Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

vilma2

(Видео) Русковска најави „ас“ во ракавот за СДСМ: Koј и како ја спакувал

Разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во „Претрес“ кај Ландов тврди дека има „ас“ во ракавот за СДСМ ако одат на суд.Долги објаснувања за тоа „кој ја спакува“.Таа смета дека е СДСМ, но вели со добра помош и од ВМРО-ДПМНЕ.Целиот Претрес можете да го погледнете во видеото.

Македонија | пред 1 година

Vilma-vo-Pretres

(Видео) Русковска: Со Заев не сум правела пазар, но тој ми бараше полесна квалификација на делото за 27 април

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во „Претрес“ кај Ландов.„Професионално го сработев предметот. Не сум правела селекција. Захарие Симовски беше осуден“, рече Вилма Русковска.Ландов во емисијата ѝ покажа изјава дека Симовски носел оружје, признал во судница, но бил амнестиран.Негираше дека имала пазар со Заев. Не одговори конкретно колку пати се слушнала со Заев.„Заев ми бараше да биде полесно кривично дело за 27 април поради уставните измени”, вели Русковска, но тоа за неа не било влијание.

Македонија | пред 1 година

Ruskovska-vo-Pretres

(ВО ЖИВО) Вилма Русковска за „Претрес“: Мислам дека СДСМ ме спакува со помош од ВМРО-ДПМНЕ

Екс шефицата на ОЈО ГОКК, разрешена од функцијата, Вилма Русковска, гостуваше во „Претрес“ кај Ландов.Таа е среќна што жива и здрава дочекала пензија.„Јас не сум верник и не верувам во колнење. Тие што колнат ги стигнува казна”, рече Русковска.Таа се уште се шета со обезбедување. Русковска посочи дека обвинителите се само странка во постапката. Судиите го имаат последниот збор.„Секогаш сум работела според докази.Совесно сум ја работела работата. Чиста ми е совеста”, вели Русковска.За изјавата пред 4 години дека и да сакаат не можат да ја сменат, вели „они не ме сменија, туку ме разрешија“.„СДСМ ме спакуваа со помош од ВМРО-ДПМНЕ”, рече Русковска, посочувајќи дека има адут да докаже за СДСМ. Според неа, сѐ почнало кога почнала да ги гони поранешните генерални секретари на Владата, Рашковски и Зекири.

Македонија | пред 1 година

Pretres-so-Ruskovska

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Вилма Русковска! 27 април, Рекет, Империја, Мијалков и Камчев, спогодби, бегства...

За првпат во студио ќе претресеме обвинителка, и тоа не било која, туку Вилма Русковска. За нејзиното име се врзуваат многу предмети, но и многу обвинувања. Многу очи се вперени кон нејзиното постапување, пред неславно да ја заврши кариерата – со разрешување.Од Рекет, 27 април, разговорот со Сашо Мијалков (неговите спогодба и бегство кое не е бегство), до обидот да го спакува директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, Меѓународен сојуз, претресите кои таа ги правела, но и спогодбите кои ги склучувала...Што и зема политиката и кој политичар и наштети, до ацкијата во Грчец и одговорот на прашањето: како на неа и протекоа информациите?! Како избега Груевски?! За протечените документи од Обвинителството, но и цели разговори во „Ла верита“.. Нема да заборавиме да ја прашаме и за Фехми Стафа, Орце Камчев, нејзиниот внук кој е обвинител, снимката на која се смее а зборува за истрага.. За империјата од „Империја“ со која се спогоди.Ова е само дел, следете „Претрес со Ландов“ во живо:

Македонија | пред 1 година

ZAEV-KOVACEVSKI-1

(Видео) Заев vs Ковачевски: „мерцедесот“ на Груевски ги подели експремиерите

Заев ветуваше продажба на “мерцедесот” на Груевски кога доаѓаше на власт.Ковачевски вика “не е за продавање”.Не го пропуштајте поткастот во кој прашавме сѐ што не било прашано досега.?t=7410

Македонија | пред 1 година

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во „Претрес со Ландов“ одговараше дали Миле Зечевиќ беше најдобар кадар со кој располагаа за да биде назначен за генерален секретар.„Што е најдобро, во одреден момент, има различна тежина. Кога доаѓате за претседател на одредена партија, располагате со одредени ресурси. Во тој момент тој беше единствениот кандидат за генерален секретар. Имаше свој амбиција да стане генерален секретар“, рече Ковачевски.Тој одговараше и дали има страв од Зечевиќ:?t=3687

Македонија | пред 1 година

zorica-gjorcevska-vanja

(Видео) Ќе севдочи мајката на Вања: какви прашања ќе добие од таткото, раскажа неговиот адвокат Туфегџиќ

Нема причини за да се одложи судењето против обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па во понеделник во судница се поканети тројца сведоци. Судот испрати наредба за спровод на обвинетите од затворот „Скопје“ во Шутка, како и покани до сведоците. Прва ќе сведочи Зорица Ѓорчевска, мајка на грабнатата и убиена Вања Ѓорчевска.Мајката и таткото на Вања се разведени, а Ѓорчевска беше старател на Вања. Таа прва јавила кај таткото дека девојчето не се појавило во училиште, па потоа имало и пријава до полциијата. Ѓорчевска била постојано вклучена и во истрагата.Во подкастот „Претрес со Ландов“, адвокатот Владимир Туфегџиќ раскажа кои одговори ќе се бараат од мајката на Вања. Посочи и дали од мајката биле земени уреди за вештачење по грабнувањето, но и за контактот меѓу таткото и мајката. Туфегџиќ беше прашан и дали можеби мајката се знае со обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.?t=4590Со враќањето на обвинетиот Боре Видевски од болница во затвор, нема повеќе причини за одлагање на рочиштата.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) По „Претрес“ ќе се вештачи миксетата на починатиот Љупчо: од што почина? Родителите талкаат по одговори

Институциите се размрдаа откако мајката и таткото на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко јавно во поткастот „Претрес со Ландов“ ги изнесоа сите сомнежи и чудни околности за смртта на нивниот син. Три месеци не знаат што е причината за смртта бидејќи Судска медицина нема изработено обдукциски наод. Љупчо почина во приватна вила во Радишани. МВР објави дека причината е струен удар. Но, миксетата наместо на вештачење - останала кај сопственикот на вилата, кој ја вратил кај родителите, а родителите ја донесоа и во студиото на „Претрес“. Осум дена по поткастот - таа е одземена од нив.Раде Лешко, татко на диџејот Љупчо Лешко, за „Скопје1“ откри дека од нив била побарана медицинска документација и комплетната опрема на неговиот син, за која претходно се разговараше во „Претрес“. Од нив се одземени шест предмети, меѓу кои и лаптопот и ДЈ-контролерот преку кои Љупчо пуштал музика критичната ноќ.„По налог на јавен обвинител доставивме целокупна медицинска документација на Љупчо и неговата комплетна опрема, земена за вештачење во Крвни деликти“, вели Лешко за „Скопје1“.?t=4915Сепак, и натаму недостига причината за смртта. Семејството Лешко и натаму талка по одговорот - како почина Љупчо. Три месеци чекаат за обдукцискиот наод, кој Судска медицина не го изготвија. Наместо тоа, добија најава за можна кривична пријава, оти честото јавување со прашања, за директорот е притисок.Според директорот на Судска медицина, Александар Станков, ова е само укажување, а не закана.„Родителите и блиски роднини на покојниот во повеќе наврати се примени на разговор во Институтот за судска медицина, со нив е дополнително разговарано и им е дадено објаснување. Закани за кривична пријава кон нив немало од ниту еден вработен во Институтот, туку им е укажано дека вршењето на притисок врз службено лице може да резултира со кривична пријава. Работата на нашиот Институт не е брзо завршување на обдукционите наоди, туку нивно прецизно, точно и со докази и анализи поткрепено изготвување“, вели директорот Станков за „Скопје1“.Сепак, родителите тврдат дека не биле на никаков разговор. Единствено таму била сестрата на Љупчо, Стефанија. Тие пак, посочуваат дека секојпат кога ќе се јавеле им велеле да ги побараат за два-три дена. Кети Лешко, мајка на починатиот Љупчо, бара Судска медицина да го докаже ова со снимки од надзорните камери, дека тие навистина биле таму на разговор.„Како одговор на изјавата на директорот на судска медицина сакам да ви потврдам дека ние како родители никогаш не сме биле физички во судска медицина, туку од страна на доктор беше повикана нашата ќерка на информативен разговор само околу срцето на нашиот син, но не и за информации за причината за смртта, што беше изречито кажано од истата докторка. Понатаму, ако зборовите 'Дека ако повторно пратиме блиско лице, или досаѓаме по телефон', дека како службено лице вработено во таа институција има право да поднесе кривична пријава за вршење притисок и мешање во истрагата не е закана, тогаш не знам што е, ама укажување секако не е. Ако прашањата дали има резултати се мешање во истрагата или вршење притисок, во ред, ќе прифатиме. Сепак, мислиме дека не се. И ако е така, тогаш би го замолил директорот да им укаже на неговите вработени, кога ќе се јавиме да не ни викаат јавете се за два дена, три дена, другата недела итн. Нашата ќерка беше таму и имаше краток разговор за кој она ќе ви пише и ќе ви каже каков одговор добила“, вели Раде Лешко, татко на починатиот Љупчо.Родителите посочија и дека вработен во МВР, уште на стартот на истрагата која го бара одговорот од што починал Љупчо, им кажал дека случајот ќе се затвори како незнајна смрт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Чии интереси застапуваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министер во Владата на Ковачевски? Баравме одговор од експремиерот и експретседател на СДСМ.Со пари од буџетот лобираше за Косово. Зошто ова го дозволувал првиот човек на Влада? Дискусија, аргументи, судир на ставови..?t=6002

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Го удрил ли Ковачевски, претседателот на СДММ со телефон по глава?

Направивме уште еден „Претрес“ – многу неспоменати информации сега се најдоа во поткастот, кој треба да го изгледате. Наш гостин беше експремиерот Димитар Ковачевски.Имавме дебата за сите скандали кои го пратеа како премиер: од пазарењето со камери по маркети, до семејни бизниси, ДУИ, Мијалков, Груевски… даде одговор на буквално сите прашања кои досега беа неодговорени.?t=3926

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-at-22.53.49

Ковачевски: Со Филипче имаме коректни односи

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во Претрес со Ландов кратко одговори и за односите со актуелниот партиски лидер Венко Филипче.„Се гледаме во Парламент и имаме коректни односи”, рече Ковачевски.За Оливер Спасовски рече дека е искусен политичар.

Македонија | пред 1 година

Kovachevski-vo-Pretres

Ковачевски: Гоце Делчев е Македонец, францускиот предлог не е уцена

Македонија е единствена држава која направи големи отстапки за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, рече во Претрес со Ландов екс премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.„Францускиот предлог не е уцена. Гоце Делчев е Македонец”, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

kovachevski-pretres-4

(Видео) Ковачевски: Со Груевски не се познавам

Димитар Ковачевски, пратеник, експремиер и поранешен лидер на СДСМ, вечерва во „Претрес“ со Ландов изјави дека со Никола Груевски не се познава.На настанот за МНТ, на кој говорел Груевски, а позади е и тој, Ковачевски вели бил во работно време како претставник на Телеком.

Македонија | пред 1 година

kovachevski-pretres-2

(Видео) Ковачевски: Со Заев не сум се скарал никогаш

Експремиерот и лидер на СДСМ, пратеникот Димитар Ковачевски, вечерва во „Претрес“ со Ландов одговара на актуелни теми.„ДУИ се вратија на националната агенда со својот стар партнер ВМРО-ДПМНЕ. И јавно сум му укажувал на Ахмети за грешките“, рече Ковачевски, не одговарајќи конкретно на прашањето за грешките на ДУИ.„Со Заев не сум се скарал никогаш, имаме колегијална соработка и ми даде поддршка за изборот“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

kovachevski-pretres-1

(Видео) Ковачевски во Претрес: Добро е што се укина балансерот

Добро е што се укина балансерот, вака во Претрес со Ландов, поранешниот премиер и лидер на СДСМ, актуелен пратеник, Димитар Ковачевски ја коментираше денешната одлука на Уставен суд.Балансерот е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните амандмани.„Но, балансерот потоа се злоупотребуваше. Македонци се изјаснуваа за Албанци, Роми Турци, Албанците за Турци, Власи за вработување и не ги даде резултатите“, рече Ковачевски.Конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.„Ова е одлука на Уставен суд и не се коментира. Надминато е решението. Добро е што се укина балансерот бидејќи ќе треба ново решение“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

tace2

🔴ВО ЖИВО: „Претрес“ на Димитар Ковачевски: скандали, „Маџар телеком“, ракоплескање на Груевски, смешкање на Ахмети

Гостин во „Претрес со Ландов“ вечерва е експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски кој во текот на изборите рече „Јас пак ќе бидам премиер, а РСМ ќе биде во ЕУ до 2030 година“. За скандалите со купување мечиња од државна сметка, приватните бизниси, францускиот предлог кој донесе нови блокади од Бугарија, за Заев и Црвенковски.Беше 18 години дел од „Телеком“ и на него се лепат многу скандали. Му плескаше на Груевски за „Скопје 2014“, му се смешкаше на Али Ахмети на стадионските трибини. Дали е претивок пред ВМРО-ДПМНЕ? Зошто?Кој на кого удри со нож во грб: Ковачевски-СДСМ или обратно? Зошто остана пратеник, ако крена раце од претседателското место во СДСМ? Кој му го наметна Миле Зечевиќ? Правдал ли свои одлуки викајќи „бев во Амбасада“? За олигархијата, јавувањата кај Артан Груби, уцените, присуството на срам, реваншизмот.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) „Овој случај ќе се заврши како незнајна смрт“, родителите на Љупчо сведочат дека лице од МВР им прогнозирало како ќе се затвори случајот

Во официјалниот билтен на МВР стои дека 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко починал од струен удар. Официјално лице кое правело увид на местото им кажало на родителите дека не починал од струен удар.Иако вештачењата и обдукцијата не се завршени, според нив, официјалното лице прогнозирало и како ќе се затвори случајот. Според кажувањата на родителите, лицето од МВР рекло дека се ќе заврши како „незнајна смрт“, што значи дека тие нема да знаат од што починал Љупчо.Сведоштвото кое ја фрапираше македонската јавност е достапно во поткастот „Претрес со Ландов“.?t=4876

Македонија | пред 1 година

lesko

(Видео) Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот диџеј Љупчо добиле закани од Судска медицина, сведочи мајката

Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот Љупчо добиле закани од Судска медицина. Ова го просведочи мајката Кети Лешко во „Претрес“.Три месеци поминаа од трагедијата кога на приватна забава во Радишани каде Љупчо пушташе музика, тој почина од струен удар.Родителите сведочат како работат институциите.?t=4878

Македонија | пред 1 година

samoil-kostadinovski

(Видео) Каде е внукот на Љубе Бошкоски, кој се уште се води за исчезнат? Одговара обвинетиот за негово грабнување

Александар Трпковски, обвинет за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред една година, даде одговор каде е 26-годишникот по кого трагаше цела Македонија. Веќе година и половина нема ни трага ни глас од младиот скопјанец.?t=3234Таткото знаел за „бизнисот“ на исчезнатиот Самоил и лежел 12 години затвор за хероин. Ова го тврди Александар Трпковски, обвинет за грабнувањето. Деталите погледнете ги во поткастот. Во поткастот беше поканет и таткото на Самоил Костадиновски, кој не одговори на поканата.

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) Родителите талкаат по одговори за Љупчо: Жив на хартија, а погребан по трагична смрт на приватна забава

Жив на хартија, а погребан по трагична смрт на приватна забава во скопско Радишани каде бил викнат да пушта музика. Ваков е статусот на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко.Родителите трагаат по одговори. Три месеци ги чекаат вештачењата, но и резултатите од обдукцијата. Мајката и таткото во „Претрес со Ландов“ раскажаа какво малтретирање добиваат од институциите.Потресната исповед е тука:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-223043

Родителите на починатиот диџеј Љупчо Лешко и по три месеци бараат одговори како починал нивниот син

Кети и Раде, родителите на диџејот Љупчо Лешко кој почина на приватна забава од пријавен струен удар, во „Претрес“ со Ландов бараа одговори од надлежните која е вистинската причина за смртта на нивниот син.„Поминаа три месеци, а немаме одговор. Свесни сме дека треба време за испитување и обдукции. Не се сомневам дека е струен удар. Имаше полиција, вештак, јавен обвинител, не знам што се работеше. Три кабли и адаптерот се земени. Струен удар од краток спој стоеше во билтенот од МВР. Не обвинувам никого, но симптоматично ни е, дека според кажување на децата таму цело време имало пецкање од струја”, вели таткото.Дел од опремата бил нивен, а дел на сопственикот.Таму инаку се забавувале 40-50 деца. Целата опрема на Љупчо била исправна кога им ја вратиле.„Лице од крвни деликти ни кажа дека нашиот син имал проширено срце бидејќи бил фудбалер. Нашиот син не бил фудбалер. Друго ни кажа - немало струен удар и дека ќе заврши како незнаен случај”, вели Раде.Предметот до минатата недела не е даден во форензика. Нема обдукциски наод и тие не можат да извадат посмртница. Мајката вели наместо одговори од лекарка добила закана со кривична пријава ако се јави уште еднаш.„Нема одговори дали е несреќен случај, струен удар или нешто сосема друго. Љупчо влегол во базенот, излегол и продолжил да пушта музика. Љупчо немал толку зголемено срце како што тврдат, Љупчо немаше здравствени проблеми, само забрзано работење на срцето пред неколку години”, велат родителите.Мајката посакува никој да не доживее таква болка како тие, но ја бараат вистината и се грижат за другите две деца.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-215833

(Видео) Љубе ја нема моќта како со Оливер, вели Трпковски, осомничен за грабнувањето на Самоил, внукот на Љубе Бошкоски

Александар Трковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски се предаде на правосудните органи по година и пол бегство.Пред предавањето даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.„Љубе Бошкоски ја нема таа моќ како на времето со Оливер Спасовски. Надвор од државата бев кога се пукаше врз таткото на Самоил“, рече Трпковски.Претрес кој го бараше и таткото на Самоил да ја каже и неговата страна, а тој не одговори на повиците, останува отворен за негово гостување во емисијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-215827

(Видео) Ексклузивно за Претрес еден од осомничените за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски: Со моќта на Љубе и Оливер таткото врши притисоци

Пред да се предаде на правосудните органи, Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски, седна пред камерата и даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.„Не сме имале проблеми, никогаш не сум работел со хероин, а ни Самоил. Немало должничко-доверителски односи“, вели Трпковски.Денот кога Самоил бил грабнат имал секојдневни семејни обврски.„Со моќта на Љубе Бошкоски и на Оливер Спасовски татко му вршеше притисок и мене да ме вметнат во случајот. Имаше притисоци од таткото на Самоил кој седеше пред куќи со оружје. Љубе и Оливер му даваа одврзани раце“, рече за Претрес, Александар Трпковски.12 години таткото лежел во затвор за бизнис со хероин. Работата излезе од контрола, вели Трпковски и таткото сака повеќе луѓе да инволвира. Не знае каде е Самоил.И обвинителството тврди имало притисоци.Во емисијата го поканивме и таткото на Самоил, но тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-214328

(Видео) Димитриевски во Претрес: Виновни се тие што ги отворија вратите на 27 април, бараме повторно судење

Во „Претрес со Ландов“, гостуваше Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.Тој тврди во критичните моменти не бил пијан. Призна дека користел недозволени супстанци, но со ресоцијализацијата е чист.„Вистината ќе излезе на виделина. Бараме повторно судење. Го сакам ова парче земја. Ова не беше терористичко загрозување, немаше оружје, само револтиран народ“, рече Димитриевски.Тој кажа дека од 5 години е член на ВМРО-ДПМНЕ. Комитите, рече тогаш не беа активни.Нинџа го запознал во затвор, но не сакаше да коментира.„Највеќе се виновни тие што ги отворија вратите. Пратениците требаше да ги решат проблемите внатре“, рече тој за Претрес.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-211638

(Видео) Осудениот за обид за убиство на Села, Димитриевски во Претрес: Фрлав со предмети, но не сум убиец, верувам во Мицкоски

Не сум убиец и не го удрив Села, рече во „Претрес со Ландов“, Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април при упадот во Законодавниот дом.„Не го направив ова за што сум осуден. Во Собрание влегов поради револтот за изборот на Талат Џафери. Не требаше народот тоа да го решава туку внатре пратениците ова да си го решат“, рече Димитриевски.Во Собранието влегол со капуљача со превоз, но носел вообичаено капуљача.„Мислев дека нешто добро за народот ќе направиме. Верувам во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе се изнајде решение, јас не барам милостина туку правда“, вели за Претрес.Тој објаснува дека самоиницијативно отишол во Собрание и никој не ги повика.„Во пресудата стои дека тие што мавале се НН лица, јас не го мавав, туку како што стои во пресудата сум барал начин како да го удрам“, вели Димитриевски.Призна дека мавал со предмети, но дека не е убиец.„Немав желба да го удрам Села“, рече Димитриевски.Тој е на отслужување на казната затвор, а во моментов е на лекување.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања