На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување. Ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани, велат од опозициската партија Левица.
„Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да одлучуваат кои кандидати ќе бидат вработени и наместо тоа со новата законска обврска ќе бидат избрани најдобрите кандидати.
Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови, а со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока“, додаваат од партијата.
Левица: Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 месец -
Македонија
Поврзани содржини
Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови
Македонија | пред 15 часа
Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат
Македонија | пред 4 дена
На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден
Македонија | пред 6 дена
Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?
Македонија | пред 1 седмица