Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library9qvfpdft75ue3cfwNnr

Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, на седницата образложи дека постојното законско решение остава „широк простор“ Владата самостојно да одлучува за учество во воени операции, без директна поврзаност со одбраната на државата.

— реклама —

„Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Исмаил.

Тој посочи дека членството во НАТО подразбира отстапување на дел од суверенитетот, особено во делот на одбраната, и отвора можност за директно или индиректно вклучување во конфликти.

— реклама —

Според него, досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен мандат или со, како што рече, злоупотребен мандат, што резултирале со нестабилност.

Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.

Со предложените измени, Левица бараше секое учество на армијата во странство да биде строго врзано за меѓународно право и националниот интерес, но предлогот не беше изгласан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања