Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Татко на загинатата Надица: Една година нема одговор – што крие системот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-librarybpi79cdagdi32ZgkAKn
Скопје1.мк

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, обвини дека институциите повеќе од една година молчат и не даваат одговори за причините за смртта, и покрај официјални барања. Тој бара информации дали се направени токсиколошки анализи, испитување на цијаниди и резултати, но вели дека Обвинителството, ПМФ и Судска медицина ја префрлаат одговорноста. Семејствата најавуваат дека ако во три дена не добијат писмен и сеопфатен одговор, ќе протестираат пред Судска медицина додека не ја добијат вистината.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, обвини дека институциите повеќе од една година не даваат одговори за причините за смртта на жртвите, и покрај бројните барања и официјални дописи.

„Побаравме јасен и недвосмислен одговор – дали биле извршени токсиколошки анализи, дали било испитувано присуство на цијаниди и што точно покажуваат анализите. Поминаа два месеци од барањето – одговор нема“, посочува Наунов.

— реклама —

Тој вели дека институциите – од Обвинителството до Судска медицина – меѓусебно ја префрлаат одговорноста, додека семејствата остануваат без клучни информации.

„ПМФ нè упатува кон ОЈО Кочани. ОЈО молчи. Судска медицина молчи“, наведува тој.

— реклама —

Наунов потсетува на болниот процес по трагедијата, кога телата на загинатите биле однесени на обдукција во Скопје, со уверување дека ќе се утврди вистинската причина за смртта.

„Чекавме четири дена. Четири дена во кои не можевме достоинствено да се простиме од нив. За што? За денес, повеќе од една година подоцна, сè уште да немаме целосен одговор“, наведува тој.

Тој отвора серија прашања за постапката: дали се земени биолошки примероци, што точно е анализирано и дали воопшто постојат токсиколошки резултати.

„Зошто се правеше обдукција ако не е завршена работата целосно? Кого штитите? Државата? Институциите?“, прашува Наунов.

Според него, станува збор за „неприфатливо сокривање на информации“ и институционален молк кој ја продлабочува болката на семејствата.

На крајот, семејствата поставуваат и рок за одговор.

„Доколку во наредните три дена не добиеме јасен, писмен и сеопфатен одговор, ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си заминеме додека не ја добиеме вистината“, порачува Наунов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања