Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз смртта на нашите деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library6gvg6mttmcefbs54Zru

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, порача дека родителите остануваат обединети и нема да дозволат некој да „пере совест“ врз смртта на нивните деца. Тој смета дека на обвинителна клупа се само дел од одговорните, додека други со поголема моќ и надлежности сè уште не се опфатени, но делото не застарува. Во однос на најавен колегиум за ревизија на обвинението, Наунов истакна дека не може да се избришат фактите и пропустите. Нагласи дека не бараат одмазда туку правда и системска одговорност, и дека борбата ќе продолжи до целосно утврдување вина.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз туѓа трагедија. Нема да дозволиме никој да гази врз смртта на нашите деца за да ја спаси сопствената позиција или углед.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, повторно се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека родителите остануваат обединети во борбата за целосна одговорност.

— реклама —

Тој посочи дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со случајот, но дека, според него, постојат и други со „многу поголема моќ, обврски и надлежности“ кои засега не се опфатени со обвинението. „Тоа што денес не се опфатени не значи дека се ослободени од одговорност. Законот е јасен – ова дело не застарува. Ќе има ден и ќе ги чекаме и нив на обвинителна клупа“, рече Наунов.

— реклама —

Осврнувајќи се на информациите дека се бара свикување колегиум за повторно разгледување на обвинението и евентуално ослободување на дел од обвинетите, тој порача дека „колегиумот може да прегледува документи, но не може да брише факти, пропусти и нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт“.

— реклама —

Наунов направи разлика меѓу човечкиот инстинкт за самоодбрана и службената должност. „Кој помогнал – чест му и слава. Кој не помогнал – тоа е слабост на човекот, а не доказ за вина. Но суштината е во тоа кој имал должност, а не ја извршил. Кој имал овластување и не го употребил. Кој имал моќ, а ја свртел главата“, истакна тој.

Тој нагласи дека родителите не бараат одмазда, туку правда и систем што ќе ги штити децата. „Ревизијата е техничка процедура, не е амнестија. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Вистината ќе излезе на виделина, сакал некој или не“, порача Наунов, најавувајќи дека борбата ќе продолжи сè додека не се утврди целосната одговорност за трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 2 часа

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања