Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
market-pari

Од Левица велат дека најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден се задоцнета реакција, бидејќи граѓаните веќе тешко ги покриваат основните трошоци, а над 30% живеат под прагот на сиромаштија. Посочуваат и рекордно задолжување кај брзи кредити како знак на принудно преживување. Тие ја обвинуваат владата за пасивност и оставен пазар без контрола, предупредуваат на можни нови ценовни и енергетски шокови и бараат мерки: лимит на маржи, замрзнати/контролирани цени, намален/укинат ДДВ за основна храна, строги инспекции и поддршка за домашно производство.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза. Реалноста е јасна - народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард, велат од Левица.

„Дополнително, алармантен е фактот што повеќе од 30% од населението живее под прагот на сиромаштијата. Ова значи дека речиси секој трет граѓанин се соочува со сериозни потешкотии да обезбеди основни услови за живот. Во исто време, државата бележи рекордно задолжување кај бироата за брзи кредити, што е јасен показател дека граѓаните се принудени да позајмуваат пари со високи камати за да преживеат, за храна, сметки и најосновни потреби.

Во вакви услови, улогата на владата треба да биде јасна и одлучна, да делува како регулатор и заштитник на граѓаните. Наместо тоа, сведочиме на пасивност и целосно отсуство на навремена реакција. Пазарот е оставен без контрола, што овозможува неконтролирано зголемување на цените и профитите, додека граѓаните осиромашуваат.

Состојбата е до тој степен алармантна што голем дел од граѓаните немаат средства ни за преживување, а камоли да издржат нови ценовни шокови. Дополнително загрижува што вистинската криза сè уште не е ни пристигната, најавената енергетска криза може да предизвика сериозен удар врз економијата, зголемување на трошоците за производство и живот, па дури и да доведе до економски колапс доколку не се преземат навремени и сериозни мерки.

Решенијата се познати и одамна предложени: ограничување на профитните маржи за основни производи, воведување контролирани или замрзнати цени за клучни прехранбени производи, намалување или укинување на ДДВ за основна храна, засилени инспекциски контроли со строги санкции за злоупотреби, како и системска поддршка за домашното производство со цел да се намали зависноста од увоз и да се стабилизира пазарот.

Денес веќе не станува збор за превенција, туку за последици од лошо управување. Наместо системска заштита на граѓаните, гледаме задоцнети и недоволни мерки. А цената на тоа ја плаќа народот, кој е доведен до раб на економско преживување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања