По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во заташкување на чувствителни предмети и амнестирање на функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект:
Членката на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако согласно Закон е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со сиот свој имот, но и со имотот на нејзиното семејство - самата свесно го прекршила Законот, велат од политичката партија Левица.
„Согласно закон, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК - институција која изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување на имот!
Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување на податоци кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња!
Оттука, логично се наметнува прашањето:
Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или „заглави“ во некоја фиока?
Станува збор за членка на тело кое во изминатиот период систематски ги амнестираше од одговорност функционерите на ДПМНЕ - од сомнителни дипломи, преку судир на интереси, до милионски тендери... и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес истата таа членка се соочува со факт дека самата го прекршила Законот.
Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциска комисија во која член што затвора предмети за власта, во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.
Левица јавно прашува:
Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипци, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги започне од сопствениот двор?
Утре Левица ќе обзнани и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми“, се вели во соопштението.
Антикорупционерката Ристовска крие имот - Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор, прашува Левица
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 2 месеци -
Македонија
Поврзани содржини
Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови
Македонија | пред 14 часа
Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат
Македонија | пред 4 дена
На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден
Македонија | пред 6 дена
Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?
Македонија | пред 1 седмица