Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarydsfa2i0l0hm45ZOHafn


Помина повеќе од еден месец откако Левица достави конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери, велат од партијата.

„И покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој случај, до денес нема излезено со никаква информација, а не пак со конкретен исход од пријавата.

Во контекст на најновите сознанија коишто Левица ги обзнанува, за внатрешни мрежи и „филтри“ во Антикорупциската комисија, сосема легитимно се поставува прашањето - дали доказите што ги достави Левица завршија во нечија фиока, дали „случајно“ се изгубени во архивата, или едноставно предметот се држи во мирување додека октоподската мрежа на ДПМНЕ ги штити своите функционери?

Фактот што и по изминат период нема никаква реакција од ДКСК, ниту објаснување до каде е постапката, само ја зацврстува сликата за институција која наместо да биде коректив на власта, функционира како нејзин штит. Кога станува збор за луѓе блиски до Мицкоски и до врвот на ДПМНЕ, предметите или се затвораат паушално, или се влечат со месеци, сè додека јавноста не биде заморена и темата не се заборави.

Ќе продолжиме јавно да инсистираме на одговори: што презеде Антикорупциската комисија по доставените докази за сериозна корупција, до каде е предметот за „Сити Аутсорсинг“ и Томовски, и зошто владее молк кога станува збор за милионски тендери и блиски соработници на премиерот“, се вели во соопштението на Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања