Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила.

„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

— реклама —

Случајот стана јавен вчера, откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.

„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.

— реклама —

Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.

„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Ревизорите открија пропусти во јавните набавки и финансиското планирање на изборите

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 2 месеци

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 2 месеци

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања