Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дигитализација на здравствениот систем: Граѓаните ќе имаат пристап преку портал и мобилна апликација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8
фото: unsplash

Министерот за здравство Азир Алиу најави предлог-измени на Законот за евиденции во здравството за целосна дигитализација и модерно, безбедно и поврзано водење здравствени податоци. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР. Се воведува целосно електронско водење на документацијата (упати, рецепти, извештаи, регистри), со хартија само привремено при прекин. Клучна новина е електронско здравствено досие за секој пациент како централен извор на податоци; сите установи ќе мора да користат усогласен систем. Граѓаните ќе имаат пристап преку портал/апликација, со правила за малолетни и овластување. Се регулира телемедицина и mHealth со иста правна важност како преглед, и се дозволува анонимизирана секундарна употреба на податоци за јавен интерес, со забрана за дискриминација и штета.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес најави предлог-закон за изменување и дополнување на законот за евиденции од областа на здравството, кој има за цел целосна дигитализација на здравствениот систем и обезбедување на модерно, безбедно и поврзано водење на здравствените податоци, со што ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги за пациентите во државата.

Со оваа законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку националниот систем за електронски евиденции во здравството. Тоа значи дека медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации како привремено решение при прекин на системот.

Една од клучните новини е регулирање на електронското здравствено досие за секој пациент во државата, кој ќе претставува централен извор за сите здравствени податоци на пациентот, од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги. Со ова се овозможува подобра следливост на здравствената состојба на пациентот и поефикасна здравствена грижа за пациентите“, вели Алиу.

— реклама —

Алиу изјави дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат систем усогласен со националниот систем.

Со новите законски решенија, значително ќе се подобри и пристапот на граѓаните до сопственото здравство, здравствено досие, преку електронски портал или преку мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетните лица и со можност за овластување на друго лице за пристап.

Дополнително, за првпат се регулира интеграција на телемедицината и мобилното здравство, mHealth. Во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба и анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цел од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствените политики, при што строго ќе биде забрането секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединецот“, вели Алиу.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Граѓаните ќе можат да се изјаснат за донорство кај матичен лекар: Измени во законот за трансплантација

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylisdff076568ftOapKq

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

Македонија | пред 3 седмици

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања