Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

media-librarypjgde581o1t96pDR9qg

(Во живо) Жерновски: Бараме ветинг на стекнатиот имот од политичари и судии

Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и нов меѓународен партиски секретар, е гостин во „Претрес со Ландов”.„Не лажам во политиката, немам потреба. Верувам дека политиката е професија во која треба да се учествува. Сме се изнагледале примери на неказнување, но битката треба да продолжи. Што сѐ не успеале да ми најдат политичките противници, но немало ништо, тука сум”, рече Жерновски.Жерновски кажа дека на седница на ЦО на СДСМ, вечерва се избрани нови луѓе и е направена комбинација меѓу искусни и млади луѓе.„Предлагаме ветинг на сѐ што е стекнато финансиски од политичари и судии години наназад”, рече Жерновски.

Скопје | пред 5 дена

media-librarygri0cbg4njpr6JvYuAw

(🔴Во живо) „Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во новото издание на „Претрес“ гостува Андреј Жерновски, член на Извршниот комитет на СДСМ и политичар кој има поминато низ речиси сите нивоа на власта – од локално до централно. Разговорот започнува од реалноста што ја чувствуваат граѓаните – континуираното поскапување на горивата, храната и основните производи, и одговорот на политиката на тие удари врз стандардот.Жерновски ќе одговара на прашањата за состојбата во СДСМ, позицијата и авторитетот на Венко Филипче, како и за внатрепартиските превирања и односите во опозицијата. Ќе се отвори и прашањето за политичката конзистентност – дали партиите зборуваат едно кога се на власт, а друго кога се во опозиција.Во емисијата ќе се анализира и надворешната политика, односите со регионалните лидери и позиционирањето на Македонија во актуелниот геополитички контекст. Ќе стане збор и за најавите за предвремени избори кои не се реализираа, како и за тоа дали станува збор за погрешни проценки или политички спин.Емисијата „Претрес“ со Андреј Жерновски, следете ја во живо:

Студио | пред 5 дена

media-librarygbpibifrp3cq37CXfW6

(Видео) Обвинетиот обезбедувач од „Пулс“: „Не сум монструм, спасив повеќе од 50 луѓе – не сум имал моќ да го спречам тоа што се случи“

Обезбедувачот Лазар Захариев, кој е меѓу обвинетите во случајот „Пулс“, во „Претрес со Ландов“ тврди дека не може да се смета за виновен за трагедијата, посочувајќи на, како што вели, долгогодишни системски пропусти и отсуство на можност да реагира.„Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја да се чувствувам за тоа што имам спасено педесет луѓе, а и не сум имал можност за јас тоа да го спречам“, изјави Захариев.На прашањето на новинарот Кристијан Ландов за улогата на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, Захариев рече:„Деко кога почна да гасне дискотеката го видов и после го видов, помагаше на некои луѓе и после го видев надвор како седеше на земјата од лева страна, не можеше да оди со свиена нога. Мислам дека имаше некоја повреда и се држеше за главата.“На директното прашање дали му е лут на сопственикот, тој одговори:„Не. Па да, он можда ја знаел за дали имало аномалии, или не имало. Тоа е тоа. Ако целиот систем дозволил да биде дотаму, некој на него му дозволил некој да има такви аномалии.“На прашањето дали сопственикот бил недопирлива фигура во Кочани, тој рече:„Не.“Говорејќи за чувството по трагедијата и обвиненијата, Захариев нагласи:„Не може да се ставам јас во ситуација да сум монструм што сум спасил повеќе од педесет луѓе, него затоа што сум ја последен во целиот ланец овај сега што се десил. Обезбедувањето е последната алка на системот во работење на некоја дискотека од дванаесет години. Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја се чувствувам за тоа што имам спасени педесет луѓе, а и не сум имал можност за тоа да го спречам. Во Кочани има луѓе и што го водат случајот, што се по допрен глас, можеле да спречат нешто. Не се спречиле. Јас како да го спречам? Со која моќ?“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“, кочанската болница останува симбол на запоставен систем – со влага, распаднати ѕидови и услови кои отвораат сериозни прашања за безбедноста на пациентите.И покрај најавите за реновирање, досега нема ниту конкретен план како ќе се одвива реконструкцијата, ниту временска рамка. Сликата од терен покажува соби со влага, нефункционални тоалети и ходници во лоша состојба.Собата за изолација, каде според в.д. директорката Катерина Паниќ–Мирчовска се лекуваат пациенти со потешки инфекции, е една од најкритичните точки.„Ова е соба за изолација и овие соби се соби каде што лежат пациенти со потешки инфекции. Во последниот период поретко ги користевме. Кај нив треба реновирање“, изјави в.д. директорката на болницата, доктор Катерина Паниќ–Мирчовска во „Претрес со Ландов“.Лошата состојба не е изолиран случај – слична слика има и во ходниците. Сепак, раководството признава дека тие нема да бидат приоритет.„Баш ходниците нема да им дадеме приоритет, бидејќи како што ви споменав имаме и нови специјалисти. Одделот за гинекологија исто така треба да добие нова апаратура“, посочи Паниќ–Мирчовска.Прашањето што се наметнува е – колку е стара опремата со која се работи?На забелешката дали апаратурата во одделот за Гинекологија е „од дедо Ное“, директорката одговори дека не станува збор за толку стара опрема, но призна дека има потреба од модернизација.Во делот на Итната медицинска помош, според директорката, има одреден напредок. Болницата располага со 11 тимови и четири возила, од кои три се набавени во последната година – сите преку донации. Истовремено, иако има повеќе тимови кои работат во една смена, има само едно куферче со ампуларна терапија.Погледнете ја кочанската болница одвнатре:

Студио | пред 1 седмица

media-librarygfnah23bkmb393Tcmih

(Видео) „Викаа 'Чичо Лазо помогни ми', тоа ни на хорор филм не постои“ – обезбедувачот од „Пулс“ за првпат проговори за хоророт во кобната ноќ

Обезбедувачот во дискотеката „Пулс“, Лазар Захариев, обвинет во судскиот процес за трагедијата во која згаснаа 63 животи, за првпат јавно говореше во „Претрес со Ландов“, опишувајќи ја драмата од критичната вечер и неговото гледиште за настаните.Во потресно сведоштво, Захариев раскажа дека сцените што ги видел, според него, биле полоши од хорор филм.„Луѓето беа во ситуација што на хорор филм не постои. Од внатре излегуваше чад, не се дишеше. Не можеш воздух да земеш. Беа испечени, рацете им беа изгорени, на некои ушите им чуреа. Сите беа налегнати и врескаа“, сведочи тој.Тој вели дека дел од присутните го препознавале и го молеле за помош.„Чичо Лазо, молам те помогни ми... Почнавме да извлекуваме кого можеме. Мораше на секои неколку секунди да излезеш надвор за воздух, инаку не можеш да издржиш“, раскажува Захариев.Според него, обидите за спасување биле исклучително тешки поради сериозните изгореници кај жртвите.„Кога ќе го допреш човекот, кожата му паѓа. Косата изгорена, телото опожарено. Нема како да го фатиш, нема како да го спасиш“, вели тој.Захариев тврди дека дел од лицата кои биле извлечени живи, подоцна починале, најверојатно од последици од вдишаниот чад.„Ги изнесувавме на нозе, свесни. Подоцна ги видов на телевизија дека починале“, додава тој.Во хаосот, како што раскажува, со полицаец се обидувале да реанимираат повредени лица.„Проверувавме пулс, правевме вештачко дишење. Кога ќе видиш дека артеријата е здебелена и нема реакција, ти станува јасно дека нема живот“, сведочи Захариев.Тој опиша и спасување на едно лице, кое го пронашле во бессознание на влезот.„Го полевав со вода, го реанимирав и ги отвори очите. Не можевме сами да го подигнеме, викнавме помош и го качивме во болничко комбе“, раскажува тој.Захариев останал на местото до раните утрински часови, учествувајќи во евакуацијата и обидите за спасување.Неговото сведоштво доаѓа во време кога судскиот процес за трагедијата е во тек, а јавноста сè уште бара одговори за причините и одговорноста за една од најтешките несреќи во земјата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library84b706f3fme4dHRFQMc

(🔴ВО ЖИВО) Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Една година по трагедијата во „Пулс“ – системот што требаше да научи, изгледа дека ништо не научил.Во „Претрес“ сведочи обвинетиот обезбедувач – за критичната ноќ, за хаосот, за пропустите и за вината која сè уште нема јасен одговор.Влегуваме во кочанската болница – местото каде што жртвите се бореа за живот. Наместо подобри услови – влага, распад и очај.Во противпожарната бригада – донации наместо систем, и „едно засилување“...СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 1 седмица

media-library26aalb5n7rcj5heipx1

(Видео) Ѓурчески: Ме згрозува што газда Деко не се чувствува виновен, СЈО е најголемото зло

Љубомир Ѓурчески, поранешен началник во МВР вели дека газда Деко, сопственикот на „Пулс“, каде пред година дена загинаа 64 лица и двесте беа повредени, го знае од случајот Детонатор. Се работи за незаконска употреба на апаратите на игри на среќа. Тој вели црн капитал правел тогаш газда Деко.Постапката за Кочани би ја поделил во неколку фази. Основна работа на обезбедувањето е да има безбедност во објектот. Полицијата требала да обезбеди внатре да нема малолетници, добро е што за нив постапката е издвоена. Системските слабости се за втора фаза и тука се сите надлежни. Само тогаш ќе има квалитетно обвинение. Кога ќе ја префрламе вината на другите ќе ги олабавиме надлежните. Тоа е најголема грешка. Ме згрозува и револтира фактот што газда Деко, објектот од шупа го направи и пак шупа е, а не се чувствува виновен“, вели Ѓурчески.Минимум година дена ќе трае предметот во првостепена постапка.Ѓурчески говореше и за СЈО.СЈО е најголемата штета и заради велепредавството кое го правеа треба да им се забрани да вршат правосудна дејност. Тие се регрутирани од разузнавачките служби. Требаше да се осудат на доживотен затвор. Од прислушуваните разговори не сум згрозен, зошто се вештачки создадени. Груевски беше принуден да го потпише создавањето на СЈО“, вели Ѓурчески.

Студио | пред 2 седмици

media-librarys0umucv4qp1c2YQFPrd

(Видео) Ѓурчески за Шеваљ: За него нема доказ, не сме нашле, дрога, пари или оружје, не ја користел апликацијата Скај

Во „Претрес со Ландов”, ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески, говори и за случајот Грчец и Шеваљ Муареми.За Шеваљ велат дека е волкот кој стои на чело на криминалната група. Кај него никогаш не сме нашле дрога. Не сме успеале да дојдеме до доказ, само индиции сме имале. Кај никој нема материјален доказ, нема пари, ниту оружје. Шеваљ никогаш не ја користел апликацијата Скај”, вели Ѓурчески.Не сака да ја коментира одлуката на судот, тоа, вели е работа на адвокатите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoc6a81fgjolj6bugr1K

(Видео) Ѓурчески: Сопругот насилник во Карпош е психопат, сите надлежни што не презеле ништо треба да одговараат

Гостин во „Претрес со Ландов” е ексначалникот во МВР, Љубомир Ѓурчески. Една од темите е и трагедијата во Карпош, кога се самоуби малтретирана жена и која со себе во смрт ја однесе и малата ќерка. Седум години МВР, Обвинителството, Центрите за социјални работи не презеле ништо.Основно е да се санкционираат тие што не презеле ништо за безбедноста на жената, вината е во МВР и во Центрите за социјални работи. Кога се тепаат дома мажот и жената, плаче детето. Затоа треба одговорност”, вели Ѓурчески.Насилниците, смета, се плашат од репресија.Таткото и сопругот насилник е психопат, задоволен е од тоа што гo сторил. Уживаат да малтретираат некого. Најголемата жртва е детето”, вели ексначалникот во МВР.

Студио | пред 2 седмици

media-libraryc3rdj4ib5niv9Euugx4

(Видео) Ѓурчески: Подобро да велат дека сум Мицковист отколку Заевист

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески во „Претрес со Ландов” вели дека со доаѓањето на Оливер Спасовски во МВР се сменила кадровската политика и се истиснале професионалците.Ако ме поканат ќе се вратам во МВР како советник. Јас имав кавга со Груевски за инфилтрирање на Илчо Георгиевски во Фудбалски сојуз. Подобро сега да викаат дека сум Мицковист отколку Заевист. Тука се предаде нацијата и идентитетот”, вели Ѓурчески.

Студио | пред 2 седмици

media-librarycrjog87idd6q44sOUYf

(Во живо) Ексначалникот Ѓурчески: Груби е подготвен да го предаде и Ахмети и да соработува, Aмериканците го вратија

Поранешниот началник во МВР, човек кој 36 години бил дел од министерството, Љубомир Ѓурчески е гостин во „Претрес со Ландов”.За поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби, кој се врати во Македонија по повеќе од една година бегство, вели дека нема да се чуди ако Груби се претвори во Лепа Брена.Неговото враќање значи дека е подготвен да соработува. Не се зачудив дека се врати. Предмет е на заштита на други странски служби. Дел од провизиите од Бехтел и Енка не стигнаа на вистинското место. Не е случајно експресно разрешена поранешната амбасадорка на САД, Кристина Агелер. Има сомнение за криминали на Агелер. Груби го вратија Американците и може да биде заштитен сведок, но не би бил загрозен во притвор. Подготвен е да го предаде и Али Ахмети, да ја отвори душата и да биде симнат од Црната листа. Груби многу знае”, вели Ѓурчески.Гледајте „Претрес”, со Ѓурчески ќе ги претресеме и газда Деко од Пулс, случајот Грчец, потоа за Шеваљ и дали вистинските криминалци се во затвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylep93vu9oss3f1tuehp

(🔴ВО ЖИВО) За враќањето на Груби, бандата од Грчец, трагедијата во Карпош, (не)правдата за „Пулс“, подземјето зборува Ѓурчевски во „Претрес“

Вечерва во „Претрес“ гостува поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски – човек кој со години беше во срцето на борбата со подземјето.Како е можно човек под истрага биде во бегство надвор од државата, па потоа да се врати без проблем? Артан Груби се врати со камери, со панцири околу него, заврши во куќен притвор – насмеан. Кој е договорот, дали е загрозен и дали закана му е подземјето?Ќе зборуваме и за трагедијата во Карпош каде починаа мајката Ивана и нејзината ќерка Катја. Од 2019 година пријавувала малтретирање. Каде потфрли системот? Полицијата, Центарот за социјални работи, училиштето? Кој замижа пред насилството во полза на насилникот?Случајот „Грчец“ – почнаа ли конечно да паѓаат вистинските криминалци или повторно ќе гледаме процес што ќе се распадне? Апликацијата Скај, разговорите, Шеваљ Муареми – човек кој се појавува на сцената уште од 2006 година. Кој ја сочинува таа група и од што заработуваат?Една година од трагедијата во Кочани... Кој е газдата на „Пулс“ Деко? Каква (не)правда да се очекува? Се завлечка правдата, зошто? Кој е, а кој требаше да биде на обвинителна клупа?Ќе зборуваме и за:– петте тони марихуана што поминаа низ легална граница– серискиот убиец во кумановско и пропустите на истрагата– кој ја проби акцијата „Планина“– Агим Крсниќи кој излегува од затвор– и дали нарко дилерите и денес седат по кафулиња.И уште нешто: во претходното гостување Ѓурчевски тврдеше дека Артан Груби нема да одговара, дека Раде Штекли кога-тогаш ќе биде ликвидиран, Љупчо Палевски-Палчо ќе биде ослободен. Дали и денес стои зад тие зборови?СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 2 седмици

media-librarymdau6qp1i9ridkkmNZp

(Во живо) Пилот на државниот авион: Утре евакуираме 7 наши државјани од Египет, вршиме хумана работа

Емил Георгиев кој 16 години е пилот на државниот авион е гостин во „Претрес со Ландов”.„Апсолутно е потребна набавка на нов, технолошки модерен авион, кој ќе им служи на граѓаните. Немаме летало да им помогнеме на граѓаните. Со набавка на ново летало може да се врши и транспорт на органи”, вели Георгиев.Утре патуваат со државниот авион во Египет да преземат наши државјани кои од кризните места на Блискиот исток дошле во Египет од каде ќе бидат евакуирани. Летот до Египет ќе трае 3 часа и можат утре да донесат 7 патници. Другите ќе бидат пренесени со чартер летови.„Генерално ништо не е безбедно, но се е во рамките на нормалата. Одиме на хуманитарна мисија и мислиме се ќе биде во ред. Одредена е трасата, но до утре може да се провери, може и во тек на лет да ни ја променат. Не води мислата дека вршиме добра и хумана работа за државата и човештвото”, вели пилотот на државниот авион.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryf2fgjgh76quedW5u4jT

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ ексклузивно во државниот авион на Македонија: за евакуацијата од Блискиот исток и најголемите авио-несреќи

Првпат и ексклузивно – влегуваме во државниот авион на Македонија.Авион за кој со години носи повеќе прашања отколку одговори.Колку е стар? Колку е безбеден? И колку чини да се одржува?Во „Претрес“ вечерва од кокпитот ќе ги одговориме прашањата за темите, кои досега се зборувале само на политичко ниво.Дознаваме:– Колкав е реалниот ризик од летови со ваков тип авион?– Каков е планот за утрешната евакуација од Блискиот Исток?– Кој ја носи последната одлука дали авионот ќе полета – пилотот или политиката?– Колку чини еден час лет и колку нè чини да го одржуваме?Ќе зборуваме и за најтешките летови, кризите кога авионот не превезувал функционери туку луѓе.Но и за едно прашање што секогаш ја вознемирува јавноста:Како се случија најголемите авионски и хеликоптерски несреќи во Македонија – и што научи воздухопловството од нив?Гостин е капетанот Емил Георгиев, пилот со децении искуство, човекот што го управува државниот авион изминативе 16 години.Ќе одговори и на најдиректното прашање:дали би го качил сопственото семејство во овој авион?Следете не на:

Настани | пред 3 седмици

media-library9lks8svicve9cF4K6u9

(Видео) Ќе се врати ли Никола Груевски идниот февруари?

Министерката за образование и наука Весна Јаневска гостуваше во „Претрес со Ландов“, каде што меѓу другото одговараше на прашања поврзани со актуелните политички случувања и поранешни партиски поделби.Во делот од разговорот посветен на враќањето на Артан Груби, водителот Кристијан Ландов направи паралела со датумот на враќање на Сашо Мијалков (23 февруари), прашувајќи дали по таа логика следната година би можел да се врати и поранешниот премиер Никола Груевски.Јаневска одговори дека доколку во одреден момент било проценето дека неговиот живот е во опасност, тогаш одлуката да ја напушти земјата можела да се смета за оправдана.„Ако сега ситуацијата е поинаква и ако проценката е дека неговиот живот не е во опасност, тогаш според мене би можел да се врати во земјата и како секој граѓанин да излезе на суд, да се одбрани или да се докаже неговата вина“, изјави министерката.Ландов посочи дека е интересно што Јаневска застанала во некаква одбрана на Груевски, имајќи предвид дека во одреден период била дел од политичкиот проект ВМРО Народна партија, формиран по разидувањето со ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски.Јаневска реагираше дека не „отишла“ во друга партија, туку дека таа и дел од тогашното раководство ја формирале ВМРО Народна.„Во тој период се разидовме, а кога се остварија услови, повторно се обединивме и мнозинството луѓе се вратија во својата матична партија, затоа што проценивме дека тоа е подобро првенствено за државата, а потоа и за партијата“, рече таа.На директното прашање дали тоа значи дека учествувала во дел од распаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ со формирањето на новата партија, Јаневска не прифати таква квалификација, инсистирајќи дека станувало збор за политичко разидување во одреден историски контекст, по што следувало повторно обединување.Целото издание на „Претрес со Ландов“, во кое се отвораат повеќе политички и општествени теми, е достапно на порталот Landov.mk.

Студио | пред 1 месец

media-library7j6amno0u2j2cwCXFd9

(ВО ЖИВО) Министерката Јаневска: Во Владата нема лица со купени дипломи

Со реформите во образованието и новиот Закон за високо образование, кој е во постапка на донесување, се работи на укинување на правните студии на приватните факултети како дел од реформските мерки, најави во „Претрес со Ландов”, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.„Од нешто што е решение во предлог законот нема да отстапам, па макар да платам и политичка цена. Но од нешто мора да се отстапи и да има договор”, вели Јаневска.Во администрацијата има, но вели не е нејзина работа да испитува дали колеги министри или функционери имаат купени дипломи.„Не верувам дека има во Влада, ова е најдобрата Влада.Такви луѓе со купени дипломи не познавам, иако некои дипломи не вредат”, одговори министерката.За магистратурата на Филков за време на функцијата министер Јаневска не одговари конкретно.„Секој со својот интегритет”, вака одговари на прашањето дека менторката за магистраутрата му е професорката Ивана Шумановска-Спасовска која во 2023 година била во првите редови кога се основала партијата ЗНАМ од каде тој дојде како министер.Јаневска не одговори, бидејќи вели не знае колку чини купена диплома и тоа можат новинарите да го остражат.Универзитетот на Мерко се уште работи иако таму е пратена инспекција.За сите високо образовни институции каде што се работи незаконски, вели Јаневска, ќе има санкции.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv2drfs8jueur511FcVH

(ВО ЖИВО) Јаневска: Апсолутно верувам дека нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за враќањето на Груби

Гостин во „Претрес со Ландов” е министерката за образование и наука Весна Јаневска.Јаневска говори за состојбите и реформите во образованието, купување дипломи, како и за политиката.За Артан Груби вели не може да биде добар пример за младите, не беше добро играњето фудбал во канцеларијата„Не можам да тврдам за чесноста на Груби, но некои постапки не ми се допаѓаа, имаше и афери за проневери. Добро е што е конечно во Македонија и важно беше приведен. За одредувањето домашен притвор, надлежните одлучиле дека така треба да биде. За прв момент е доволно што е вратен. Тоа е негов стил. Цело време така горделиво и моќно се однесува. Не сум го видела налутен тоа е дел од негов карактер. Апсолутно верувам дека нема дил меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за враќање на Груби”, вели Јаневска.Верува дека е тешко да си во бегство иако не знае зошто Груби се вратил во Македонија. Тоа се случи на 23 февруари, истиот ден кога пред 5 години по исчезнувањето неколку дена сам се врати и Сашо Мијалков.Дали на 23 февруари 2027 ќе се врати во Македонија и Никола Груевски?„Никола Груевски долго беше премиер и добри работи направи за Македонија. Ако било оценето дека животот му е во опасност можеби е добро што излегол од земјата. Ако не му е во опасност сега животот може и да се врати, иако не можам во негово име да предвидам дали на 23 февруари следната година Груевски ќе се врати во Македонија. Не застанав во одбрана на Груевски. Во еден период ни се разидоа патиштата, но во обид на фракција на една голема парртија”, вели Јаневска.Таа посочи дека и Љубчо Георгиевски има заслуги за Македонија, не се гледа со него и имаат разлики во ставовите.Бугарски пасош нема.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryegrk3iirlg27cUVjrGW

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ако дипломата не вреди, ако професорот не е почитуван, ако ученикот е преоптоварен, ако занаетчијата е потценет – што всушност реформираме во образованието?Во „Претрес“ вечерва зборуваме за купените дипломи, за приватните факултети и за „потписите“ што одлучуваат дали една диплома ќе вреди – или ќе остане безвредно парче хартија. Отвораме и прашање за функционерите кои магистрираат додека извршуваат министерска функција – дали образованието станува алатка за титули, наместо систем за знаење?Какви се успесите во образованието кога на улиците гледаме дека се нема ниту основна култура?Ќе слушнете за наставниците со ниски плати, за основците кои учат несоодветни содржини додека носат ранци од кои добиваат сколиоза, но и за занаетчиите кои со години се маргинализирани во систем што декларативно зборува за реформи.Во емисијата носиме и сведоштва на млади академски граѓани кои својата иднина ја пронашле надвор од државата.Реформа или привид? Знаење или титула? Гледајте во живо и поставувајте прашања:

Студио | пред 1 месец

media-libraryocok0dtv02oaah1W2q6

(Видео) „Има разговори за дрога и убиства, викаат ги водел Шеваљ“, Катевеновски ексклузивно открива што криела апликацијата „Скај“

Адвокатот Ристо Катевеновски, бранител на Севдал Азири – обвинет како дел од т.н. „група од Грчец“, која според обвинението ја предводел Шеваљ Муареми – ексклузивно во „Претрес со Ландов“ збореше за доказите кои произлегоа од апликацијата која важи за најкористена меѓу криминални кругови.Катевеновски истакна дека неговиот клиент бил единствениот од обвинетите кој се познавал со Муареми, но дека во ниту еден разговор директно не се спомнува името Севдал Азири. Според него, во комуникациите се појавува само надимакот „Косовар“, кој обвинителството го поврзува со Азири.„Никој не го викал Косовар, немал таков надимак“, изјави адвокатот, додавајќи дека ниту еден од обвинетите немал Скај-уред во моментот на заплената на телефоните. Тој појасни дека апликацијата бара посебен уред и дека, според одбраната, прислушувани биле трети лица, а не директно обвинетите.Во однос на наводите дека Азири бил задолжен да го провери квалитетот на дрогата во Албанија и дека во два наврати ја носел, Катевеновски рече дека дури и да постои таква комуникација, „проверка на квалитет“ не претставува дејствие што потпаѓа под член 215 од Кривичниот законик.На прашање за разговорите поврзани со наводна нарачка на убиство, тој рече дека постојат такви разговори.Цел разговор тука:

Студио | пред 1 месец

media-library0f1861ola06bfUhVzcq

(Видео) Врховен судија сведочи дека бил разрешен откако одбил да го потврди затворот за Јанкуловска за „мерцедесот“

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на затворска казна.Во разговорот во „Претрес“, Катевеновски појасни дека како судија добил предмет од Специјалното јавно обвинителство и дека, според неговата оценка, во конкретниот случај недостасувале клучни елементи за постоење на кривично дело злоупотреба на службена положба.„За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, рече тој.Катевеновски нагласи дека не го потпишал предлогот за потврдување на пресудата и дека пред колегите изнел мислење дека предметот треба да биде укинат. Според неговото тврдење, само еден ден по изнесувањето на таквиот став, бил разрешен, а одлуката за предметот ја донел друг судија.На прашањето дали смета дека по секоја цена морало да се потврди предметот затоа што потекнува од Специјалното јавно обвинителство, Катевеновски одговори дека не се покајал за својата одлука и дека и денес би постапил исто.„Не само за Јанкулоска, туку за било кој – правично судење“, истакна тој, додавајќи дека принципите на правдата не зависат од личноста, туку од доказите.Случајот повторно ги отвори прашањата за притисоци врз судиите и за начинот на одлучување во предмети со висок јавен интерес.Во Претрес ексклузивно слушате за високо профилни случаи меѓу кои и за групата од Грчец:

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo2c9frlogitqfdH5bpC

(Видео) Што кријат пораките од апликацијата Скај за групата од Грчец, открива адвокатот Катавеновски во Претрес

Адвокатот Ристо Катавеновски, кој е адвокат на Севдаир Азири, советник во општина Шуто Оризари и поранешен заменик директор на Улици и патишта, обвинет за криумчарење дрога и дел на криминалната група на Шеваљ Муареми како дел од групата Грчец е гостин во „Претрес со Ландов”.Скај групата ја користат криминалци и политичари кои сакаат дискретна комуникација, случајот почнува кога Франција го запленува серверот. Запленета е целата комуникација од групата. „Не знам како се стигнати доказите во Македонија, а немало налог од судија. Нелегално се стигнати разговорите во Македонија. Разговорите се меѓу Шеваљ со други лица. Ниту еден од обвинетите немале такви апликации и уреди. Тие не биле прислушкувани. Никаде не е спомнат мојот клиент. Споменат е само прекар Косовар, а мојот клиент немал прекар”, вели Катавеновски.Обвинителот не презентираше разговори со обвинетите, само за лица со прекари, вели бранителот.Криминалната група, според тогашниот министер Оливер Спасовски, вршела убиства, но и носела кокаин од земјите од Латинска Америка до држави од Европската Унија, а дел од кокаинот бил наменет и за нарко пазарот во Македонија.Спасовски тврдеше дека од доказите ќе се види кој ја провалил акцијата „Планина” на ексобвинителката Вилма Русковска.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryt73vp3jp96ab3vWPj34

(Видео) Адвокат Катавеновски: Политиката сака да влезе во правосудството, состојбата таму е катастрофална

Ристо Катавеновски, поранешниот и разрешен врховен судија, адвокат на Драган Стојановски, специјалец од ЕБР, осуден на 11 години затвор за нелегално тргување со дрога и оружје е гостин во „Претрес со Ландов”.За случајот вели дека сè виси и сè е спорно. Нема одземено дрога и оружјето му било легално.„Катастрофална е состојбата во правосудството. Промени мора да има. Да се распушти и одново да се почне. Има и добри судии, но голем дел не”, вели Катавеновски кој тврди дека судот нема допир со истрагата, а грешка е што обвинителството ја води истрагата.„Имаме сè понеквалитетни, млади судии. Судијкате Емране Селмани, која го судеше предметот на Драган Стојановски, ме разочара. Не ни дозволија приговори на сè што изнесе обвинителството”, вели Катавеновски.Во врска со вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители четири судии да добијат позитивна оценка и да ја префрлат топката кај Владата, вели Советот си ја ишка мувата од капата.„Излези и кажи овој треба да биде, а не вака. Во Советот на јавни обвинители и во Судскиот совет треба да има добри и еминентни правници, кои ги знаат сите. Мора промена на законите. Политиката многу сака да влезе во правосудството”, вели Катавеновски, кој не е сигурен дека Владимир Панчевски е правично елиминиран од трката за нов државен обвинител.Катавеновски во Претрес ќе говори и за тоа што кријат пораките од групата од Грчец.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-librarysddspjqkgvv09q6yZck

(Видео) Сестра на поранешен специјалец од ЕБР: Брат ми беше деградиран и осуден на 11 години затвор зошто бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и настаните на 27 април

Гости во „Претрес со Ландов” се Јасмина Стојановска, сестра на Драган Стојановски, специјалец од ЕБР, осуден на 11 години затвор за нелегално тргување со дрога и оружје. Во студиото е и неговиот адвокат, Ристо Катавеновски, поранешниот и разрешен врховен судија.„Не очекував дека брат ми ќе се најде на обвинителна клупа за вакви тешки дека. Во 2023 дојдоа и вршеа претрес и бараа дрога и оружје дома кај нас. Не најдоа ништо. Брат ми не е криминалец, си ја сакаше работата. Брат ми претходно од ЕБР го префрлија во единицата за обезбедување лица бидејќи бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е по настаните на 27 април кога почнува целата постапка. Тој бил дисциплински казнет за непостапување”, вели Јасмина Стојановска и посочува дека немал наредба за постапување. Негови слики, како доказ за настаните на 27 април биле објавени во емисијата „КОД”.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqrtmc8s5crbndck4486

(ВО ЖИВО) „Претрес“: Како специјалец од ЕБР заглави со дрога и оружје и што кријат пораките за групата „од Грчец“

Дали поранешен специјалец на ЕБР лежи 11 години затвор за дело што не го сторил – или станува збор за сериозна криминална структура што функционирала под радарот на институциите?Во студио:Јасмина Стојаноска – сестра на осудениот Драган Стојаноски.Адвокатот Ристо Катевеновски – со правната анализа на предметот.За првпат ја отвораме и темата како е фатена т.н. „групата од Грчец“, што кријат пораките од апликацијата „Скај“, дали и како се организирале убиства и пренос на дрога?Следете во живо:

Студио | пред 1 месец

puls-kocevski

(Видео) „Со 33 обвинети предметот за Пулс мора да трае“ – Давидовиќ лоцира одговорност кај разрешениот Коцевски за напнатата атмосфера

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ изнесе сериозни забелешки за текот на судскиот процес „Пулс“, оценувајќи дека начинот на кој бил поставен предметот од самиот почеток придонел за напната атмосфера во судницата.Според него, со оглед на бројот на обвинети – 33 или 34 лица – и обемот на доказниот материјал, било јасно дека постапката ќе трае подолг временски период. Давидовиќ посочи дека сменетиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не покажал доблест отворено да им укаже на семејствата и на јавноста дека станува збор за комплексен предмет што не може да заврши брзо.„Кога обвинителите одговарале за она што го направиле, а завршило многу лошо? Со 33-34 обвинети и со една хрпа докази, предметот мора да трае“, изјави Давидовиќ, додавајќи дека на едно рочиште се сослушуваат најмногу двајца до четворица сведоци.Тој ја опиша атмосферата во судницата како „наелектризирана“,што, според него, не е коректно и не придонесува за фер постапка.Во разговорот, новинарот го праша дали смета дека коренот на ваквата состојба лежи кај обвинителот Коцевски, на што Давидовиќ одговори кратко и недвосмислено: „Апсолутно.“За целиот судски случај, но и за други ексклузивни теми:

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања