Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сведок смени исказ за трагедијата во „Пулс“, ќе му се чита што кажал во истрагата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz
Скопје1.мк

Трајче Димишковски сведочеше на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, наведувајќи дека објектот го обезбедувала „Рубикон секјурити солушнс“ и дека на 18 март 2025 било дозволено преполнување, влез на малолетници, употреба на пиротехника без полициска дозвола, без кордони и организирана евакуација, а обезбедувањето било без униформи и ознаки. Тој изјави дека го познава Александар Нацев и обвинетиот Јане Начевски, и дека во април 2025 добил полномошно да потпишува за плати во „Рубикон“, со печат и документација во службено возило. Сведочењето е важно бидејќи го сменил исказот од истрагата; распитот е прекинат и продолжува в четврток.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трајче Димишковски вработен како возач-доставувач од 2008 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, денес сведочеше на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“.

— реклама —

Тој сведочеше дека агенцијата „Рубикон секјурити солушнс“ го обезбедувала објектот, а обезбедувањето дозволило дискотеката да биде преполна на 18 март 2025 година. Според неговото сведочење, биле пуштени голем број малолетници и деца, била употребена пиротехника без дозвола од полицијата, а немало поставени кордони ниту организирана евакуација за време на несреќата. Посочи и дека обезбедувањето работело без униформи и ознаки.

— реклама —

На почетокот од сведочењето Димишковски изјави дека работел како обезбедување во училишта, а постојано вработување има во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како возач.

— реклама —

Го познавам лицето Александар Нацев од 2008 година, од Дирекцијата каде што работевме заедно. Се познавам и со обвинетиот Јане Начевски, сопственикот на ‘Рубикон’, комшии се со Нацев“, изјави сведокот.

Во април 2025 добил полномошно од Јане Јанчевски да потпишува за плати во „Рубикон“, оти немало кој да потпишува.

Полномошното беше само за плати, немаше други задолженија. Сѐ течеше тековно, луѓето се договараа меѓу себе за смените и кој каде да оди. Ми требаше совет како да направам вирмани, го прашав Нацев како да ги подготвам платите. Тогаш мораше да се пуштат плати, се доцнеше со рокот за исплата. Имаше и други вработени, но јас бев најслободен оти бев ангажиран за средните училишта и можев да одам“ – рече сведокот.

Нему му бил даден и печат, кој бил во ташната со документацијата, која била во службеното возило на агенцијата кое тој го користел.

Неговото сведочење се следеше внимателно, бидејќи, како што беше посочено во судницата, тој го сменил исказот даден во истрагата.

Сведочењето на Трајче се прекина и ќе продолжи в четврток, кога ќе се чита што кажал пред обвинителите по трагедијата која однесе 63 млади животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања