Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Фали терапија“ пред Министерство: Пациентите со ретки болести бараат континуитет, од институцијата велат нема недостинг на лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryc732or5a7ngu5dmjMJV

Со транспарент „фали терапија“, Весна Алексовска, претседателка на здружението „Живот со предизвици“, денеска застана пред Министерството за здравство, испраќајќи порака дека пациентите со ретки болести се соочуваат со сериозни проблеми во обезбедувањето на неопходната терапија.

„Како што ветивме, за секој пациент кој ќе остане без терапија ќе сме тука. Континуитетот на терапија значи живот. Дајте ни достоинствен живот – не со ветувања, туку со системски решенија“, порача Алексовска.

— реклама —

Таа нагласи дека институциите често се повикуваат на тоа дека терапијата е нарачана, но според неа, тоа не значи дека лековите навистина се достапни за пациентите.

„Да се разбереме – нарачано и стигнато не е исто. Секогаш се доцни и тоа мора да престане“, посочи таа, додавајќи дека проблемот не е нов и дека се повторува со години.

— реклама —

Дополнително, Алексовска реагираше и на демантот од Министерството, во кој се тврди дека нема недостиг од лекови.

„Рекоа дека ги има сите лекови. За нив тоа што е нарачано значи дека е во ред. Но пациентите живеат со последиците од доцнењето“, напиша таа.

Од Министерството за здравство, пак, со спротивен став. Оттаму велат дека до институцијата нема пријави за конкретен недостиг на лекови и дека терапијата се обезбедува континуирано за сите пациенти, вклучително и за лицата со ретки болести.

Во реакцијата наведуваат дека новиот Закон за лекови треба да овозможи побрзи процедури за одобрување и регистрација, како и подобар систем за следење на снабдувањето, со цел да се спречат вакви ситуации во иднина.

Сепак, јазот меѓу институционалните тврдења и сведоштвата на пациентите повторно ја отвора дилемата – дали системот функционира на хартија или во реалноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања