Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: При неспособност да го испорача ветеното - Ѓорѓиевски почна да ги обвинува и работниците во ЈСП бидејќи ги барале своите права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK
Скопје1.мк

Левица го обвинува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за ароганција и за префрлање вина врз вработените во ЈСП, откако тој тврдел дека нивните тужби го „блокираат“ претпријатието. Според партијата, тоа е обид да се стигматизира легитимната борба за работнички права. Тие велат дека ДПМНЕ четири години го блокирало Советот, што придонело Скопје да нема нови автобуси и јавниот превоз да е деградиран. Посочуваат и сомнежи за штетни договори во ЈСП, барајќи транспарентност и одговорност, а не напади врз работниците.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието. Со тоа, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба во ЈСП врз оние што се најмалку одговорни за неа, велат од политичката партија Левица.

„Ваквиот пристап претставува опасен обид да се криминализира легитимното барање на работнички права и да се наметне наратив во кој жртвата се претставува како виновник.

Наместо јавно извинување за состојбата во која се доведени вработените, градоначалникот избра јавно да ги прозива и да ги изложува на нетрпеливост, создавајќи атмосфера на притисок и стигматизација. 
Дали според Ѓорѓиевски работниците треба да молчат, трпат и да се откажат од своите права за да не ѝ пречат на неспособноста на раководството? 
Овој однос јасно ја разоткрива перцепцијата на функционерите од ДПМНЕ - дека работниците не се носители на права, туку пречка што треба да се замолчи кога бара правда.

Дополнително, оваа реторика претставува очигледен дефокус од клучниот неуспех - четири години блокирање на Советот од страна на ДПМНЕ, што директно придонесе за тоа Скопје и денес да нема нови автобуси и да функционира со деградиран јавен превоз. Наместо одговори за ветените инвестиции, за нефункционалниот систем и за секојдневниот колапс, јавноста добива обиди за префрлање вина кон опозицијата, а сега и кон самите работници.

Особено интересен е фактот што ваквите напади доаѓаат во момент кога се отвораат прашања за скандалозни и штетни договори во ЈСП, вклучително и оној на Игор Јанушев со „Маратон“ и приватни агенции за привремени вработувања, кои генерираат милионски загуби за претпријатието.
Наместо транспарентност и одговорност за овие практики, сведочиме на агресивна комуникација и обид за замолчување на секој што укажува на проблемите.

Работниците во ЈСП не се непријатели, ниту виновници, тие се луѓе што го одржуваат системот во живот и кои, со право, бараат заштита на своите права. Нападите врз нив не се само политички некоректни, туку и морално недозволиви. 

Обидите за префрлање вина нема да поминат. Одговорноста за состојбата во ЈСП е кај оние што управуваат, а не кај оние што ја плаќаат цената на тоа управување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања