Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Деко бара да излезе од затвор и да оди во куќен притвор, се жали дека здравјето му е „сериозно и алармантно влошено“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-librarys3droijois4v65fZo5A

Одбраната на Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“ и првообвинет за пожарот во Кочани, побара притворот да му се замени со куќен, поради сериозно влошена здравствена состојба и отворена рана по операција. Судијката наведе дека судот е запознаен, дека бил итно опериран со согласност и дека поминале препорачаните три дена мирување, без известување за проблеми од затворски лекар. Обвинителството ќе одлучи по увид во документацијата дали ќе се произнесе усно или писмено.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште побара од судот притворот да му биде заменет со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно и алармантно влошување на неговата здравствена состојба.

Адвокатката Ивана Коцевска во судницата истакна дека мерката притвор не ја исполнува својата цел и дека, наместо средство за обезбедување присуство, во конкретниот случај претставува казна пред донесување пресуда. Таа посочи дека обвинетиот бил донесен на судење директно од болнички услови, со отворена рана по оперативен зафат.

— реклама —

„Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува“, изјави Коцевска, додавајќи дека „ова ги премина сите човечки граници на хуман третман“ и дека е неопходно притворот да биде заменет со куќен.

Таа укажа и на, како што рече, селективна примена на мерката, нагласувајќи дека од вкупно 34 обвинети за истото дело, куќен притвор им бил определен само на двајца, и покрај тоа што, според одбраната, Јованов има најлоша здравствена состојба.

— реклама —

Судијката Дијана Груевска Илиевски одговори дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот и дека, со негова согласност, поради итност бил опериран во петокот.

„Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа“, изјави судијката.

Од Јавното обвинителство соопштија дека ги разгледуваат наводите и дека по увид во документацијата ќе одлучат дали ќе се произнесат на крајот од расправата или дополнително писмено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања