Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Студио
media-libraryfjco2idjqge74chIYwX
Скопје1.мк

Една година по трагедијата во „Пулс“, кочанската болница е во лоша состојба со влага, распаднати ѕидови, нефункционални тоалети и небезбедни услови. Иако се најавува реновирање, нема конкретен план ниту временска рамка. Најкритична е собата за изолација за пациенти со потешки инфекции, која ретко се користи поради потреба од санација. Ходниците не се приоритет, а се најавува модернизација на гинекологија. Во Итната помош има напредок: 11 тимови и 4 возила, од кои 3 донаторски, но недостига опрема – има само едно куферче со ампуларна терапија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“, кочанската болница останува симбол на запоставен систем – со влага, распаднати ѕидови и услови кои отвораат сериозни прашања за безбедноста на пациентите.

И покрај најавите за реновирање, досега нема ниту конкретен план како ќе се одвива реконструкцијата, ниту временска рамка. Сликата од терен покажува соби со влага, нефункционални тоалети и ходници во лоша состојба.

— реклама —

Собата за изолација, каде според в.д. директорката Катерина Паниќ–Мирчовска се лекуваат пациенти со потешки инфекции, е една од најкритичните точки.

„Ова е соба за изолација и овие соби се соби каде што лежат пациенти со потешки инфекции. Во последниот период поретко ги користевме. Кај нив треба реновирање“, изјави в.д. директорката на болницата, доктор Катерина Паниќ–Мирчовска во „Претрес со Ландов“.

— реклама —

Лошата состојба не е изолиран случај – слична слика има и во ходниците. Сепак, раководството признава дека тие нема да бидат приоритет.

„Баш ходниците нема да им дадеме приоритет, бидејќи како што ви споменав имаме и нови специјалисти. Одделот за гинекологија исто така треба да добие нова апаратура“, посочи Паниќ–Мирчовска.

Прашањето што се наметнува е – колку е стара опремата со која се работи?

На забелешката дали апаратурата во одделот за Гинекологија е „од дедо Ное“, директорката одговори дека не станува збор за толку стара опрема, но призна дека има потреба од модернизација.

Во делот на Итната медицинска помош, според директорката, има одреден напредок. Болницата располага со 11 тимови и четири возила, од кои три се набавени во последната година – сите преку донации. Истовремено, иако има повеќе тимови кои работат во една смена, има само едно куферче со ампуларна терапија.

Погледнете ја кочанската болница одвнатре:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања