Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата.

Согласно Мислењето донесено на 2 февруари 2026 година, Комисијата констатирала дека Прекршочната комисија при ДКСК извршила директна дискриминација врз Апасиев по основ на политичка припадност и општествен статус. Постапката била покрената по претставка поднесена од Апасиев во август 2025 година, во која се наведувало дека му било повредено правото на еднаква постапка во врска со решение со кое бил прогласен за одговорен за прекршок и му била изречена глоба.

— реклама —

Во документот се наведува дека дискриминацијата произлегува од неуредна и невоедначена достава, како и од ускратување на уставно загарантираното право на правен лек. Комисијата утврдила дека во конкретниот случај имало различен третман во однос на постапувањето и комуникацијата со подносителот.

По објавувањето на одлуката, Апасиев јавно реагираше, најавувајќи дополнителна судска постапка за надомест на штета. Тој посочи дека ќе бара одговорност и за објавувањето на решението на веб-страницата на ДКСК, оценувајќи дека институцијата постапила спротивно на законските одредби.

— реклама —

Од Државната комисија за спречување на корупцијата засега нема официјална реакција по однос на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања