Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library2fbssvr09r9kdsEvq76
Скопје1.мк

Прекумерната телесна тежина претставува сериозна хронична болест поврзана со повеќе од 200 заболувања, а во Македонија зафаќа дури 30 до 35 проценти од населението, предупреди министерот Азир Алиу.

На стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност ОБЕМ, Алиу истакна дека станува збор за растечки здравствен проблем кој особено ги погодува децата и адолесцентите.

— реклама —

„Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик“, изјави Алиу.

Тој посочи дека во земјава веќе функционираат центри за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, а неделава е отворен и првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион, во охридската болница.

— реклама —

На симпозиумот била нагласена потребата од поголема јавна свест и превенција, како и од засилена соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.

Министерството, како што беше посочено, продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, со посебен акцент на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид тесната поврзаност меѓу дебелината и дијабетес тип 2.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања