Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Пуштаа малолетници“ – потресно сведочење од рочиштето за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведокот Ана Захариева, која кобната вечер била гостинка во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште изјави дека во објектот имало голем број посетители, меѓу кои и малолетници, како и дека пиротехнички ефекти се користеле и на претходни настани.

Таа во своето сведочење наведе дека во дискотеката одела речиси секој викенд уште од својата 17–18-годишна возраст, а вечерта на пожарот пристигнала околу полноќ. Според нејзините тврдења, непосредно пред избувнувањето на пожарот имало полициска интервенција поврзана со присуство на малолетни лица, но забавата не била прекината.

— реклама —

Захариева посочи дека вториот излез од објектот бил затворен и дека пожарот се проширил во рок од неколку секунди. Таа истакна дека додека се обидувала да се упати кон излезот, плафонот веќе горел и во објектот немало организирана евакуација ниту лица кои ги насочувале присутните.

Во метежот, како што наведе, била оттурната и заглавена под повеќе лица, по што изгубила свест. Подоцна била извлечена од полицајци. Таа додаде дека во пожарот се здобила со изгореници на левата рака, била оперирана и хоспитализирана 42 дена, по што најавила барање за отштета.

— реклама —

Сведокот исто така изјави дека немало суштинска разлика во начинот на функционирање на објектот кога работел како дискотека и кога бил регистриран како кабаре, освен во работното време. Таа нагласи и дека и како малолетна влегувала во објектот, бидејќи, како што рече, „пуштаа малолетници, исто како и таа вечер“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања