Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: „Уставниот суд станува антиработнички инструмент на власта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Политичките реакции околу Колективниот договор за култура продолжуваат, откако партијата Левица излезе со остра осуда и отворена поддршка за најавениот протест на културните работници.

Од Левица тврдат дека постапката пред Уставен суд на Република Северна Македонија е обид за укинување на Колективниот договор, зад кој, според нив, стои власта.

— реклама —

„Уставниот суд презеде улога на антиработнички инструмент на власта и има намера да го укине Колективниот договор“, наведуваат од партијата, оценувајќи дека се работи за „нарачана политичка одлука“.

Тие посочуваат дека договорот опфаќа над 2.300 вработени во културата и дека е резултат на долгогодишна борба за работнички права, па секој обид за негово укинување го оценуваат како директен удар врз работниците.

— реклама —

Левица најави дека ќе го поддржи протестот закажан за 16 април пред Министерството за култура, каде вработените ќе го изразат револтот поради, како што велат, непочитување на колективните договори.

Во соопштението се додава дека евентуално укинување на договорот би создало опасен преседан и би отворило можност за укинување на колективните договори и во други сектори.

„Намерата за укинување на Колективниот договор е обид за одземање на веќе стекнатите права на работниците“, порачуваат од Левица, повикувајќи на целосно почитување на работничките права и запирање на постапката пред Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања