Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Министерот за здравство Азир Алиу одржа средба со Националната алијанса за ретки болести (над 15 здруженија) за навремена и континуирана терапија, подобра институционална комуникација и зајакната соработка. Алиу најави одржлив, предвидлив систем за набавка со тригодишни јавни набавки. Како пример, за лекот OXLUMO цената е намалена за 96.248 денари, а се очекува заштеда од околу 68.600 евра. Министерството ќе продолжи со редовна комуникација и заеднички решенија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

 Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти.

 На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и пациентските организации.

— реклама —

 Министерот Алиу нагласи дека Министерството за здравство останува целосно посветено на обезбедување одржлив и предвидлив систем за набавка на терапија за пациентите со ретки болести, при што новиот модел со тригодишни постапки за јавна набавка има за цел да обезбеди поголема стабилност, навременост и подобро планирање во интерес на пациентите.

Во таа насока, на средбата од страна на министерот Алиу  низ конкретен пример беше истакнат новиот  рационален пристап во управувањето со средствата за набавка на лекови за ретки болести.

— реклама —

 „За лекот за ретки болести OXLUMO (lumasiran), кој се користи за пациентите на Клиниката за детски болести, со спроведеното годишно усогласување на цени е постигнато намалување на цената за 96.248 денари, а по спроведување на јавната набавка од Министерството за здравство, со веќе воведениот модел за набавка на лековите за ретки болести со тригодишни постапки, се очекува да се постигне заштеда кај овој лек од околу 68.600 евра“, ги информираше министерот Алиу претставниците на Националната алијанса за ретки болести.

 Министерството за здравство и во наредниот период ќе продолжи со редовна комуникација со Националната алијанса, со цел навремено адресирање на сите прашања и заедничко креирање решенија во најдобар интерес на пациентите.

 Министерството за здравство останува отворен партнер на пациентските организации и посветено на политики што значат навремена терапија, одговорно управување со средствата и унапредување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Македонија | пред 3 седмици

media-library1u3ki3hab4lc2LrThRc

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Македонија | пред 1 месец

655-402-bebe

Алиу: Македонија меѓу најдобрите земји во светот, неонаталната смртност намалена за 87%

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања