Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да работат поради прекин на струја?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryqhvrki7lj18s8oHXBM6

Левица тврди дека во петокот ноќта на ГАК снемало струја повеќе од половина час, при што престанале да работат и инкубаторите за предвреме родени бебиња, а не се вклучиле ни агрегатите, па животите биле доведени во опасност. Од партијата обвинуваат за неодговорност и нефункционален резервен систем во клиника од терциерно ниво, бараат оставки ако наводите се точни и итен одговор од директорката Ирена Алексиовска Папестиев.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

До Левица стигна дојава дека во петокот ноќта, на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство (ГАК) снемало електрична енергија при што и инкубаторите, кои ги обезбедуваат фундаменталните услови за преживување на предвреме родените бебиња, престанале да работат. Како што нѐ информираа, струја немало повеќе од половина час, а не проработеле ни агрегатите, па животите на овие бебиња биле доведени во опасност. Инкубаторите зависат од електрична енергија за да обезбедат одржување на телесната температура на предвреме родените бебиња, за дишење, за мониторинг на виталните функции итн, велат од Левица.

„Пет дена изминаа, а министерството за здравство и раководните лица на ГАК молчат и не превземаат никаква одговорност за општиот хаос што се случил според нашите информации. Во држава во која приватни објекти и ресторани имаат обезбедено генератори, недозволиво е установа од терциерната здравствена заштита, а при тоа и универзитетски клинички центар да нема функционален и сигурен резервен систем.

— реклама —

Додека во светот медицината напредува кон минимално инванзивни процедури, роботика и високотехнолошки решенија, во Македонија се молиме да не случајно снема струја на неколку часа, бидејќи немаме функционални генератори и животите на новороденчоњата кои се во инкубатори се оставени на милост и немилост.

Ова е апсолутен показател на некомпетентност, незаинтересираност и неодговорност. Ако за трагедии како Кочани или модуларната болница во Тетово не можевте да предвидите и се бараат секакви изговори, за овој случај нема изговори зашто ова е целосно предвидливо и вообичаена опрема во болница.

— реклама —

Доколку нашите информации се точни - ова е пропуст од огромни размери и најмалку што бара се оставки од морални причини, или ќе чекаме да дојде до смртни последици, па повторно да се изземаат сите од одговорност?!

Темелот на здравствениот систем е довербата. Прашање е кому ги доверуваме нашите животи?

Бараме директорката Ирена Алексиовска Папестиев итно да одговори за овие сериозни сомнежи“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања