Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... сведоштва и поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Студио
media-libraryrhafhbf56bon3RYxwoY

Во вечерашното издание на „Претрес“, гостува Драги Митковски, човек кој со години се движел на линијата меѓу бизнисот, политиката и институциите на системот. Разговорот не е промоција на книга, туку јавно сведочење за тоа како се носат одлуки зад затворени врати и кој навистина ја има моќта во државата.

Митковски отворено ќе зборува за односите со Никола Груевски, за соработката со министрите во неговото време, за падот на поранешната власт и за прашањето зошто неговото име никогаш не се појави во прислушуваните разговори. На маса се ставаат и сомнежите за фирми во сенка кои се шпекулираше дека се на Груевски, политички договори и прагматични одлуки донесени во клучни моменти.

— реклама —

Во емисијата се отвора и односот со Зоран Заев, притисоците врз Стопанската комора, апсењата на бизнисмени како Сеат Кочан од „Трансмет“ и конфликтите меѓу политичката власт и бизнис-елитата. Митковски зборува за моментите кога одбивал да застане зад политички одлуки – и за последиците од тие одбивања.

Посебен фокус е ставен на соработката со Данела Арсовска, периодот во кој, според тврдењата, се случувале сериозни институционални блокади, контроверзни тендери, притисоци и внатрешни судири во Град Скопје. Се отвораат прашања за тоа кој реално управувал со процесите и како ескалирал конфликтот што доведе до целосен колапс на односите.

— реклама —

Во „Претрес“ се зборува и за личните последици од ваквото позиционирање: закани, кршење канцеларии, запалени автомобили и притисоци врз најблиските. Митковски одговара и на обвинувањата за наводни врски со подземјето и странски служби, како и на прашањето дали има политички амбиции и дали ќе се кандидира за градоначалник на Ѓорче Петров.

Следете во живо и прашувајте:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv99820f27oh9b8CSgkI

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Студио | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryq6l58272tf2laAYx1qi

(Видео) Фериде Демирова со мерцедес, порше и три стана примала социјална помош, во ,,Претрес” говори нејзиниот адвокат

Студио | пред 1 седмица

media-library1kc4qpusmer32GLGcLU

(Видео) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица

Студио | пред 1 седмица

media-librarys8no8tfm6fb352yVw59

(Видео) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања