Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алиу: Македонија меѓу најдобрите земји во светот, неонаталната смртност намалена за 87%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
655-402-bebe

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека според глобалниот извештај на ОН за 2025, Македонија е меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смртноста кај деца под 5 години. Неонаталната смртност е намалена за 87% (од 8,1 на 1,1 на 1000 живородени), а смртноста под 5 години за 75% (од 11,1 на 2,8). Успехот се припишува на координација со УНИЦЕФ, СЗО и УНФПА и мерки како итна акушерска нега, протоколи, реанимација, превенција на инфекции и перинатален мастер-план 2020-2030.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес конференција информираше за резултатите од извештајот на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценката на смртност кај децата. Според извештајот Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност.

— реклама —

„Овој глобален извештај за 2025 година кој беше објавен вчера покажува дека Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност при децата под 5 години. Нашата држава е прикажана како успешен пример за намалување на неонаталната и смртноста на децата под 5 години, на глобално ниво, како резултат на заедничките активности и координацијата на Комитетот за безбедно мајчинство при Министерството за здравство и партнерите Фондот за деца при Обединетите нации, Светската здравствена организација, Фондот за население на Обединетите нации и партнерите. Глобалниот извештај за 2025 година покажува дека стапката на смртност кај новороденчињата за неполна деценија е намалена за 87%, од 8,1 на 1,1 смртни случаи на 1000 живородени деца, а стапката на смртност кај деца под 5 години е намалена за 75%, од 11,1 на 2,8 на 1000 живородени деца“, изјави Алиу.

— реклама —

Тој додаде дека овие резултати се показател дека Министерството за здравство е на добар пат во унапредувањето на здравствената политика и заштита на мајките и децата, и со тоа и намалување на стапката на неонатална смрт во земјата.

— реклама —

„Изминатиот период имплементирани се повеќе мерки за зајакнување на итна акушерска нега и нега на новороденчиња, ажурирање на клиничките протоколи во земјата, подобрување на практиките за реанимација на новороденчињата и превенција на инфекции, како и зајакнување на подготвеноста за транспорт. Воедно, беше имплементиран и мастер-планот за перинатална нега 2020-2030 за операционализација на стратифицирана перинатална мрежа според ризик и овозможување континуирано унапредување на квалитетот на сите нивоа на здравствената заштита во земјата“, додаде Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Македонија | пред 3 дена

operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Македонија | пред 3 дена

media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library1u3ki3hab4lc2LrThRc

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања