Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
puls-38

Кочани од 14 до 16 март ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“ во која загинаа 62 млади лица, со денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање. На 14 март е „Молитвен шепот“ – Ден на тишина со палење свеќи во храмовите. На 15 март „Кочани Ви благодари“ ќе им оддаде признание на лекарите и сите што помогнаа, со статуетки и културна програма. На 16 март е Ден на вечното сеќавање. Градоначалникот Грозданов ги повика преживеаните лично да ги поканат докторите, нагласувајќи дека тоа е чин на жива благодарност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.

— реклама —

На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.

— реклама —

Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Ќе бидат доделени статуетки на благодарност, а ќе се одржи и културна програма во чест на оние кои беа светлина во најтешките часови.

— реклама —

На 16 март, точно на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со оддавање почит на младите чии имиња, како што велат организаторите, засекогаш се врежани во темелите на градот.

Градоначалникот Грозданов до младите кои ја преживеаја кобната ноќ. Тој ги повика лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.

„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.

Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања