Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Настани
media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

Угостителите во ТЦ блок А во Кочани почнаа да ги отстрануваат терасите на јавна површина, согласно договор со општината постигнат пред два месеца. Времените градби што се сметаат за бесправни се демонтираат на трошок на сопствениците. Целта е да се ослободи просторот и да се овозможи нормално движење на пешаците, кои досега поминувале низ тесен премин. Дел од локалите привремено ќе прекинат со работа, други ќе работат внатре или преку достава. Во иднина ќе може користење јавна површина само под законски услови (подвижни тенди/чадори без огради, отворено од три страни). Општината најави дека мерките ќе важат и на други локации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од вчера угостителите кои работат на катот во трговскиот центар – блок А во Кочани започнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали, постапувајќи по договорот со локалната власт.

Станува збор за обврска произлезена од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти, со кој е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.

— реклама —
— реклама —

Со расчистувањето на просторот пред локалите, особено пред пицериите, треба повторно да се овозможи нормално движење на пешаците. Досега, според надлежните, граѓаните биле принудени да минуваат низ тесен премин широк околу метар и пол.

Дел од угостителите најавија привремен прекин на работата поради безбедносни причини за време на демонтажата, додека други ќе продолжат да работат во внатрешноста на локалите, како и преку достава.

Во иднина, сопствениците ќе можат повторно да побараат користење на јавна површина, но исклучиво под законски утврдени услови – со поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.

Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови што беа поставени на јавна површина, додека тендите ќе останат.

Од општината најавуваат дека ваквите мерки ќе се применуваат и на други локации низ Кочани, со цел воведување ред и обезбедување слободен пристап до јавните површини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања