поминало мирно и без значајни инциденти, а резултатите од вториот круг се очекува да бидат објавени по завршувањето на пребројувањето на гласовите.

Настани | пред 4 месеци

media-librarykfk3bu572lbc3CtKnfS

Излезност до 17 часот: Гласале 39,28% од избирачите, најмала излезност има во Куманово и Шутка

Државната изборна комисија соопшти дека до 17:00 часот на вториот круг од локалните избори своето право на глас го искористиле 39,28% од запишаните гласачи, односно вкупно 279.241 граѓанин.Според податоците по општини, излезноста варира значително:Аеродром – 36%, Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Кичево – 48%, Конче – 64%, Кочани – 34%, Крушево – 61%, Куманово – 27%, Лозово – 62%, Македонска Каменица – 45%, Македонски Брод – 46%, Струга – 35%, Тетово – 39%, Центар – 39%, Чучер Сандево – 51%, Шуто Оризари – 25%.Најголема излезност е забележана во Конче, Дојран и Росоман, каде што процентот на гласачи е над просекот, додека најслаба излезност има во Куманово и Шуто Оризари.Гласањето продолжува до 19:00 часот, а ДИК ќе ги објави конечните податоци за излезност и првичните резултати откако ќе заврши гласањето.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги објави имињата на осум домашни набљудувачи на кои им се одземаат акредитациите поради прекршување на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.Според претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, станува збор за лица кои во Општина Шуто Оризари биле затекнати во агитација во училиште, во непосредна близина на гласачките места. Меѓу нив се и кандидати во изборниот процес, меѓу кои Елвис Бајрам – кандидат за градоначалник во првиот круг, како и кандидатите за советници Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали.Во списокот се и Валентина Бајрам, сестра на Елвис, како и Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.Кондарко истакна дека набљудувачите го пречекориле своето овластување и го прекршиле Кодексот со непристрасно однесување и агитирање. ДИК го известила Министерството за внатрешни работи за случајот, а Општинската изборна комисија во Шуто Оризари ќе биде задолжена да им забрани влез во објектите каде што се одвива гласањето.Покрај ова, ДИК денеска разгледуваше и два приговори поврзани со остварување на правото на глас. И во двата случаи – на Трајче Камчев од Центар и Ќемал Исмаилоски од Кичево – беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот.Претседателот Кондарко додаде дека досега не е забележано ниту едно избирачко место каде на гласачите им било оневозможено правото на глас.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК со податоци за излезноста до 15 часот

На прес конференцијата на Државната изборна комисија која заври пред малку беше соопштена излезноста од гласањето на граѓаните до 15 часот во вториот круг.Според ДИК, досега правото на глас го искористиле вкупно 208.571 попладнево, односно 30,26 отсто.За градоначалник на Скопје, процентот е нешто помал и изнесува 29,94 отсто, односно правото на глас го искористиле 104.182 гласачи.Најголема излезност има во Пробиштип со 49,04 отсто, а најмала во Сарај со 6 отсто и во Чаир со 8 отсто.Во Скопје најголема излезност има во општините Центар и  Карпош.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 18.05%

Излезноста на локалните избори во 13 часот е 18,05 посто на територија на целата држава.Најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.Излезноста во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел и околу 22 отсто во Центар и Карпош.Во останатите општини поголема е излезноста во јужните и источните општини, каде излезноста изнесува до 36 отсто.Во Кочани излезноста до 13 часот е нешто над 18 отсто, а послаба заинтересираност за гласање има и во Куманово, каде процентот е нешто над 13.Изкезноста во Крушево е 34 отсто, додека излезноста во Струга, Дебар, Боговиње, Тетово се движи од 13 до 18 отсто. Во Кичево до 13 часот излегле 28,25 отсто од гласачите.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК: Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти на државно ниво, а 2,46 во Скопје

ДИК ја соопшти излезноста до 9 часот.Одѕивот на гласачите во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 отсто, при што своето право на глас го оствариле 22.379 граѓани, реле претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.Во Град Скопје, одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Во првиот кург, излезноста до 9 часот беше 3 отсто.„Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред. Постапката тече непречено и досега немаме евидентирано никакви проблеми со изборниот материјал или со работата на избирачките одбори“, изјави Кондарко.Тој кажа дека единствено на избирачкото место 0385 во Дојран имало краток застој поради технички проблем со смарт картичка на уредот за биометриска идентификација, но проблемот е надминат и гласањето продолжило без прекин.Кондарко најави дека во текот на денот, тимови на ДИК ќе вршат ненајавени посети на одредени избирачки места и општински изборни комисии со цел да го надгледуваат текот на изборниот процес. По 19 часот, тимовите ќе го следат и процесот на броење на гласовите за да се обезбеди поголема транспарентност. ДИК останува на препораката целиот состав на избирачкиот одбор да биде присутен за време на броењето.Од Комисијата информираат дека се во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес при Јавното обвинителство, со цел превентивно да се реагира доколку се појави потреба.Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани, од кои 474.304 се во Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и лицата во затвори и домови помина без проблеми

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или во притвор, како и на лицата сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори и во Градот Скопје.Од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи.Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа, своето избирачко право го оствариле 125 гласачи.„Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности“, соопшти ДИК.Од Комисијата прецизираат дека резултатите од денешното гласање нема да се објавуваат посебно, туку сите гласачки ливчиња се ставени во затворени пликови и во гласачките кутии.Броењето на овие гласови, како и објавувањето на резултатите, ќе се изврши заедно со резултатите од редовното гласање утре по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот, за секое избирачко место и општина каде што се гласа.

Свет | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Почна диструбицијата на гласачките ливчиња

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела. Утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013 .357 избирачки ливчиња.Според резултатите од ДИК се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.Во сабота, според законот гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно прегласувањето теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.Во четирите општини за избор на градоначалник не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност на гласачите, а тоа се Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, изборната постапка се повторува со распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

ДИК ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во недела ќе се спроведе втор круг во 33 општини.-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Македонија | пред 5 месеци

media-library037322h8vt3r5RDEYYM

(Видео) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка.Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ.Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Во 33 општини следува втор круг, во четири ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од локалните избори одржани на 19 октомври. Според податоците, во 43 општини изборот на градоначалник е завршен во првиот круг, додека во 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември. Во уште четири општини гласањето ќе се повтори поради недоволен цензус.Излезноста на изборите изнесува 46,63 проценти, односно своето право на глас го оствариле 854.620 граѓани.Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно оригиналните записници од сите општински изборни комисии, втор круг ќе има во 33 општини.„Во вториот изборен круг за победник се смета кандидатот кој ќе освои повеќе гласови – без изборен цензус“, изјави Кондарко.Најголемо внимание привлекува изборот во Град Скопје, каде во вториот круг ќе се натпреваруваат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена поради недостигање на потребниот цензус од една третина од избирачите.ДИК ги објави и освоените советнички мандати по општини, со што официјално се заокружени првичните резултати од локалните избори за градоначалници и советници, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.Рокот за поднесување приговори за сумираните резултати започна синоќа во 22 часот и ќе трае 48 часа, односно до 22 октомври во 22 часот, додека рокот за приговори за текот на гласањето истекува денеска во 19 часот.Кондарко нагласи дека приговорите се поднесуваат исклучиво лично во ДИК, а не преку пошта или електронски пат.ДИК вечерва ги отфрли како неосновани приговорите поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска (за градоначалник на Центар) и од Група избирачи Јане Димески (за советничка листа во истата општина).Со ова, како што истакна претседателот на Комисијата, се заокружува 147. седница на ДИК, бидејќи нема нови приговори за заштита на избирачкото право.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК

Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила.„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Случајот стана јавен вчера, откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече тој.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-glasanje-11-92584

Измешани броеви: Грешка на гласачките ливчиња го стопираше гласањето на болните во Ново Село

Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња.Според информациите, на овие локални избори во општината се пријавени околу 400 лица кои доставиле медицинска документација со која потврдиле дека не можат да излезат на избирачките места утре, па своето избирачко право требаше да го остварат денеска.Меѓутоа, избирачките одбори утрово не заминале на терен, откако било утврдено дека на гласачките ливчиња постои несогласување во редните броеви кај двајца носители на советнички листи.За инцидентот веднаш била информирана Државната изборна комисија (ДИК), од каде потврдија дека гласачкиот материјал е повлечен и се печати нов, за да може процесот да продолжи без дополнителни проблеми.„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат,“ соопштија од ДИК.Во струмичкиот регион вкупно се пријавени 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Ново Село, денеска гласањето се одвива и во Струмица (514 лица), Босилово (232 лица) и Василево (162 лица), каде што, според информациите, гласачкиот процес се одвива без забележани проблеми.Според ДИК, гласањето на овие категории граѓани ќе биде спроведено во текот на денот, откако новиот исправен материјал ќе биде доставен до избирачките одбори.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Жрепката на ДИК ги одреди броевите на партиските кандидати за градоначалници: СДСМ е под бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ го има бројот 9

Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:Искуство за успехЗНАМДемократска партија на СрбитеНационална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИКоалиција за локални избори 2025 – СДСМЛевицаКоалиција ВленКоалиција за Зелена иднинаКоалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕНа дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите.Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2 ноември.

Македонија | пред 6 месеци

FotoJet-41

ДИК денеска извлекува редослед на листите за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија денеска напладне ќе ја одржи жрепката со која ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Истовремено, на седницата закажана за 13 часот ќе се спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за изборната кампања.Според изборниот календар, кампањата започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Во изборната трка ќе се вклучат речиси сите поголеми партии, коалиции и независни кандидати. До вчера во ДИК беа потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, како и 558 листи за членови на советите на општините и советот на главниот град.Од страна на општинските изборни комисии е пријавено дека за Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје дел од листите се уште се во постапка на отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.ДИК со жрепката за билборди и паноа ќе ја утврди и распределбата на рекламниот простор. Максималниот број што може да го користат учесниците во кампањата е ограничен на 50 отсто од вкупниот број паноа и билборди на територијата на секоја општина или на Град Скопје, односно кај правните лица што стопанисуваат со тој простор.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqkmmtv2172946cZk58L

Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.По комплетирањето на процесот ќе следи ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Локалните избори ќе бидат поскапи

Тековниот изборен циклус веројатно ќе чини повеќе од претходните, но институциите имаат должност да овозможат учество на сите кандидати и политички субјекти, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за Радио Слободна Европа.Тој појасни дека конечната слика ќе биде позната по 13 септември, кога завршува рокот за поднесување кандидатски листи, но ДИК веќе се подготвува за прилагодување на формата и содржината на гласачкото ливче.„Можно е процесот да стане поскап, но ние сме должни да го спроведеме и да обезбедиме еднакви услови за сите,“ нагласи Кондарко.Претседателот на Комисијата посочи дека ДИК има овластувања да носи одлуки и упатства со цел непречено спроведување на изборните дејствија, особено во случај на голем број пријавени листи. Постапката за поднесување кандидатури на независни кандидати и групи избирачи, според него, е усогласена со законските одредби и правилно уредена преку правилник и упатство.Кондарко потсети дека дилемите околу потписите за независни листи се јавиле уште во мај, по одлуката на Уставниот суд, и нагласи дека ДИК не смее да го оневозможи учеството на избирачките групи. „Прашањето е веќе затворено, но учесниците ќе треба да исполнат и други законски услови,“ рече тој.Паралелно, Кондарко оцени дека е неопходен целосно нов Изборен законик, со појасни процедури и јасни правила, вклучувајќи финансирање на партиите, регулација на кампањите и улога на медиумите.До истекот на рокот за поднесување листи, ДИК ќе продолжи со усогласување на техничките аспекти – изглед на гласачкото ливче, распоред на кандидатите и логистика на гласањето – со цел да се обезбеди фер и непречено спроведување на изборите, дури и по цена на повисоки трошоци.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања