Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алиу: Планираме спојување и на други клиники, по примерот на кардиологија и кардиохирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryu2iqdt7a2k7m9Yko8YU

Владата, по предлог на Министерството за здравство, одлучи Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија да се спојат во една установа, со цел поголема интегрираност, координација и ефикасност во третманот на кардиоваскуларни пациенти. Министерот Азир Алиу истакна дека постапката ќе биде долга и внимателна, а целта е подобрување, не влошување на услугите. Спојувањето ќе служи како пилот-проект, по што процесот може да продолжи и за други клиники; привремено ќе раководи администратор-економист.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука е донесена за да се обезбеди повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

— реклама —

Административните процедури и целата постапка на спојувањето на клиниките е долга и исто така треба да бидеме претпазливи, бидејќи идејата на спојување не е за влошување на здравствените услуги, туку за подобрување на здравствените услуги. Бидејќи овие две клиники се и физички во една зграда и процедурите сегде во светот се влегуваш и излегуваш, а не мора да шеташ од една во друга клиника, за пациенти коишто имаат ваков тип на здравствени проблеми. Затоа почнавме од овие две клиники, но нема да завршиме тука. Да видиме прво кои ќе бидат предизвиците на спојувањето на двете клиники и ова ни е според нас најлесно спојување на двете клиники, затоа почнуваме од кај нив“, изјави на денешната прес-конференција министерот Азир Алиу.

— реклама —

Тој додаде дека за другите клиники најверојатно ќе имаат предизвици и од инфраструктурна гледна точка, но и од човечки капацитети.

— реклама —

Ова ќе ни биде, еве, како пилот проект да видиме кои ни се предизвиците за спојување на клиниките. Но текот на спојување ќе продолжи и понатаму. Моментално ќе раководи профил којшто раководел кога сите клиники биле споени, значи администратор-економист, за да може административниот дел да го менаџира во оваа фаза“, додаде Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 3 дена

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања