Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кардиологија и кардиохирургија под еден покрив – Владата формира единствен центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library74qlh6uir92e7hkc6bG

Владата на 24 февруари 2026 одлучи да ги спои Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, формирајќи единствен терциерен центар за кардиоваскуларна медицина. Целта е поголема интегрираност, координација и ефикасност преку рационално користење ресурси и континуитет од превенција и дијагностика до интервентен и хируршки третман. Се очекуваат заштеди од укинување дупликати, реинвестиции во опрема и кадар, повеќе интервенции и без административни пречки за пациентите. Новиот центар треба да ја зајакне едукацијата и научно-истражувачката работа, со подобри услови за обука и развој на научни програми.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата на последната седница одржана на 24 февруари 2026 година, на предлог на Министерство за здравство на Република Северна Македонија, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со што се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина.

Целта на одлуката е зголемена интегрираност, подобра координација и поголема ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси на двете установи.

— реклама —

Министерот за здравство Азир Алиу појасни дека со оваа одлука се обезбедува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес – од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман.

„Со укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура создаваме предуслови за заштеда на средства, кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, истакна Алиу.

— реклама —

Спојувањето треба да овозможи подобра искористеност на капацитетите и зголемен број интервенции преку интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на една институција, без административни пречки и без потреба од трансфери, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.

Дополнително, се очекува новиот обединет центар да придонесе за развој во областа на едукацијата и научно-истражувачката дејност, со создавање академски амбиент за обука на специјализанти и супспецијализанти, како и за развој на научни програми во кардиоваскуларната медицина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања