Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
puls-12

На рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски рече дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца, бидејќи објектот бил во индустриска зона Г2 каде ваква угостителска дејност не е дозволена и немало пренамена. Тој наведе дека на 3.10.2012 Општината дала позитивно известување за користење јавни паркиралишта, но го поништила кога дознала дека ќе се отвора дискотека, и се обратила до Министерството за економија и ДПИ. Илиевски додаде дека немаат инспекциски надлежности; дозволи издава МВР, а Општината дава мислења за паркинзи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.

Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.

— реклама —

„Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој објект, ниту пак може да се промени зоната и целиот тој локалитет е лесна и незагадувачка индустрија“ рече Илиевски.

Сведокот посочи дека на 3 октомври 2012 година, Општина Кочани дала позитивно известување на барањето на Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ за користење на јавните паркиралишта во таа зона, но подоцна истото било повлечено откако дознале за вистинската намена на објектот.

— реклама —

„По одредени сознанија дека ќе се отвора дискотека ние го имаме поништено ова известување. Таму наведуваме дека тие паркинзи се лесна и незагадувачка индустрија Г2, а не за дискотеки или барови што ќе се отвораат. Тоа е доставено до Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ - истакна сведокот.

Дополнително, општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот.

Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања