Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

Нема фотографија

(Видео) Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК“

Оливер Спасовски, носител на ИЕ2 во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи дека не офрла можност за коалиција со ДУИ, иако напомена дека имаат замерка од граѓаните што пак влијаело и на изборниот резултат.?t=7374„Во политиката секогаш треба да се седне да се разговара. Не смеете однапред да ги отфрлите сите работи. Треба да се разговара со секој еден“, рече Спасовски.Посочи дека граѓаните треба да се послушаат, ако замераваат на таква коалиција, па додаде: „ако ги гледаме кои се проблемите, ќе треба да се сменат одредени принципи и да се носат одлуки“.Спасовски, прашан за коментар за скандирањето „УЧК, УЧК“ среде скопскиот плоштад рече: „Апсолутно сум против тоа, апсолутно сметам дека е непотребно дека иритирачки, дека за тоа ништо не се добива. Го осудувам тој начин на комуникација“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-14.13.41

(Видео) „Трендот е тој низ цела Македонија“, одговори Спасовски на прашање како СДСМ стана трета партија по гласови во Куманово

Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски прашан во подкастот „Претрес со Ландов“, како ја доведоа партијата да биде трета по гласови во Куманово, одговори: „Ако анализираме по состојбите какви се по првиот изборен круг, мислам дека трендот е тој, кој што е во цела Македонија“.?t=7198„Секако треба да се направат и детални анализи до еден таков тренд. Имам претпоставка, дека стојат генерални причини кои прават перцепција, една од причините можеби се уставните измени, францускиот предлог – како генерална причина. Состојбата со коалицијата со ДУИ изминатиот период исто така можеби е една од причините. Секако дека постојат и низа други причини за еден ваков изборен резултат“, рече Спасовски.Спасовски рече дека треба да се види што ги нервира луѓето, деталите видете ги во подкастот каде зборуваше и за други актуелни теми:

Македонија | пред 1 година

51234

(Видео) Дознавме кој ја пробил акцијата „Планина“, имаме докази, откри Спасовски

Познато е кој ја пробил акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, наречена „Планина“ која се однесува на наркобосови од Грчец и Гази Баба. Доказите се наоѓаат во комуникациите кои ги имале преку апликацијата „Скај“, откри ексклузивно ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.?t=5412„Акцијата Планина беше водена од Обвинителството, оперативците од МВР дознаа за неа пред вршењето на претресите. Сакам да ви кажам ексклузивно, тоа што го најавив за ‘Скај’ апликацијата, ќе ја открие оваа енигма, јас очекувам дека ќе продолжи работата на МВР за да се откријат доказите и точно ќе ви биде познато кој ја пробил оваа акција“, рече Спасовски.Во подкастот „Претрес со Ландов“ тој одговараше дали позади тоа стои обвинител, вработен во МВР, високо позициониран функционер.„Таму постои одговор на прашањето кој ја пробил акцијата“, додаде Спасовски.Акцијата беше пробиена, пред сè од страна на групата од Грчец, па шест наркобоса се во бегство, а местата каде што ја чувале дрогата биле расчистени и при претресите не се пронајдени значителни количини, ги нема ниту луксузните автомобили што ги користеле наркобосовите од Грчец. Од некои се пронајдени само клучевите, од други ниту тоа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Спасовски во одбрана на Каевски, Мојсовски, Димевски: Во тој процес нема ништо!

Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски во подкастот „Претрес со Ландов“, застана во одбрана на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, предводникот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски и неговиот претходник, Дарко Каевски кои добија обвинителен предлог за сторени злоупотреби со спортските ваучери.„Јас сметам дека во тој процес апсолутно нема ништо, апсолутно нема ништо. Меѓутоа тоа ќе си го докажат органите. Сметам дека се невини, знам одредени информации. ДКСК во тоа време оценила дека има одредени неправилности, но ако ги погледнете аргументациите во тој период посебно за вршење на надзор, таму се покренува обвинителен предлог бидејќи не бил извршен надзор, а човекот во тој период не бил на позиција“, рече Спасовски.Прашан дали го знае обвинителниот предлог по кој се гонат тројцата функционери на СДСМ, тој рече: „Видов дел нешто“, но не кажа кој му се пожалил: „Тоа не е воопшто важно, дали ми се пожалил или не, важно јас ги видов тие аргументации, не можам ништо јас тврдам“.Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење.„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, соопштија од ОЈО.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-12.59.10

(Видео) Спасовски во „Претрес“: Не можам да се согласам дека Палчо избегал!

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за планирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не избегал.Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи: „Апсолутно не можам да се согласам со констатацијата дека тој избегал. Тој заминал пред утврдување односно обезбедување на докази. Во моментот кога се утврдиле доказите, кога се пристапи кон претреси, се утврдило дека не се наоѓа во државата и секако за многу кратко време се обезбеди каде се наоѓа“, вели Спасовски.На обвинувањата дека Палчо го враќаат од Турција токму пред парламентарните избори заради политички поени, Спасовски рече: „Кој очекува дека политички поени ќе добива на вакви настани, тој се лаже. Екстрадицијата е одобрена пред неколку дена, а тоа што вчера било објавено во јавноста е политика на министерството (за правда).Повеќе на оваа тема и други актуелности, Спасовски говореше во подкастот:?t=5947

Македонија | пред 1 година

oliver-spasovski-2

(ВО ЖИВО) Го претресуваме Оливер Спасовски: афери, убиства, пасоши, избори

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Претрес со Ландов“ ќе зборува за изборните резултати, скандалите кои го следеа во МВР, неговата работа, рејтингот на СДСМ и што понатаму со партијата.За убиствата во Скопје, пресметките на криминалните групи, за тоа како дојде СДСМ на власт, но и дали по резултатите од првиот круг за претседателските избори некој од партијата ги пакува куферите.Зошто нема пасоши, како Панче Тошковски успеа да продуцира повеќе од него, но и зошто се чека по два месеци за издавање.СДСМ дојде на власт со најава со вистината за Македонија и вистината за кумановските настани, за убиствата на петте момчиња кај Смилковсо Езеро. Беше ли тоа само фора за да се дојде гласови?Многу афери. Филмски бегства од затвор. Престрелка во трговски центар.ВО ЖИВО, го претресуваме човекот кој тресеше многумина, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Thumbnail

(🔴ВО ЖИВО) Изборно отворено студио: Вклучување во живо од штабови, ДИК, МВР, анализа во студио

Подкастот „Претрес со Ландов“ вечерва ќе биде во формат на отворено студио. Ќе се вклучиме во живо од изборните штабови на седумте кандидати, ќе анализираме во студио, ќе одиме во живо од МВР и Државната изборна комисија. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-19.13.03

(Видео) Плата за културните работници до петок, најави министерката Костадиновска - зошто останаа без пари?

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во подкастот „Претрес со Ландов“ рече дека се надева дека денеска ќе се надмине несогласувањето со Министерството за финансии, а дека до крајот на оваа недела, културните работници ќе ги добијат платите кои им доцнат.?t=4190„Јас можам да ветам дека ќе направам максимум и пред велигденските празници тие да ја примат нивната плата. Односно правиме напори до крајот на оваа недела да се надминат недоразбирањата и да имаат плата“, рече Костадиновска-Стојчевска.Посочи дека за Велигден, културните работници, треба да примат и нова плата. Негира дека намерно прави нервоза помеѓу културните работници.„Во овој момент немаат плата. Работиме на решение. Во моментов, она на што работиме да се реши е да се исплатат платите. Но има мали несогласувања со Министерството за финансии. Ние изработивме решенија за нивната плата согласно колективниот договор. Тоа е нешто што направи мала забауна во Министерство за финансии. Но како Министерство за култура ги изработивме решенијата. Таму има застој и оттаму е реакцијата. Морам да напоменам дека СКРМ имаат колективен договор еден од подобрите во регионот. Тој е активен“, рече Костадиновска-Стојчевска.Според неа, имало забуна помеѓу два колективни договори.„Јас и вработените направивме максимум, се работеше и малку прекрувремено за да се достават сите решенија за да се обработат, проверат и да се пратат во Министерство за финансии. Но таму има доцнење“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

sdfg

(Во живо) Прашајте ја министерката Бисера што ве интересира: разговараме за препукувањата со Арсовска, Универзална, културата, изборите

Дали јавниот прекор влијаеше на актуелната министерка за култура да дојде во овој „Претрес“ и дали комотно ќе се чувствува во нашето студио, е прашање чиј одговор ќе го дознаеме заедно.Колку обвинувањата од градоначалничката Данела Арсовска ја погодиja министерката Костадиновска-Стојчевска и со какви аргументи ќе ги побива?Колку Македонија е место за култура, а колку царува некултура?Колку невкусот е присутен во изборната кампања?Бисера Костадиновска-Стојчевска, со Кристијан Ландов, но без скафандер.Следете на јутуб каналот 'prvatvmk'.Поставувајте ПРАШАЊА ВО ЖИВО на јутуб каналот, ќе биде интересно.Се гледаме од 21 часот:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-11.51.35

(Видео) Стојанче Ангелов: Зечевиќ ми е пријател, Максим е мажиште, во Стевче гледав лидер на СДСМ, Заев со Владата имаше потфрлања

Генералот, сегашен директор на СДСМ и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за односот со експремиерот Зоран Заев, за релациите со Миле Зечевиќ, но и за Максим Димитриевски и Стевче Јакимовски. Тој посочи дека за Димитриевски смета дека е „мажиште“, за Зечевиќ рече дека му е пријател, со Заев би се консултирал за политика ако треба, а зборувајќи за Јакимовски, рече дека САД сигурно имаат причина зошто го ставиле на црната листа.Повеќе во подкастот:?t=4565

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-13-at-10.42.59

(Видео) Прогнозата е 55-56 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите излегуваат лица кои ги немам претходно видено, вели Стојкоски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во неговата општина.„Ме издрадува тоа што по подолг период на години, видов лица кои ги немам забележано по митинзите. Тоа ми сигнализира дека ВМРО-ДПМНЕ има силна поддршка кај луѓето, има добро расположение, јас тоа го гледам и по активностите на терен, имаме рекорден број на активисти и ни се приклучуваат многу повеќе луѓе“, посочи Стојкоски.Според него, тоа бил последниот позитивен сигнал, кој ќе биде нивна ѕвезда водилка во текот на кампањите.?t=6231

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-15.25.28

(🔴ВО ЖИВО) Ексградоначалникот Коце Трајановски со детали за запуштањето на опожарената Универзална сала и градот Скопје

Вонреден “Претрес” со ексградоначалникот Коце Трајановски: кој ја остави Универзална да пропаѓа, колку пари се фрлени за проекти и каде се фрлени проектите?По подолг период пред вас: за сите оставени нереализирани проекти, за тоа дали “Градот убав пак ќе никне”, каде го остави Скопје, но и каде е денеска.Гледајте и прашајте што ве интересира 🔴ВО ЖИВО🔴 во 21 часот:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-15.25.28

Вонреден „Претрес“ со ексградоначалникот Коце Трајановски: кој ја остави Универзална да пропаѓа, колку пари се фрлени за проекти и каде се фрлени проектите?

Вонреден “Претрес” со ексградоначалникот Коце Трајановски: кој ја остави Универзална да пропаѓа, колку пари се фрлени за проекти и каде се фрлени проектите?По подолг период пред вас: за сите оставени нереализирани проекти, за тоа дали “Градот убав пак ќе никне”, каде го остави Скопје, но и каде е денеска.Гледајте и прашајте што ве интересира 🔴ВО ЖИВО🔴 во 21 часот на јутуб каналот “prvatvmk”, веб: www.pretres.mk / www.prvatv.mk

Македонија | пред 1 година

grae

(Видео) Јас не очекувам ништо помалку од командант на УЧК, ние треба да учиме од нив - Ангелов за спомениците и кампањата на Ахмети за Османи

Генералот Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи што замина од Владата на СДСМ и ДУИ по осум години коалицирање и власт, во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше и за чувствата кога ќе ги види симболите на УЧК на кампањата за претседател на Бујар Османи, но и нивните спменици во Скопје.„Јас не очекувам ништо помалку од командант на УЧК. Нормално е дека тој ќе ги чествува неговите. Ние треба да учиме од нив. Како што Али Ахмети внимателно ги чита имињата на сите загинати од 2001, а сите стојат мирно додека тој ги чита сите имиња. Сите ние треба да учиме од нив. Ако тие ги чествуваат нивните, ние треба да учиме од нив и да ги чествуваме нашите. Направија куп споменици низ државата. Спомениците каде се направени на места каде слабо се движиме, не можамд а ги коментирам, Ќе ви кажам нешто што не го знаете. Дали знаете дека во Чаир на раскрсница има огромен споменик на УЧК? Јас не одам да го гледам, како вие се чувствувате?“, рече Ангелов.На забелешката дека тој со тие кои го поставија е во Влада 8 години, тој вика: „Кога гледам дека тоа граѓаните го прифаќаат, јас го прифаќам ставот на македонските граѓани. Отиде некој да го оштети споменикот? Не“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

(Видео) Стојанче Ангелов: Со менување коалиција се добива страничен удар во честа и моралот, но и аплаузи

„Со менувањето на коалиција се добива страничен удар во честа и моралот од одредена катеогрија на граѓани, а од друга категорија добивате аплаузи“. рече генерал Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство“ во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој посочи дека тоа што не е со СДСМ туку со ВМРО-ДПМНЕ не е менување страна.„Бев многу јасен кога ја напуштив коалицијата со СДСМ и кога пристапивме кон ВМРО-ДПМНЕ. Јас како Стојанче Ангелов, како неофрмален лидер на македонските бранители - сум секогаш на страна на бранителите. СДСМ не го испорача тоа што го барав дискретно, а потоа и јавно“, рече Ангелов.Тој смета дека Талат Џафери не му е шеф, иако е технички премиер на Владата под чија надлежност е Центарот за управување со кризи.„Вака кога ќе кажете дека вам ви е шеф - делува грубо. Тој можеби е претседател на Владата, но не е единствен кој одлучува“, додава Ангелов.Погледнете го целиот подкаст:

Македонија | пред 1 година

Najava-za-fejsbuk-copy

(Во живо) Го претресуваме Стојанче Ангелов

Го претресуваме Стојанче Ангелов во подкастот „Претрес со Ландов.Дали и како победи во битката за тронот која ја биеше со Талат Џафрери. За бранителите и битката за семејствата која ја биеше со коалицијата За Ковачевски и Заев, но и за новата коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Прашајте го и вие, сѐ што ве интересира преку коментари на јутуб и добијте одговор во живо.Дали ќе кршиме керамиди или ќе решиме некоја криза, дознајте сами.Бидете со нас:

Македонија | пред 1 година

IMG_4723

(Видео) Завршени претресите и уапсени лица за убиството на докторот во Железара - мотивот не е неговата професија

Две лица се приведени, а полицијата врши претреси во врска со убиството на матичниот лекар Ацо Трповски, преземени се 20 истражни дејствија, прегледани над 50 камери со видео записи за 7 дена во овој предмет – открива техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во првата епизода на „Претрес со Ландов“.„Во овој момент се постапува по наредба од судија во претходна постапка и се врши претрес на одредена локација. Има осомничени за предметниот кривичен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излеземе со конкретни информации. Се надевам дека во текот на утрешниот ден јавноста ќе биде известена за овој случај, преземени дејствија на МВР како и од јавниот обвинител“ – рече Тошковски.„Мотивот со убиството не е поврзан со професијата која што ја објавувал сега убиениот“ рече Тошковски.На 21.03.2024 во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.Следете го Претресот на Панче Тошковски во живо:https://www.youtube.com/live/SEe5qCrROFU?si=TEKwKKA_axXXi2Z0

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-27-at-23.41.24-1

Тошковски открива нови детали за убиството на лекарот во Железара: двајца уапсени

20 истражи дејствија се преземени, прегледани над 50 камери видео записи за 7 дена во овој предмет - открива техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во првата епизода на „Претрес со Ландов“.„Во овој момет се постапува по наредба од судија во претходна постапка и се врши претрес на одредена локација. Има осомничени за предметниот криивчен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излезе со конкретни информации. Се надевам дека во утрешниот ден јавноста ќе биде известена за овој случај, преземени дејствија на МВР како и од јавниот обвинител“ - рече Тошковски.„Мотивот со убството не е поврзан со професијата која што ја објавувал сега убиениот“ рече Тошковски.На 21.03.2024 во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.Следете го Претресот на Панче Тошковски во живо:

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Македонија го доби првиот видео-агрегатор prvatv.mk

Македонија го доби првиот видео-агрегатор – „Прватв“ (www.prvatv.mk). Од сега, на едно место, можат да се најдат сите видео содржини – подкасти, информативни емисии, забавни емисии, дневни настани. Сега е полесно од било кога да го најдете било кое видео, да ги пребарате сите интервјуа на одредена личност во различни медиуми, да прегледате изјава.На дневна основа, најбрзо ги добивате сите нови објавени видеа од македонски автори. Сите селектирани во засебни категории. Лесно за сортирање, а уште полесно е да дојдете со сите видео подкасти – бидејќи можете да пребарувате и по автор.Важно е што „Прватв“ ги почитува авторските права на сите објавувачи на видеа. На „Прватв“ можете да видите само наслов од видеото, а со клик на истото, пристапувате кон целосната содржина и овозможувате поголема гледаност на авторското видео.Авторите кои не се индексирани, тоа може да го направат преку секцијата „Индексирање“ или на мејл.Страниците се освежуваат по стотици пати во текот на денот, за да најновите содржини бидат достапни набрзо по нивното објавување.„Прватв“ нема редакција, туку претставува автоматизиран систем на агрегирање на видео-содржини. Истиот е во развојна фаза и следува негова напредна верзија и проширување во повеќе држави.Издавач на „Прватв“ е СТ Групација, која истовремено е издавач на информативниот портал „Скопје1“, порталот за правда и правосудство „Претрес.мк“, таблоидот „Медиасет.мк“, здравствениот портал „Инфо.семед.мк“.

Магазин | пред 2 години

6f9748c3-834a-4c7e-8bd7-db3dd9cf152f

Со ексклузивни информации: Првиот „Претрес“ го правиме со Панче Тошковски!

Првиот „Претрес“ во живо е со Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи. Ќе ги претресеме сите актуелни теми – од убиства до проблемите со личните документи. Ќе ги отвориме вратите на МВР за да видиме што се случува зад четирите ѕида и ќе видиме што се случува внатре.Што се крие зад убиството во Железара, што се случува со пасошите, со криминалните банди и нивните пипци во МВР и другите институции, недовршените истраги, потезите кои ги правел Оливер Спасовски, но и за тоа кој „продава“ информации кои треба да се тајни. Кои се недопирливите и како се водат истраги во МВР..Следете нѐ на јутуб каналот „ПРВАТВ“ и prvatv.mk – среда, 21:00 часот!Претплатете се бесплатно тука - бидете известени штом почнеме ВО ЖИВО 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-25-at-08.44.11

(Видео) Ексклузивно: ПРВАТВ Ви најавува нов подкаст - ПРЕТРЕС со Ландов!

Во време на експанзија на поткасти, пред вас е вистинскиот.Кредибилно и објективно, на секоја тема со секој гостин.Темите ги одибраме заедно со Вас, а за секоја тема, имаме јасен став.Следете нѐ секоја среда во 21 часот, на јутуб каналот на ПРВАТВ.МК.Ова е почеток, на вистинско претресување на оние кои ни ја кројат судбината.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

По преземени мерки и активности, на 05 и 06.03.2024 во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје.На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и  други  предмети со остатоци од наркотична дрога.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-23-at-10.05.21

(Видео) Македонка брутално убиена од сопругот во Германија - крвопролевањето се случило пред очите на детето

Македонка брутално е убиена во германскиот град Есен, пишува „Билд“. Станува збор за 41-годишна жена од Кавадарци, која живеела таму заедно со нејзиниот 9-годишен син. Бруталното убиство се случило пред очите на нејзиниот син, пишува германскиот медиум. Имала тешки повреди и обидите за спас од страна на Итната помош биле неуспешни. Првичните информции на „Билд“ говорат дека случајот го пријавил повозрасниот син кој има 16-години. Дома, затекнал како неговиот помал брат стои пред заклучената врата на станот. Внатре, ја затекнале жената искрварена. Осоминчен е таткото, кој има 47-години и македонско државјанство.Мажот е уапсен откако првично се дал во бегство. Бил фатен во соседен град и не давал отпор.Essen: Ehemann ersticht Ehefrau zu Hause – vor den Augen ihres Sohnes? | Regional | BILD.deОва е второ убиство во Есен за неколку дена. Претходно, германските медиуми известија дека бил убиен 32 годишен Македонец.

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-02-23-at-10.39.18

„Во МТВ се земаат возачки на лица кои не доаѓаат лично“ - сведоштво за хаосот во институциите

Сабина Факиќ, сподели искуство од пунктот на МВР во МТВ каде се подигнуваат личните документи.„Во пунктот во МТВ еден работи на издавање возачки дозволи, а документите се послани дел на биро, а дел на под. Доаѓа негов колега и прашува каде се подредени итните возачки и како одат буквите и наоѓа возачка дозвола за извесното лице (кое не е присутно) и мртов ладен се потпишува и ја зема.Го прашувам – како тоа зема туѓа возачка дозвола, на што дрско ми возврати која сум јас да го прашувам и ме упати да се жалам кај началничката. Му реков дека не ми е тоа намерата туку да го засрамам јавно затоа што од таквите како него е созададен хаосот во институциите. Вработениот кој ги издаваше возачките молчеше. Виновни се и двајцата. Случајно или не, по кавгата мојата возачка дозвола не можеше да се најде“, пишува таа.Голем дел од граѓаните не и по еден месец не ги добиваат документите, без разлика дали ги вадат по редовна или итна постапка.

Коментари | пред 2 години

joseski-isceznat

Прилепчанец исчезна пред два дена, пронајден е мртов: „телото е дадено на обдукција“

Прилепчанецот Александар Јошески по кого се трагаше два дена, синоќа е пронајден мртов, објавија членовите на неговото семејство.„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е веќе меѓу нас“, напишаа од семејството.Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“. Од МВР велат дека телото е дадено на обдукција.„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања