Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во 33 општини следува втор круг, во четири ќе се повтори гласањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од локалните избори одржани на 19 октомври. Според податоците, во 43 општини изборот на градоначалник е завршен во првиот круг, додека во 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември. Во уште четири општини гласањето ќе се повтори поради недоволен цензус.

— реклама —

Излезноста на изборите изнесува 46,63 проценти, односно своето право на глас го оствариле 854.620 граѓани.

— реклама —

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно оригиналните записници од сите општински изборни комисии, втор круг ќе има во 33 општини.

— реклама —

„Во вториот изборен круг за победник се смета кандидатот кој ќе освои повеќе гласови – без изборен цензус“, изјави Кондарко.

Најголемо внимание привлекува изборот во Град Скопје, каде во вториот круг ќе се натпреваруваат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена поради недостигање на потребниот цензус од една третина од избирачите.

ДИК ги објави и освоените советнички мандати по општини, со што официјално се заокружени првичните резултати од локалните избори за градоначалници и советници, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.

Рокот за поднесување приговори за сумираните резултати започна синоќа во 22 часот и ќе трае 48 часа, односно до 22 октомври во 22 часот, додека рокот за приговори за текот на гласањето истекува денеска во 19 часот.

Кондарко нагласи дека приговорите се поднесуваат исклучиво лично во ДИК, а не преку пошта или електронски пат.

ДИК вечерва ги отфрли како неосновани приговорите поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска (за градоначалник на Центар) и од Група избирачи Јане Димески (за советничка листа во истата општина).

Со ова, како што истакна претседателот на Комисијата, се заокружува 147. седница на ДИК, бидејќи нема нови приговори за заштита на избирачкото право.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Ревизорите открија пропусти во јавните набавки и финансиското планирање на изборите

Македонија | пред 6 дена

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 1 месец

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 2 месеци

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања