Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
inflacija

Инфлацијата во Германија повторно забрза поради поскапувањето на енергенсите поврзано со американско-израелскиот напад врз Иран. Во март се искачи на 2,7% (од 1,9% во февруари), највисоко од јануари 2024. Енергенсите поскапеа 7,2%, услугите 3,2%, а храната 0,9%. Бундесбанката предупреди дека инфлацијата краткорочно може да надмине 3%, а економисти очекуваат понатамошен раст над 2,5%. Храната од 2021 до 2025 поскапела 32%.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Инфлацијата во Германија краткотрајно забави под целните два отсто годишно, и земјата едвај почнува да се стабилизира по брановите инфлација предизвикани од рускиот напад врз Украина. Сега, новата војна повторно ги зголемува цените.

Мартовската инфлација, поради поскапувањето на енергенсите од американско-израелскиот напад врз Иран, скокна на 2,7 отсто, по падот на 1,9 отсто во февруари, соопшти Дестатис. Ова е највисоко ниво од 2,9 отсто забележани во јануари 2024 година.

— реклама —

Особено остро, а првпат од декември 2023 година, поскапеле енергенсите – 7,2 отсто во меѓугодишно споредување. Услугите поскапеле 3,2 отсто, а храната, чијашто цена всушност не се смири од претходниот инфлаторен бран, за 0,9 отсто.

Бундесбанката уште порано процени дека поради последиците од војната врз пазарот на нафта и гас, инфлацијата на краток рок ќе ја надмине границата од три отсто.

— реклама —

Економските институти пред американско-израелскиот напад врз Иран прогнозираа стапка на инфлација малку над два отсто. Сепак, веќе во првата половина од годината, инфлацијата, според последната проценка на Институтот за макроекономска политика, ќе скокне над 2,5 отсто.

„Ова е само почеток, бидејќи поскапувањето на енергенсите во наредните месеци ќе се вградува во синџирот на создавање вредност,“ предупреди главниот економист на Комерцбанка, Јерг Кремер, по објавувањето на мартовските бројки.

Бранот на инфлација предизвикан од инвазијата на Украина се смири дури минатата година, а врвот беше 6,9 отсто во 2022 година. Година подоцна, инфлацијата сè уште беше високи 5,9 отсто.

Според податоците на Федералната канцеларија за земјоделство и прехрана, храната во Германија од 2021 до 2025 година поскапела за скоро една третина – 32 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqkd6bvftg02ndOxZnwy

Германија ја зајакнува одбраната и планира проширување на армијата

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Германија го менува индустрискиот курс: од автомобилски ленти кон одбранбени погони

Свет | пред 20 часа

germanija-zname

Берлин и возврати на Москва: „Нема да не заплашите“

Свет | пред 2 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Германците предупредени: „Шокот од цените на енергенсите ќе потрае“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања