Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

media-librarytjqu23vlcfa7bgh2CNw

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Му верувам на Груевски и не е криминалец

Драги Митковски Книга во „Претрес со Ландов” вели дека реално не биле триаголник со Данела Арсовска и Никола Груевски, но полесно доаѓал до проекти поради другарството со Груевски.„Одговорно тврдам дека Груевски не се мешаше и не учествуваше во изборот на Данела за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје”, вели Митковски.Реално му верува на Груевски и не верува дека е криминалец.Сака да биде повикан како од Груевски, Заев, така и од Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv75mih220108dSUikkJ

(ВО ЖИВО) Драги Книга: Со Данела не се сакаме и не комуницираме, со Груевски се знаеме од деца

Драги Митковски, викан Книга, кој беше еден од најблиските луѓе од доверба на екс градоначалничката Данела Арсовска и практично кадровик за директори на јавните претпријатија и кој ја прекинал комуникацијата со Арсовска е гостин во „Претрес со Ландов”.Со Данела Арсовска вели не се сакаат и не комуницираат.За себе вели дека бил на функции и во време на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а сметководителството не познава партиски граници.Со Груевски бил другар од детство и тие се најчисти дружења.„Груевски ми фали за муабет”, вели Митковски кој за себе вели дека е средно имотен човек.На трети лица и во странство нема имот.Во Претрес следете отворен муабет за поврзаноста на политиката, бизнисот, подземјето.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrhafhbf56bon3RYxwoY

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... сведоштва и поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето

Во вечерашното издание на „Претрес“, гостува Драги Митковски, човек кој со години се движел на линијата меѓу бизнисот, политиката и институциите на системот. Разговорот не е промоција на книга, туку јавно сведочење за тоа како се носат одлуки зад затворени врати и кој навистина ја има моќта во државата.Митковски отворено ќе зборува за односите со Никола Груевски, за соработката со министрите во неговото време, за падот на поранешната власт и за прашањето зошто неговото име никогаш не се појави во прислушуваните разговори. На маса се ставаат и сомнежите за фирми во сенка кои се шпекулираше дека се на Груевски, политички договори и прагматични одлуки донесени во клучни моменти.Во емисијата се отвора и односот со Зоран Заев, притисоците врз Стопанската комора, апсењата на бизнисмени како Сеат Кочан од „Трансмет“ и конфликтите меѓу политичката власт и бизнис-елитата. Митковски зборува за моментите кога одбивал да застане зад политички одлуки – и за последиците од тие одбивања.Посебен фокус е ставен на соработката со Данела Арсовска, периодот во кој, според тврдењата, се случувале сериозни институционални блокади, контроверзни тендери, притисоци и внатрешни судири во Град Скопје. Се отвораат прашања за тоа кој реално управувал со процесите и како ескалирал конфликтот што доведе до целосен колапс на односите.Во „Претрес“ се зборува и за личните последици од ваквото позиционирање: закани, кршење канцеларии, запалени автомобили и притисоци врз најблиските. Митковски одговара и на обвинувањата за наводни врски со подземјето и странски служби, како и на прашањето дали има политички амбиции и дали ќе се кандидира за градоначалник на Ѓорче Петров.Следете во живо и прашувајте:

Студио | пред 3 месеци

media-libraryeba4nf6e3aeb6nn1rNu

(ВО ЖИВО) Талевска: 100 марки платив за да дојдам до Доста Димовска

Новинарката Ивона Талевска во ,,Претрес со Ландов” откри дека платила 100 тогашни германски марки за да добие контакт со поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска.Не го открива името на лицето кое и го дало телефонскиот број на Димовска.Вели дека запаметена во нејзината кариера ќе биде по многу нешта, меѓу кои известувањето од воениот конфликт.Не и е криво што Снежана Лупевска беше новинарката на која и се случи Танушевци.„Тогаш некој одлучи информацијата да ја има тогашната А1 телевизија а не Сител.Снежана Лупевска ми е една од најдрагите личности”, вели Талевска, негирајќи ги информациите дека тие двете не комуницираат.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3jeocpged20i0FRAM9t

(ВО ЖИВО) Талевска: Владата на Груевски беше најуспешна до Мицкоски, владеењето на Заев е најмрачно

Ивона Талевска е гостин во „Претрес со Ландов”. Таа вели дека ја подржува десната опција. Талевска смета дека треба да ја работиш најдобро работата, а не, како што вели, да гледаш во семафорот и да не ги гледаш коментарите на социјалните мрежи бидејќи според неа 90 проценти се негативни коментари.„Владата на Никола Груевски беше една од најуспешните влади до доаѓањето на Мицковски. Сопствениците уредуваат а не новинарите, медиумот е бизнис. Ние не навиваме, само пренесуваме”, вели Талевска.За неа владеењето на Заев се смета за најмрачен период.Во професијата тврди трае долго, и покрај искушенијата од владеењето на СДСМ и ДУИ.„Се уште ме гледаат, ми веруваат и ме читаат. Порталот Вечер е најчитан портал”, вели во ,, Претрес со Ландов”, Ивона Талевска, која за себе смета дека е храбра, упорна и силна личност.

Скопје | пред 3 месеци

media-library6p4qn465t5g6dGLmshp

(ВО ЖИВО) Претрес на Ивона Талевска

Новинарката Ивона Талевска ќе биде гостинка во емисијата „Претрес“, каде во долга и отворена форма ќе се разговара за нејзината професионална кариера, медиумската сцена во Македонија и клучните настани што со години предизвикуваат силни јавни реакции и контроверзии.Во фокусот на разговорот ќе бидат периодот на прислушуваните разговори („бомбите“) и нивното влијание врз нејзе, Латас и политиката.Талевска ќе зборува и за заминувањето од телевизијата „Сител“, кое самата го опиша како напуштање на „токсична атмосфера“, како и за односите меѓу медиумите и политичките центри на моќ во тој период. Дел од разговорот ќе биде посветен и на нејзините јавни настапи, перцепцијата за нејзината блискост со актуелната власт, како и на критиките дека често настапува со позиции што се доживуваат како одбрана на владините политики.Како претседателка на Македонската асоцијација на новинари (МАН), Талевска ќе одговара и на прашања поврзани со улогата на здружението, реакциите за состојбата со медиумските слободи и обвинувањата за селективен пристап во заштитата на новинарите.Во емисијата ќе се отворат и теми за нејзините професионални контакти со поранешни високи политички функционери како Груевски и Мијалков, медиумската одговорност во време на длабоки политички кризи.Разговорот ќе има и лична димензија, со осврт на новинарскиот пат и влијанието на нејзиниот татко, новинарот Труфин Талевски, како и пораките што таа ги упатува до младите новинари денес.Следете во живо:

Студио | пред 3 месеци

kacarska

(Видео) Кои судии и обвинители имале кариери како „цедевита на растворање“?

Во емисијата „Претрес“ се отвори остра и директна дебата за состојбата во правосудството, одговорноста на власта и очекувањата на граѓаните за правда. Разговорот меѓу новинарот Ландов и Андоновски се движеше од прашањето за политичко влијание врз судството, до конкретни имиња на обвинители и судии и нивниот брз кариерен напредок.Андоновски оцени дека во минатото постоеле „инстант брилијантни кариери“, споредувајќи ги со „цедевита на растворање“, алудирајќи на обвинители и судии чие напредување, според него, било директно поврзано со политички инструкции од тогашната власт. Се споменаа имињата на судијката Добрила Кацарска и обвинителката Вилма Русковска. Тој посочи дека јавно се зборувало за пресуди уште пред тие да бидат прочитани во суд, а дека пораките и насоките доаѓале од Владата, што, како што рече, подоцна се рефлектирало во кариерните скокови на поединци во правосудството.Ландов, од друга страна, директно го постави прашањето дали воопшто може да се зборува за вистинска правда, ако Владата не се соочи со, како што рече, „корумпираните обвинители и судии“. Тој потенцираше дека граѓаните не ја дале довербата на власта за да слушаат објаснувања дека судството е посебна власт, туку за да видат конкретни резултати и одговорност.Андоновски возврати дека обвинителството е засебна власт и дека секое директно мешање би било протолкувано како деспотизам. Според него, улогата на Владата не може да биде истовремено и судија и обвинител, но призна дека доколку обвинителството било поактивно, постапките ќе се одвивале побрзо и чувството за правда кај граѓаните ќе било поголемо.На прашањето дали се поднесени кривични пријави против конкретни обвинители и судии, Андоновски потврди дека во овој период нема нови пријави, иако, како што рече, претходно имало обиди. Засега, тие постапки немаат резултат. Сепак, тој нагласи дека очекува секој што се огрешил пред законот да одговара, без разлика на функцијата, како единствен начин да се изгради држава во која граѓаните ќе имаат доверба.Ландов заклучи дека токму тоа е суштината на очекувањата на јавноста – правда која ќе се почувствува, а не само принципиелно дистанцирање од судската власт.Mногу прашања се поставија... меѓу кои и за Груевски:

Македонија | пред 3 месеци

media-library78l6eg5c2gb51aoQLmj

(Видео) Нов предлог како да се плаќаат казните од „Сејф сити“: треба да се внимава на позиционираноста на камерите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во „Претрес“ говореше за примената на системот „Сејф сити“ и потребата од негово континуирано подобрување. Тој истакна дека првите денови од имплементацијата покажале дека постојат бројни коментари од јавноста, по што е неопходно да се направи детална техничка ревизија.„Треба да се подобрува системот. Имаше доста коментари. Од технички аспект сметам дека треба да се внимава дали камерите се позиционирани како што треба, дали ги снимаат вистинските прекршоците, дали има проблеми со софтверот, како и безбедноста на тој софтвер – дали некој може да упадне во него“, изјави Андоновски.Според него, прецизноста на камерите и софтверската стабилност се клучни за да се избегнат неправилно изречени опомени или евентуални злоупотреби.Андоновски даде и конкретен предлог за начинот на плаќање на казните, со кој би се спречиле можни спам-напади или автоматизирани обиди за злоупотреба на системот.„Ние го користиме националниот портал услуги.гов.мк и сметам дека плаќањето на казните треба да биде преку тој портал. Гарантира кое е лицето, го гарантира начинот на плаќање, поврзани сме со банкарскиот систем на картички, така што не може да има злоупотреби. Тоа е мој совет“, посочи тој.Со оваа препорака, министерот укажува дека централизираното и дигитално плаќање е најсигурниот начин за контрола, транспарентност и спречување лажни трансакции.За многу работи нѐ засегаат, погледнете го разговорот тука:

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски

Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ И ДЕТАЛИТЕ, НО И СУДИРОТ СО АРГУМЕНТИ ТУКА:

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykaa8s9pcfail239wTPe

(ВО ЖИВО) Андоновски: Филипче во 2018 гласал за изградба на бегалски камп во Бардовци

Манипулација е прашањето со мигрантите, вели во Претрес со Ландов, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Владата во 2015 во големиот бегалски бран ги прифаќаше, регистрираше и препраќаше мигрантите во други земји. И СДСМ, посочи, го виде договорот кој го потпишавме со Велика Британија каде во ни еден збор не се спомнуваат мигранти.„Владата на СДСМ гласала одлука дека треба да се изгради бегалски камп во Бардовци.За одлуката за изработка на планска документација за изградба на бегалски камп гласал и Венко Филипче во 2018 година. На одлуката е потпишан Заев, а гласал и Филипче. После имаше протести од граѓаните кои беа против бегалски центар. Под притисок, Владата се повлече од одлуката”, рече во Претрес министерот Андоновски.Во ниту еден момент, вели од Велика Британија немало потврда дека се разговарало за праќање бегалци во Македонија.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Ужас во Скопје: Брат го претепал брат си и го оставил во локва крв, сторил обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „Убиство“ во обид, согласно член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обвинетиот, 37-годишен жител на Марино, за време на семејно насилство во семејниот дом со умисла се обидел да го лиши од живот својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка во пределот на главата.Иако оштетениот бил тешко повреден и паднал во бесознание, обвинетиот не се обидел да му помогне. Напротив, легнал да спие. Следното утро, кога забележал дека брат му и понатаму лежи на подот во локва крв, повторно го оставил без никаква интервенција и го пријавил настанот дури по неколку часа. На повредениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди кои го довеле во животно-загрозувачка состојба.Јавниот обвинител до судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7mabd6seg630b0nFEeA

(Видео) Затворот ми е докторат на државна сметка, не е болка затоврската средина туку пропуштените можности надвор, вели затвореникот Делов

Коста Делов, затвореник во КПУ Штип и осуден за обид за убиство на Зијадин Села, во интервју за „Претрес со Ландов“ проговори отворено за својата состојба, за изгубените години и за предизвиците на животот зад решетки.Тој призна дека најголемата болка не е затворската средина, туку пропуштените можности надвор. Според него, ѕидовите не се најстрашни – најтешко е чувството дека животот продолжил без него.„Скоро сите мои пријатели и пријателки се со семејства, со кариера. Јас каде сум?“ вели Делов.Голем дел од времето го минува во читање и самообразование. На шега говорел дека затворот му станал „магистратура и докторат на државна сметка“, а уште во притвор почнал да чита класична литература.Делов откри и дека во затворските услови човек тешко може да зачува здрав дух ако не избере внимателно со кого се дружи. Контактира само со мал, одбран круг на луѓе и смета дека тоа е единствениот начин да остане психички стабилен.Разговорот со Делов ја отвора сликата за внатрешната борба на човек кој се соочува со последиците од сопствените постапки, но и со тешката реалност на затворскиот живот, во кој – како што истакнува – најголемата загуба е времето што не може да се врати.Цел разговор:

Македонија | пред 3 месеци

media-library54s9k5i951b85NfRb3s

(Видео) Одбил да префрли телефон во затворот во Шутка, добил ќотек - сведоштво за криминалот зад решеките на затвореникот Делов

Во ексклузивното гостување во „Претрес со Ландов“, затвореникот Коста Делов – осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април – детално опиша дел од насилните инциденти што, според него, се случувале во затворот „Шутка“.Делов вели дека зад решетки имал повеќе физички пресметки.„Со двајца се справив успешно, ама и двајца се справија успешно со мене,“ изјави тој, појаснувајќи дека конфликтите настанувале поради провокации во собата, а не поради лични пресметки.Според него, еден од инцидентите што ескалирал со физички напад бил директно поврзан со обид за нелегално внесување телефон во затворот.„Одбив да соучествувам во префрлање на телефон преку ѕид. Требаше јас да го одвлечам вниманието на затвореник кој разговараше со надзорникот. Кога одбив, ме нападнаа двајца наеднаш,“ изјави Делов.Тој додава дека нападот започнал со жестоки навреди, а потоа прераснал во физичка пресметка. Иако, како што тврди, немал потешки повреди, во медиумите било пласирано дека бил „во кома“ и „крвнички претепан“.„Тоа предизвика голем шок кај мајка ми,“ рече Делов.Она што особено го нагласи е и однесувањето на надзорникот кој, според него, не реагирал навреме: „Заврши тепачката, а надзорникот не пријави ништо. Дури кога другите почнаа да зборуваат, после десет минути се смилува и тивко пријави дека имало физички инцидент.“Интервјуто отвора сериозни прашања за безбедноста, надзорот и функционирањето на затворската служба во Шутка, а Делов најави дека е подготвен да открие и други детали за условите во затворот.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysisp98otchut5W5JXCG

(Видео) Ќе се казнува ли возење до 51 км/ч или 52 км/ч со „Сејф сити“?

Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје, во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ одговори на најчестите дилеми што ги отвори воведувањето на системот „Сејф сити“, особено по реакциите на граѓаните за опомените во тест-периодот, кои ќе бидат казни по активацијата на камерите за возење со 51 или 52 километри на час.Топаловски истакна дека системот функционира согласно европската регулатива, каде прекршок се смета секое надминување на дозволената брзина, без разлика дали станува збор за еден или повеќе километри.„51 км/ч во градска средина, седумдесет во друга средина, и нели ги знаете автопатските делници. И ние мораме да го нивелираме системот со 51 км/ч. Во принцип, ако од сто илјади вчерашни казни, осумдесет илјади беа со 51 км/ч, 52 км/ч. системот самиот ќе ни ја покаже вредноста на која што ние во иднина би можеле да рачунаме да нивелираме согласно европските.Но, ако од сто илјади прекршители вчерашниот ден, ако осумдесет илјади се оние што возеа над седумдесет, за каква нивелација ние зборуваме? Секако дека ќе ги нивелираме границите заедно со граѓаните“, рече Топаловски во „Претрес“.Целиот разговор тука:Тој повтори дека главната цел не е санкционирање по секоја цена, туку намалување на ризикот и спасување човечки животи.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

(Видео) Што ако ја криете таблицата од „Сејф сити“ или ви се расипа возилото на булевар кај што не смеете да стоите

„Ако некој има расипано возило и вози со четири трепкачи, сигурно нема да добие казна“, изјави началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, објаснувајќи дека системот „Сејф сити“ не е создаден да санкционира ситуации во кои возачите имаат реален технички проблем.Во однос на можните обиди за сокривање на регистарските таблици со флуоресцентни гелови, лакови или ливчиња, тој рече дека МВР внимателно ги следи сите трикови што кружат на интернет.„Гледаме и ние дека постојат такви финти. Досега не сме забележале таблици со гел или лак. Не можам да предвидам што може да се појави во иднина, но ако се појави – системот е тука и ќе го решаваме“, порача Топаловски.

Студио | пред 3 месеци

media-librarych2kd7l50ph94MeBvDg

(ВО ЖИВО) Топаловски во „Претрес“: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце, имаме како да провериме

„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече“, изјави Топаловски во гостувањето во „Претрес“.Тој додаде дека системот за „Безбеден град“ е направен така што ниту една снимка не може да биде избришана.„Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – колку точно, не знам, месец или година. Но не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ќе ги обработи сите прекршоци и ќе стигне известување на електронска пошта или порака“, рече Топаловски.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-librarysfu33e8q57okf2AR7k2

(ВО ЖИВО) Еве што ќе се казнува со „Сејф сити“

Гостин во „Претрес со Ландов” е началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски. Тој објаснува за системот „Безбеден град”, кој пробно профункционира во понеделник.За два дена има 110.000 прекршувања на законот. Местата каде се поставени камерите, се одбрани зошто статистички тука се случиле најмногу прекршувања на сообраќајните правила.„Идејата е заштита на граѓаните и безбедно возење, а не казни. Возете внимателно”, апелира началникот.МВР е задоволен бидејќи веќе вториот ден се вози повнимателно.„Ќе мериме погрешно престројување, побрзо возење, недозволено возење, непропуштање пешак. Следно е некористење мобилен и заштитен појас.СМС пораката од МВР за сторен прекршок стигнува за 5 минути.Возачот има 7 дена да одговори дали прифаќа дека сторил прекршок. Доколку вие не сте возач а сте сопственик на возилото, пријавете во МВР кој управувал со возилото”, вели Топаловски.Бара да му се даде време на системот а исклучоците и слабостите ќе се менуваат и поправаат.Системот за брзина на возење функционира според европската регулатива.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytk8edd5mgmq39QjMn1j

(ВО ЖИВО) Филипче вети, но не дојде во „Претрес”, го чекаме во јануари

Гостин во вечерашниот „Претрес со Ландов”, требаше да биде лидерот на СДСМ Венко Филипче, но тој го откажа учеството.Турбулентните случувања во СДСМ, смените на сите партиски функционери, освен тој, беа најверојатно причината, иако вчера гостуваше на друга телевизија.Претрес очекува Филипче да го одржи зборот и да гостува во јануари, зошто дадениот збор е најважен.Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu081i0me4da235sbrRU

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ за сите клучни прашања за „Сејф сити“; Малтретирањето затворски полицајци во затвор; од затвореници до криминалци

Во „Претрес“ вечерва две теми. Првата поврзана со „Сејф сити“, каде трагаме по одговори на вашите прашања. За ова говори Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје. Дали ќе се укине можност да се казнува за возење со 52 км/ч, што доколку застанете дефект а системот тоа го смета за лошо паркирање, ќе бидете ли санкционирани ако заглавите во гужва на раскрсница...Потоа, следува разговор со Коста Делев – осуден за обид за убиство на Зијадин Села, лице од самиот епицентар на крвавиот 27 април. По долг молк, конечно зборува што се случило и како го гледа денес. Но зборува и за малтретирањето од припадници на затворската полиција, заканите од затвореници.Со него е и Драган Глигоровски, раководител на секторот за ресоцијализација во КПУ Штип, човекот што секојдневно работи со осудени лица и ги знае механизмите на казна, превоспитување и враќање назад во општеството.Дополнително – проверуваме како функционираат апликациите за лоцирање на радари.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 3 месеци

media-librarya3c7rrfsua550Uh4j8t

(Видео) Тешка и болна исповед од затворот во Штип: „Сѐ би сменил, но не можам - совеста гризе повеќе од казната“

Во новата епизода на „Претрес со Ландов“, снимена зад затворските ѕидови во КПУ Штип, ексклузивно проговори Дејан Георгиевски – човек осуден за несреќен случај во кој животот го загубило тригодишно дете. Георгиевски денес ја издржува затворската казна, но вели дека најтешката казна не е тоа, туку товарот што го носи совеста.Тој сведочи дека трагедијата се случила во момент на невнимание, кога детето паднало од трактор додека тој управувал со возилото.„Осуден сум за сообраќајка, несреќен случај. За жал, сообраќајката беше со смртен исход“, вели тој, напоменувајќи дека детето не било прегазено, туку починало подоцна во болница.Георгиевски тврди дека веднаш пружиле помош и дека со семејството се познавале.„Признав вина на суд. Совеста повеќе гризе отколку што човек е во затвор“, изјавува тој во разговорот.Денес, по поминати години зад решетки и во постојана борба со траумите, Георгиевски вели дека трагедијата засекогаш го променила.„Се сменив во секоја насока… Болката ќе остане“, сведочи тој.Во својата исповед, осудениот додава дека би направил сè за да го врати времето назад, но знае дека тоа е невозможно.„Да можев за миг да променам нешто – сè би направил. Но не може ништо да се промени“, порачува тој.Епизодата од „Претрес со Ландов“ отвора болна, но потребна тема – како изгледа животот на човек што несвесно предизвикал трагедија, и како се живее со вина што никогаш не престанува.

Студио | пред 4 месеци

media-libraryem3antv02bip7CPONjv

(🔴Премиерно) „Претрес“ зад решетките на затворот „Штип“: Исповеди, (не)признавање вина, кучката Цеца, услови и ќелии

Во ова специјално издание на „Претрес со Ландов“ ја отвораме вратата зад која малкумина влегуваат – вратата на затворот во „Штип“. Одблизу ги прикажуваме вистинските услови во кои осудениците живеат, правилата што го диктираат секој нивен ден и невидливиот систем кој истовремено и казнува, и (не)поправа.Разговараме со рецидивисти кои по трипати се враќаат зад решетки, со луѓе што тврдат дека животот им се скршил во една секунда, но и со осуденици чии дела ја потресоа јавноста – со палење фабрики и автомобил, до лице осудено по трагична сообраќајна несреќа во која загина тригодишно дете.Епизодата ја отвора и спротивната страна на системот: човечките парадокси во затворот – како случајот со осуденик кој фрлил камен во канцеларијата на директорот, а подоцна токму од него добил помош за ортопедско помагало без кое не може да се движи поради ампутираната нога.Од условите и здравствената нега, до ресоцијализацијата и неминовните прашања за вина, каење и повторување на делата – ова издание не е само приказна за затворот во Штип. Ова е приказна за општеството, за системот што треба да превоспитува, и за луѓето чии животи продолжуваат зад решетки.Следете не на:

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymqi762sla9hr7lhuc6z

(Видео) Незавршена војна: генерал Арсовски откри како бил игнориран планот за одбрана на Македонија во 2001

Најмладиот генерал во поранешната ЈНА и прв генерал на македонската армија, Митре Арсовски, во гостувањето во подкастот „Претрес“ откри непознати детали од воените анализи што претходеле на кризата во 2001 година.Арсовски објасни дека уште пред избувнувањето на конфликтот, тој имал изработено оперативни карти со прецизна проценка каде ќе започнат нападите и кои точки се најкритични за одбраната на државата.„Картата е слика на војната. Сè што нацртавме како ризични точки подоцна се случи. На делот кај Црн Врв и Скопска Црна Гора уште тогаш ги нацртавме албанските вооружени групи – не бегалци, туку луѓе во униформа кои се движат кон една клучна точка“, изјави Арсовски.Тој откри дека на една од брифинг-средбите претседателот Киро Глигоров го прашал што означуваат овие воени симулации на картите.„Му објаснив дека, ако не се реагира на време, прво на удар ќе бидат Солунска Глава, а потоа и други јазли што се клучни за опкружување на Македонија“, вели Арсовски.Според него, најголемиот проблем не бил во анализите, туку во нивното игнорирање.„Едно е да нацрташ карта и да напишеш заповед. Друго е извршувањето. Нè послушаа ли? Не. И затоа се случи 2001“, нагласи генералoт.Арсовски тврди дека конфликтот никогаш не бил целосно завршен:„Војната е завршена само кога ќе го совладаш непријателот и ти ги диктираш условите. Ние тоа не го направивме. Тоа остана незавршена војна – политички запрена, со оружје формално преземено.“Интервјуто го отвора прашањето за тоа дали државата навистина научила нешто од најтешките безбедносни моменти во својата историја и дали денес се прави сериозна проценка на ризиците кои генералите одамна ги предвидувале.Погледнете го цел поткаст каде се зборува за Тито, ЈНА, Вуковар...

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryne9an54d7n0n7RdDH7P

(Видео) Јани Бојаџи: 27 април е нечистата совест на македонскиот народ, советите да се заборави минатото е како да ти дадат револвер за да се стрелаш

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, остро проговори за настаните од 27 април 2017 година, нарекувајќи ги „нечистата совест на македонскиот народ“.„Дваесет седми април и уставобранителите се нечистата совест на македонскиот народ. Не постои Македонец кој не треба да застане пред огледалото и да си ја види сопствената нечиста совест. И тоа нема врска со партии, нема врска со функции, нема врска со никого,“ рече Бојаџи во емисијата.Тој додаде дека секој граѓанин, без исклучок, ја носи тежината на тој ден, и дека дури и „неродените деца ќе ја наследат таа вина“.„Сите до еден имаме нечиста совест. За жал, дури и нашите неродени деца ќе имаат нечиста совест заради тој проклет настан. Треба да учиме од грешките – а учиме ли? Многу малку,“ изјави Бојаџи.Во продолжение тој остро ја коментираше и, како што ја нарече, „европската логика за потиснување на минатото“, оценувајќи ја како чин на самоуништување.„Идејата на оние кои ни велат: ‘Не се занимавајте со историјата, гледајте во иднината’ – е чин да ти дадат револвер за да сам си стрелаш во слепочницата,“ рече Бојаџи.Одговарајќи на прашањето на Кристијан Ландов околу неговата позната изјава дека „Македонија е детето кое секогаш го лажат“, Бојаџи потврди дека зад неа стои целосно.„Апсолутно. Само оној кој го познава минатото може да ја поднесе сегашноста и да ја предвиди иднината,“ додаде тој.

Студио | пред 4 месеци

media-librarypkl9j6kmj0va3QZMX6E

(Видео) Јани Бојаџи во „Претрес“: Морав да побегнам од Македонија за да си го спасам животот, ми се закануваа со убиство

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, откри дека во 2018 и 2019 година морал привремено да ја напушти Македонија поради, како што рече, реални смртни закани поврзани со неговиот филм „Ругање со Христос“.Во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, Бојаџи изјави дека во тој период бил под државна заштита, заедно со своето семејство и децата.„Морав буквално да побегнам од Македонија за да си го заштитам голиот живот. Не знаев дека државна безбедност ме обезбедува мене, моето семејство и моите деца. Тоа се случуваше во времето кога беше филмот ‘Ругање со Христос’, кој беше забранет,“ рече Бојаџи.Тој додаде дека заканите биле сериозни и постојани, главно од, како што посочи, „левицата во Македонија, таканаречената Шарена револуција, како и од дел од група на Албанци кои мислеле дека работам против нив“.Бојаџи сподели и дека пред само една недела, дознал детали за тогашното обезбедување од поранешен припадник на безбедносните служби.„Гостуваше Панче Тошковски на нашата телевизија и ме застана еден човек од неговото обезбедување. Ми кажа: ‘Јас вас и вашето семејство ве обезбедував неколку месеци. Ја обезбедував вашата ќерка од училиште – од „Орце Николов“ до дома’.“Режисерот призна дека ни сопствените деца не знаеле дека се под заштита на полицијата:„Тоа не сум го кажал дома, не знаат во каква опасност биле. Јас не сум знаел дека тајно ме следат полицајци во цивил. Не сум имал поим што се случува,“ рече тој, додавајќи дека во тој период добивал директни смртни пораки дури и додека бил на прес-конференции.Цел поткаст:

Студио | пред 4 месеци

media-libraryk03ucukurqr766fTsDF

(ВО ЖИВО) Бојаџи за Груевски: Маж кој илегално побегнал а не застанал да го брани семејството е кукавица

Режисерот и директор на АЛФА ТВ, Јани Бојаџи во Претрес со Ландов говори за својот најнов филм „Утре наутро”. Филмот е инспириран од настаните за и околу 27 април преку судбините на две семејства.„Приказната е вистинска и почнува од утрото на 27 април па се до последната клапа, значи за цели пет години. Репликите ги чул од роднини и пријатели. Во филмот има и реплика меѓу Заев и сопругата.Ова е приказна за еден поранешен премиер. Филмот е критика за сите мажи кои побегнаа. Груевски според некои информации илегално побегнал.Маж кој се колнеше дека ќе ја брани Македонија а во критичен момент не застанал на прагот на своето семејство да го брани е кукавица”, вели Бојаџи.За него 27 април е еквивалент на 2 август и Илинденското востание.Следете не на:

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања