Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ГЕРМАНИЈА

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Казахстанската нафта се пренасочува – што значи тоа за Германија?

Заменик-претседателот на руската влада, Александар Новак, најави дека ќе биде променет правецот на испорака на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Германија поради технички проблеми, почнувајќи од 1 мај.Новак изјави дека казахстанската нафта ќе биде пренасочена кон други, подостапни логистички рути поради тековните технички можности, пренесе ТАСС.Тој додаде дека со прашањето за пренасочување на нафтените текови се занимаваат руското Министерство за енергетика и руската нафтена компанија „Трансњефт“.Министерот за енергетика на Казахстан, Ерлан Акенженов, претходно изјави дека Казахстан добил неофицијални информации за неможност за транспорт на гориво преку нафтоводот „Дружба“, најверојатно поради неодамнешните напади врз руската инфраструктура.Казахстанскиот национален оператор „Казтрансојл“ обезбедува транзит на нафта преку Русија преку системот на нафтоводи на „Трансњефт“.Казахстанската нафта потоа се транспортира преку Белорусија, преку системот „Гомелтрансњефт Дружба“, до точката за испорака „Адамова застава“, од каде понатаму се доставува до рафинерија во Германија.Овој транзит се одвива согласно релевантниот меѓувладин договор меѓу Казахстан и Русија од 7 јуни 2002 година.Во 2025 година, Казахстан ѝ испорача на Германија 2,1 милион тони нафта преку нафтоводот „Дружба“, а за оваа година беше планирано зголемување на 2,5 милиони тони.Германското Министерство за економија денеска соопшти дека е информирано оти од мај повеќе нема да пристигнува казахстанска сурова нафта во рафинеријата ПЦК во Шведт, една од најголемите во североисточниот дел на Германија.Според индустриски извори, Русија би можела да го запре транзитот на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, што директно би влијаело врз снабдувањето на рафинеријата, која делумно го снабдува и Берлин, пренесе Ројтерс.Надлежното министерство, кое го надгледува работењето на рафинеријата, наведе дека мнозинскиот сопственик „Росњефт“ информирал за можен прекин.Од германското министерство посочија дека „Росњефт“ ја проценува состојбата и ќе го прилагоди работењето за да ги исполни обврските кон регионот и да обезбеди континуитет во снабдувањето.

Свет | пред 8 часа

media-libraryqkd6bvftg02ndOxZnwy

Германија ја зајакнува одбраната и планира проширување на армијата

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ја претстави новата стратегија за вооружените сили на Германија, при што нагласи дека земјата останува на целта од 260.000 активни војници, и покрај барањата од дел од високите воени кругови за дополнително зголемување на бројот на припадници на армијата поради, како што се наведува, растечките безбедносни предизвици од Русија.Според најавените планови, Германија има намера да ја развие својата армија до вкупно 460.000 припадници, при што околу 200.000 би биле резервисти, како што е наведено во стратегијата презентирана од Министерството за одбрана.Писториус истакна дека процесите на автоматизација и развојот на вештачката интелигенција ќе имаат значајно влијание врз планирањето на воените капацитети, вклучително и врз потребниот број и профил на воен персонал, при што нагласи дека целта е зајакнување на одбранбените способности на сите нивоа.Тој додаде дека Германија има намера краткорочно да ги зголеми одбранбените капацитети, среднорочно значително да ги прошири можностите во сите области, а на долг рок да постигне технолошка предност, при што Русија ја опиша како клучна безбедносна закана за НАТО, како што е наведено во неговата изјава.Во рамки на стратегијата се споменува и европскиот проект за развој на идниот борбен воздушен систем FCAS, кој се реализира во соработка меѓу Германија, Франција и Шпанија и кој вклучува развој на напредни борбени авиони и беспилотни системи, како што е наведено во техничките информации за проектот.Писториус изрази очекување дека во наредниот период ќе се донесат клучни одлуки за натамошната реализација на проектот, кој е вреден околу 100 милијарди евра и кој во моментов се соочува со предизвици меѓу вклучените компании, како што пренесуваат медиумите.Германските власти нагласуваат дека целта е долгорочно зајакнување на одбранбената позиција и технолошка модернизација на вооружените сили, како што е наведено во новата стратегија.

Свет | пред 13 часа

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Германија го менува индустрискиот курс: од автомобилски ленти кон одбранбени погони

Германија, која со децении важеше за производствен мотор на Европа, влегува во најдолгиот период на стагнација од Втората светска војна наваму и се обидува индустрискиот пад да го претвори во одбранбен подем. Наместо досегашниот извозен модел потпрен на автомобилската индустрија, земјата сè поотворено ја насочува фабричката инфраструктура кон производство на вооружување и воена опрема.Според податоци што се наведуваат во анализата, германското производство секој месец губи околу 15.000 работни места, а ударот особено се чувствува во автомобилскиот сектор. Паралелно со падот на побарувачката и засилената конкуренција од Кина, големите производители и синџирите на добавувачи се соочуваат со намалени добивки и најави за значајни кратења на работни места во наредните години.Во такви услови, одбранбената индустрија се појавува како редок сектор што расте брзо, поттикнат од обновеното европско вооружување и од перцепцијата дека безбедносните гаранции стануваат понеизвесни. Регулаторни промени во Германија и во Европската унија, заедно со државни договори и јавни шеми за финансирање, ја олеснуваат достапноста до капитал за компании што произведуваат одбранбена технологија, а во игра се спомнуваат средства што се мерат во речиси билион евра.Делови од германскиот индустриски појас веќе се пренаменуваат. Компании што традиционално изработувале компоненти за автомобили сè почесто произведуваат елементи за беспилотни летала, системи за оклопни возила и делови за воена авијација. Меѓу примерите е и добавувачот Schaeffler, чиј извршен директор зборува за „голем тренд“ во кој се бара практичен придонес за враќање на одбранбените капацитети.Во текстот се наведува и дека Volkswagen води разговори со израелски компании со цел до 2027 година да започне производство на компоненти за системот Iron Dome, додека во Германија се најавува проширување на производствениот отпечаток и за пресретнувачи за системот Patriot – производ што долго време важеше за доминантно американски. Во меѓувреме, дел од индустријата воведува дополнителни смени за да одговори на зголемената побарувачка за муниција и вооружување.Владата ја поддржува пренамената со механизми за поврзување на одбранбените синџири на снабдување со компании од други гранки, со аргумент дека користењето постојни капацитети може да ги намали бариерите за брзо зголемување на домашното производство. Пораката е јасна: во новата реалност, германската индустрија не се обидува само да се „врати на старото“, туку да најде нова оска на раст таму каде што побарувачката расте – во одбраната.Останува да се види дали овој пресврт ќе ја ублажи ерозијата на работните места во класичното производство и дали пренамената ќе донесе доволно стабилни нарачки за да ја надомести слабоста на автомобилскиот циклус. Но насоката, според оценките во анализата, веќе е поставена: од моторите што ја движеа Европа, кон системи што ја вооружуваат.

Свет | пред 18 часа

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Русија ќе го запре извозот на казахстанска нафта за Германија преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, повикувајќи се на извори запознаени со одлуката.Според три извори кои зборувале под услов на анонимност, новиот прилагоден распоред за извоз веќе им бил доставен на Казахстан и Германија. Потегот доаѓа во период на влошени политички и економски односи меѓу Москва и Берлин поради војната во Украина, која Германија ја поддржува.Руското Министерство за енергетика не одговорило на барањата за коментар.Германија во 2022 година ги стави локалните подружници на најголемиот руски нафтен производител „Роснефт“ под државен надзор, со што значително ги промени долгогодишните енергетски врски со Русија.Во 2025 година, извозот на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“ изнесувал околу 2,146 милиони метрички тони, односно приближно 43 илјади барели дневно, што претставува зголемување од 44 отсто во споредба со 2024 година.Казахстан ја снабдува Германија преку северниот крак на нафтоводот што поминува низ Полска, но испораките во повеќе наврати биле прекинувани поради напади со беспилотни летала врз делови од инфраструктурата на руска територија.Рафинеријата PCK во германскиот град Шведт, една од најголемите во земјата, делумно се снабдува со казахстанска сурова нафта преку овој систем, откако испораките на руска нафта беа прекинати по почетокот на конфликтот меѓу Москва и Киев во 2022 година.

Свет | пред 1 ден

germanija-zname

Берлин и возврати на Москва: „Нема да не заплашите“

Германското Министерство за надворешни работи упати нота до рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечаев, поради, како што е наведено, директни закани од Русија кон цели во Германија. Берлин порача дека таквиот притисок е неприфатлив и дека нема да се заплаши.Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските закани се обид да се ослаби поддршката за Украина и да се тестира единството на Западот, нагласувајќи дека Германија нема да попушти пред притисоците, пишува „Шпигел“.Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека ваквите закани, како и сите форми на шпионски активности во Германија, се „целосно неприфатливи“.Министерството не навело конкретен повод за повикувањето на амбасадорот, но според германскиот весник, потегот е поврзан со минатонеделното соопштение на руското Министерство за одбрана, во кое се упатуваат закани кон европски компании поврзани со Украина.Руското Министерство за одбрана претходно соопштило дека Украина, заедно со европските партнери, планира да го прошири производството на дронови, оценувајќи дека тоа води кон ескалација на воено-политичката ситуација во Европа.

Свет | пред 2 дена

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Руската Федерална служба за безбедност ФСБ соопшти дека спречила терористички напад во градот Пјатигорск во Ставрополскиот регион и дека е пронајдена експлозивна направа кај државјанка на Германија.Според соопштението на Центарот за односи со јавноста на ФСБ, уредот бил импровизирана експлозивна направа исполнета со шрапнели, со јачина еквивалентна на околу 1,5 килограми ТНТ. Службите наведуваат дека постоел план експлозијата да биде активирана на далечина, при што бил вклучен и маж роден во 1997 година, кој според тврдењата на руските служби потекнува од Централна Азија.ФСБ тврди дека цел на нападот бил објект на органите за спроведување на законот, а дека акцијата била планирана во утринските часови со цел да се предизвикаат поголем број жртви.Во соопштението се наведува и дека операцијата била координирана од лице за кое руските служби тврдат дека е припадник на украинските специјални служби, кое се претставувало како член на меѓународна забранета терористичка организација. Според истите наводи, и тоа лице е приведено.Независна потврда на овие тврдења засега нема од украинска или германска страна.

Свет | пред 2 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Опозиција во Германија бара стопирање на извозот на оружје кон Израел

Опозициската партија „Левица“ во Германија ја обвини владата на канцеларот Фридрих Мерц дека преку извоз на оружје кон Израел индиректно го поттикнува конфликтот во Иран.Според наводите, и покрај уставните ограничувања за извоз на вооружување во зони на конфликт, германската влада одобрила испораки кон Израел во првите недели од војната, што е потврдено со податоци од Министерството за економија, пренесува агенцијата Анадолу.Пратеникот од „Левица“, Улрих Тоден, повика на итна и целосна забрана на извозот на оружје кон Израел, оценувајќи дека интересите на воено-индустрискиот комплекс не придонесуваат за мир, туку, напротив, ги продлабочуваат конфликтите и човечките страдања.Според објавените податоци, во периодот од 28 февруари до 27 март, Германија одобрила извоз на вооружување во вредност од околу 6,6 милиони евра.Германија останува долгогодишен сојузник на Израел, а официјалните власти редовно нагласуваат дека земјата има посебна историска одговорност за безбедноста на Израел поради своето нацистичко минато.

Свет | пред 6 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Германците предупредени: „Шокот од цените на енергенсите ќе потрае“

Германија треба да тргне од претпоставката дека шокот од цените на енергенсите предизвикан од војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран ќе потрае, правејќи ја економската ситуација исклучително кревка, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл.Тој изјави дека на претстојниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе разговара со своите колеги од други земји и меѓународни организации за најсоодветните мерки за стабилизација на економијата и пазарите, како и за обезбедување целна поддршка за граѓаните и компаниите кои се најтешко погодени, пренесува Ројтерс.„Оваа криза уште еднаш покажува дека мора да станеме понезависни и поотпорни на кризи“, изјави Клингбајл и додаде дека на состанокот ќе го претстави програмот за реформи на германската влада и ќе повика на инвестиции во Германија.Клингбајл додаде дека со својот норвешки колега Јенс Столтенберг ќе разговара за начините за продолжување на финансиската поддршка за Украина.ММФ претходно денес ги намали прогнозите за раст на германската економија за оваа и следната година, предвидувајќи стапка на раст од 0,8% оваа година и 1,2% раст во 2027 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Масовни откажувања на летови во Германија поради штрајк на пилотите на Луфтханза

Стотици летови се откажани во Германија откако пилотите на „Луфтханза“ втор ден по ред стапија во штрајк поради спор околу повисоки плати и пензиски услови.Штрајкот ги опфаќа пилотите во матичната авиокомпанија, како и во „Луфтханза Карго“ и „Луфтханза СитиЛајн“, при што акцијата започна веднаш по полноќ.Повеќе од илјада полетувања и слетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, главниот центар на компанијата, додека во Минхен се укинати стотици летови, што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.Штрајкот е организиран од пилотскиот синдикат VC, кој бара подобрување на платите и пензискиот систем, како и подобри услови во регионалните подружници.Додека дел од подружниците на „Луфтханза“ продолжуваат со работа, синдикатот најави можност за проширување на штрајкот, вклучително и на кабинскиот персонал во наредните денови, што дополнително ја зголемува неизвесноста во авиосообраќајот.

Свет | пред 1 седмица

germanija-zname

Јавниот долг на Германија достигна 2,66 билиони евра

Јавниот долг на Германија достигна 2,66 билиони евра во 2025 година, покажуваат најновите податоци на статистичкиот завод, како резултат на зголемената државна потрошувачка за инфраструктура, војска и климатски политики.Според прелиминарните податоци на Дестатис, долгот на федерално и локално ниво порасна за шест проценти во однос на 2024 година, односно за 151 милијарда евра. Само федералната држава на крајот од годината имала долг од 1,84 билиони евра, вклучително и ново задолжување од 32,2 милијарди евра во последниот квартал.По изборите во 2025 година, канцеларот Фридрих Мерц и неговиот коалициски партнер СПД иницираа олеснување на строгите правила за задолжување, со цел да се ослободат стотици милијарди евра за поттикнување на економскиот раст.Како дел од тие мерки, воспоставен е специјален фонд од 500 милијарди евра, финансиран преку заеми, наменет за инфраструктура и климатски проекти, кој ќе се реализира во следните десет години. Истовремено, зголемен е лимитот за задолжување за да се овозможи поголема модернизација на вооружените сили.Вкупниот долг на 16-те германски покраини достигна 624,6 милијарди евра, додека локалните власти имаат долг од 196,3 милијарди евра.Од Германското здружение на даночни обврзници остро реагираа на растот на долгот, предупредувајќи дека, и покрај рекордните буџетски приходи, јавниот долг би можел веќе следната година да ја надмине границата од три билиони евра.Претседателот на здружението, Рајнер Холцнагел, оцени дека ситуацијата е „апсурдна“, со оглед на високите приходи и истовременото зголемување на задолжувањето.

Свет | пред 1 седмица

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Германија предупредува: „Цените на горивата нема брзо да паднат“

Германската влада денеска соопшти дека цените на горивата во земјата нема брзо да се намалат, и покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое подразбира повторно отворање на Ормускиот теснец.Заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле, изјави дека, иако примирјето е добра вест, треба да се биде реален во очекувањата, пренесува „Виртшафтсвохе“.„Сè уште сме далеку од договор, а значајни застои се секогаш можни“, порача тој.Како што наведе, повторното отворање на Ормускиот теснец ќе потрае и нема да доведе до моментално враќање на состојбата како пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.Според проценката на владата во Берлин, откако бродовите повторно ќе поминуваат низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни дополнителни три до шест недели за стоката да пристигне во Европа и за новите количини реално да се појават на пазарот.Хиле заклучи дека поради тоа не треба да се очекува значително намалување на цените на горивата во Германија на краток рок.

Свет | пред 2 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивото во Германија ги урна сите рекорди

Дизел горивото во неделата достигна рекордна цена во Германија, со просек од 2,440 евра по литар, што е зголемување од 1,5 центи во однос на претходниот ден, според податоците на ADAC.Бензинот Е10 поскапе за 0,7 центи и достигна просечна цена од 2,191 евро по литар, наведува DPA.Како одговор на растот на цените на нафтата поради војната на Блискиот Исток, германската влада минатата недела усвои закон со кој се ограничува зголемувањето на цените на бензинските пумпи на еднаш дневно, на пладне, со цел да се намалат флуктуациите и да се обезбеди поголема транспарентност. Мерката стапи на сила во среда, на 1 април.Пред една недела, на 30 март, Германците плаќале во просек 2,295 евра за литар дизел и 2,087 евра за литар бензин Е10.Во понеделник напладне дојде до дополнително поскапување – дизелот порасна за 6,6 центи и достигна 2,487 евра по литар, додека Е10 исто така се зголеми за 6,6 центи на 2,235 евра. Од ADAC оценуваат дека зголемувањата се претерани.Цените на суровата нафта продолжуваат да растат. Нафтата Брент за испорака во јуни достигна цена од 111 долари за барел, што е речиси 40 долари повеќе од почетокот на војната.

Свет | пред 2 седмици

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал жена во центарот на Хамбург, па бил вратен назад во природата

Волк кој беше фатен по напад врз жена во германскиот град Хамбург е вратен назад во природата со уред за следење, а локалните власти постапката ја опишаа како „условно пуштање на слобода“.Како што е наведено, младиот мажјак бил опремен со предавател и пуштен во неделата, откако претходно бил згрижен во центар за заштита на диви животни во Долна Саксонија.Членката на советот за заштита на животната средина во Хамбург, Катарина Фегебанк, изјави дека оваа мерка претставува баланс меѓу безбедноста на граѓаните и заштитата на животните.Надлежните додадоа дека движењето на животното ќе биде постојано следено, што ќе им овозможи на ловците да реагираат доколку повторно се приближи до населени места.Волкот бил забележан кон крајот на март во западниот дел на Хамбург, кога нападнал 65-годишна жена. Таа се здобила со повреди на лицето и устата, кои барале шиење, но не биле животозагрозувачки.По нападот, животното избегало низ градот, но подоцна било фатено од надлежните служби. Било сместено во парк за диви животни, а потоа повторно пуштено во природа.Стручњаците истакнуваат дека ова е првиот документиран напад на волк врз човек во Германија. Според нив, животното најверојатно било оттурнато од своето јато и бара нова територија, поради што во изминатите денови било забележано на повеќе локации во градот, вклучително и во близина на училиште и приватни дворови.

Свет | пред 2 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Енергетска криза: Дизелот во Германија 2,5 евра, војната ги крева цените на нафтата ширум светот

Воените случувања и натаму силно влијаат врз цените на нафтата на светскиот пазар, каде барелот Брент затвори на 112 долари.Дополнителна загриженост предизвикува цената на дизелот на медитеранскиот пазар, од кој се снабдува и Хрватска, а која вчера достигна историски рекорд. Во Германија, потрошувачите, и покрај владините мерки, се соочуваат со цена на дизел од речиси 2,5 евра за литар, а наскоро се очекува нова корекција на цените и во Хрватска, пренесува HRT.Германската влада воведе мерки кои стапија на сила пред два дена, но потрошувачите и натаму се соочуваат со рекордни цени на горивата. Ограничувањето на едно поскапување дневно не го запре растот на цените, што предизвикува незадоволство кај јавноста.„Мислам дека работите овде во Германија отидоа предалеку. Во други европски земји не е толку екстремно“, изјави жителка по име Леони.Растечките цени на енергијата дополнително ја оптоваруваат германската економија. Економисти предупредуваат на неизвесни прогнози, зависни од текот на конфликтот.Новиот бран поскапувања веќе ја поттикнува инфлацијата, која е на високо ниво во еврозоната, додека цените на храната растат глобално.Хрватска не е исклучок од овие трендови, но владата најави дека ќе интервенира за контрола на цените на горивата, доколку тоа е во интерес на националната безбедност.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Ниту „кочницата“ не помогна: Дизелот во Германија скокна на рекордни 2,327 евра за литар

Цената на дизелот во Германија достигна нов државен рекорд од 2,327 евра за литар, и тоа само неколку дена откако стапија во сила нови мерки на германската влада со цел да се ограничи растот на горивата. Според соопштението на германскиот авто-клуб АДAК, новото ниво е за 0,6 центи повисоко од претходниот рекорд забележан во март 2022 година.Паралелно со дизелот, поскапува и бензинот, кој според истите податоци достигнал 2,129 евра за литар – највисока цена годинава. АДAК оценува дека ваквите поскапувања се несразмерни, посочувајќи дека цената на суровата нафта меѓу 31 март и 1 април, всушност, опаднала.Од 1 април Германија ја воведе т.н. „кочница за цени на горивата“, мерка со која бензинските пумпи смеат да ги зголемат цените најмногу еднаш дневно. Сепак, според АДAК, уште првиот ден од примената бил забележан просечен раст на цените од речиси осум центи, што дополнително ги засили сомнежите дека ограничувањето не дава очекуван ефект.Експертите предупредуваат дека постои ризик нафтените компании да воведуваат дополнителни маржи за да ги компензираат ограничувањата во формирањето на цените. АДAК, пак, смета дека мерката засега не придонесува за намалување на високите цени и апелира до надлежните да извршат притисок врз компаниите да покажат поголема воздржаност.Паралелно, се засилуваат и притисоците на европско ниво: цените на дизелот во Европа се на највисоко ниво од 2022 година, а фјучерсите на дизел бележат нагли дневни скокови. Како фактори се наведуваат турбуленциите на светскиот нафтен пазар и нарушувањата во снабдувањето, што ја зголемува неизвесноста за тоа дали следуваат уште поскапувања во наредниот период.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Берлин ја повика Кина да притисне врз Иран: „Искористете го вашето влијание“ за разговори со САД и безбедна пловидба низ Ормускиот Теснец

Германија ја повика Кина да го искористи своето влијание врз Иран за да се отвори пат кон преговори со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната и за обновување на слободната пловидба низ Ормускиот Теснец.Апелот го упати германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул по телефонски разговор со својот кинески колега Ванг Ји. Според соопштението, Берлин и Пекинг споделуваат длабока загриженост поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, а Германија ја нагласува „конструктивната улога“ што Кина може да ја одигра во деескалацијата.„Кина може конструктивно да го искористи своето влијание врз Иран за преговарачко решение и прекин на непријателствата против заливските држави“, порача Вадефул.Во фокусот на германската порака е безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај, бидејќи Ормускиот Теснец е една од клучните светски рути за транспорт на енергенси и стоки. Вадефул нагласи дека блискиот германско-кинески дијалог останува важен во „предизвикувачко глобално опкружување“, и дека двете земји се посветени на брзо запирање на конфликтот и заштита на слободата и сигурноста на пловидбата.„Германија и Кина сакаат да ја обноват слободата на пловидба во Ормускиот Теснец. Се согласуваме дека поединечни земји не смеат да ги контролираат пловните патишта или да наплаќаат такси за минување“, изјави Вадефул.Повикот од Берлин доаѓа во период на засилени дипломатски контакти и растечки стравувања дека ширењето на судирите на Блискиот Исток може да предизвика нови потреси на енергетските пазари и дополнителни ризици за глобалната трговија. Германија, во тој контекст, ја гледа Кина како клучен посредник што може да придонесе за враќање на каналите за разговор и намалување на тензиите.

Свет | пред 2 седмици

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Аларм во Германија поради дизелот: Превозниците бараат итна интервенција на владата

Германската влада мора брзо да интервенира и да им помогне на превозниците за да се спречи нарушување во ланците на снабдување и прелевање на трошоците од поскапувањето на дизелот врз потрошувачите, предупредува Сојузот на германски шпедитери (BGL).Цената на дизелот се зголеми за околу 40 центи по литар од почетокот на војната во Иран, истакна директорот на Сојузот, Дирк Енгелхарт. За типичен камион што месечно поминува околу 10.000 километри со просечна потрошувачка од 30 литри на 100 километри, тоа значи дополнителен трошок од приближно 1.200 евра месечно. За поголеми камиони со потрошувачка од 35 до 40 литри на 100 километри, трошокот е уште поголем.На пример, кај возен парк од 50 возила, годишниот дополнителен трошок надминува 700.000 евра.„Се очекува дека овој притисок порано или подоцна ќе се прелие врз цените за потрошувачите“, предупреди Енгелхарт.Затоа Сојузот на германски шпедитери повикува на итни и оперативни мерки од германската влада за обезбедување на ликвидноста на компаниите и стабилноста на ланците на снабдување.Ризикот е особено изразен за малите и средните шпедитери, кои често немаат механизми за заштита и веднаш го чувствуваат растот на трошоците.Како решенија се предлагаат: ограничување на цената на дизелот, враќање на данокот за гориво со CO₂ и привремено суспендирање на CO₂ компонентата во патарините за камиони. Мерките треба да бидат целни и административно едноставни за да се постигне посакуваниот ефект за кратко време.Многу компании се обидуваат да се заштитат од поскапувањата преку договорни клаузули кои овозможуваат прилагодување на цените на транспортот според трошоците за гориво, но тие механизми често доцнат и не можат целосно да ги ублажат наглите шокови на пазарот.

Свет | пред 3 седмици

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Инфлацијата во Германија краткотрајно забави под целните два отсто годишно, и земјата едвај почнува да се стабилизира по брановите инфлација предизвикани од рускиот напад врз Украина. Сега, новата војна повторно ги зголемува цените.Мартовската инфлација, поради поскапувањето на енергенсите од американско-израелскиот напад врз Иран, скокна на 2,7 отсто, по падот на 1,9 отсто во февруари, соопшти Дестатис. Ова е највисоко ниво од 2,9 отсто забележани во јануари 2024 година.Особено остро, а првпат од декември 2023 година, поскапеле енергенсите – 7,2 отсто во меѓугодишно споредување. Услугите поскапеле 3,2 отсто, а храната, чијашто цена всушност не се смири од претходниот инфлаторен бран, за 0,9 отсто.Бундесбанката уште порано процени дека поради последиците од војната врз пазарот на нафта и гас, инфлацијата на краток рок ќе ја надмине границата од три отсто.Економските институти пред американско-израелскиот напад врз Иран прогнозираа стапка на инфлација малку над два отсто. Сепак, веќе во првата половина од годината, инфлацијата, според последната проценка на Институтот за макроекономска политика, ќе скокне над 2,5 отсто.„Ова е само почеток, бидејќи поскапувањето на енергенсите во наредните месеци ќе се вградува во синџирот на создавање вредност,“ предупреди главниот економист на Комерцбанка, Јерг Кремер, по објавувањето на мартовските бројки.Бранот на инфлација предизвикан од инвазијата на Украина се смири дури минатата година, а врвот беше 6,9 отсто во 2022 година. Година подоцна, инфлацијата сè уште беше високи 5,9 отсто.Според податоците на Федералната канцеларија за земјоделство и прехрана, храната во Германија од 2021 до 2025 година поскапела за скоро една третина – 32 отсто.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија и Сирија се договорија: 80 проценти од бегалците ќе бидат вратени

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека 80 отсто од повеќе од 900.000 сириски државјани во Германија треба да се вратат во својата татковина во наредните три години.На конференција за медиуми со привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара во Берлин, Мерц рече дека се договориле дека во долг рок, во наредните три години, 80 отсто од Сиријците треба да се вратат во својата татковина.„Тоа беше и желба на претседателот на Сирија. Тие Сириjци кои сакаат да останат во Германија и кои се добро интегрирани, ќе можат да останат во Германија“, изјави Мерц.Германија беше едно од главните прибежишта за сириските бегалци кои бегаа од граѓанската војна.Повеќе од 900.000 од нив пристигнаа во Германија за време на владеењето на соборениот сириски претседател Башар ал-Асад.

Свет | пред 3 седмици

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Германската влада е повикана на итна интервенција поради наглото поскапување на дизелот, кое веќе создава сериозен притисок врз транспортниот сектор и носи ризик од нарушување на синџирите на снабдување.Според Сојуз на германски шпедитери (BGL), цената на дизелот пораснала за околу 40 центи по литар од почетокот на конфликтот со Иран. Претседателот на здружението, Дирк Енгелхарт, предупредува дека ова директно ги зголемува оперативните трошоци.За камион кој месечно минува околу 10.000 километри со просечна потрошувачка од 30 литри на 100 километри, дополнителниот трошок достигнува околу 1.200 евра месечно. Кај поголемите возила, со потрошувачка од 35 до 40 литри, трошокот е уште повисок.На ниво на компанија со возен парк од 50 камиони, годишните дополнителни трошоци можат да надминат 700.000 евра, што сериозно ја доведува во прашање ликвидноста на фирмите.Од здружението предупредуваат дека ваквиот притисок неизбежно ќе се прелее врз крајните потрошувачи, преку раст на цените на производите и услугите. Особено погодени се малите и средни транспортни компании, кои немаат механизми за заштита од нагли ценовни шокови.Како мерки, превозниците предлагаат ограничување на цената на дизелот, враќање на CO₂ давачките за гориво и привремено укинување на дел од трошоците во патарините. Според нив, мерките мора да бидат брзи, прецизни и административно едноставни за да имаат ефект во краток рок.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Германскиот гигант Thyssenkrupp Steel повторно планира привремено да го запре производството на електротехнички челик во погонот во Франција поради бран на евтин увоз од Азија.Производството во челичарницата во Изберг во Франција треба да биде запрено од јуни до септември, соопшти германската компанија.Прекинот ќе опфати околу 600 вработени, кои во тој период ќе добиваат поддршка од француската влада.Од јануари, погонот во Изберг работи со само половина од капацитетот.„Запирањето на работата е неопходно за да се стабилизира бизнисот во услови на континуиран пад на нарачките“, изјави директорот на подружницата Thyssenkrupp Electrical Steel, Анџело Ди Мартино.„Не уништува увезениот челик“, додаде Ди Мартино, појаснувајќи дека цените на увезениот челик во одредени случаи се значително пониски од трошоците за производство во Европската унија.„Итно ни се потребни ефикасни трговски заштитни мерки за да воспоставиме рамноправни конкурентски услови за стратешки важен производ“, порача првиот човек на француската подружница на Thyssenkrupp.Компанијата е во „конструктивен дијалог“ со Европската комисија и се надева на брзо воведување на вакви мерки.Thyssenkrupp Electrical Steel произведува специјални видови челик за енергетскиот сектор.Зрнестиот електротехнички челик се користи за пренос на електрична енергија, а широко се применува и во трансформатори во трафостаници, како и во ветерни турбини.Во Европа во моментов го произведуваат само две компании, наведуваат од Thyssenkrupp, додавајќи дека увозот во ЕУ од 2022 година е тројно зголемен и сега сочинува повеќе од половина од европскиот пазар.„Таквиот тренд доведе до драстичен пад на нарачките и многу слаба искористеност на европските производствени капацитети“, соопштија од компанијата.Thyssenkrupp има челичарница и во германскиот Гелзенкирхен која исто така вработува околу 600 работници.И погонот во Изберг и оној во Гелзенкирхен накратко го прекинаа производството веќе кон крајот на минатата година, на неколку недели.Германската челичарница засега треба да продолжи со работа.Според пазарните анализи, побарувачката за зрнест електротехнички челик би требало да се зголеми тројно до 2050 година, наведува агенцијата dpa.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Голем пожар целосно ја уништи дискотеката „Kiss-Club“ во Кел, но благодарение на брзата реакција, сите околу 750 посетители успеале навреме да се евакуираат.Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 3:45 часот, кога огнот бил забележан на покривот на објектот во индустриската зона на градот.Кога пристигнале првите противпожарни екипи, дискотеката веќе била целосно зафатена од пламен.„Сите лица успеале самостојно да излезат од објектот“, изјави командирот на интервенцијата, додавајќи дека на дел од посетителите им била укажана медицинска помош на лице место.Поради сериозноста на пожарот, областа околу клубот била обезбедена, а гаснењето траело со часови.Причината за пожарот засега не е позната, а криминалистичката полиција веќе започнала истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот.

Свет | пред 3 седмици

germanija-zname

Германски министер за надворешни работи: Русија му дава информации на Иран за потенцијални цели за напади

Германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул денеска ја обвини Русија дека му помага на Иран во идентификување на потенцијални цели за напади, нагласувајќи дека нема несогласување меѓу Вашингтон и Берлин околу конфликтот со Иран.На прес-конференција за време на состанокот на форматот Г7 во Франција, Вадефул рече дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, кому му го изнел ставот на Берлин – Германија е подготвена да учествува во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако ќе завршат непријателствата. Тој го оцени рускиот претседател Владимир Путин како „цинично надевајќи се дека ескалацијата на Блискиот Исток ќе го одвлече вниманието од неговите злосторства во Украина“.„Неговата сметка не смее да успее. Јасно гледаме колку овие два конфликти се испреплетени. Русија очигледно го поддржува Иран со информации за потенцијални цели“, рече Вадефул.Тој исто така потенцираше дека Берлин и Вашингтон се согласни околу Иран, додавајќи дека таа земја не смее да дојде до нуклеарно оружје ниту да претставува регионална закана, пренесува Reuters.Министерот предупреди дека поддршката за Украина не смее да забави поради конфликтите на Блискиот Исток и дека мора да се одржат нејзините одбранбени капацитети.Вадефул истакна дека притисокот врз Русија мора да остане силен, преку санкции, акции против „сенковната флота“ и притисок врз рускиот енергетски сектор.Во врска со војните во Украина и Иран, тој додаде дека „целосно е јасно“ дека во иднина клучна ќе биде противвоздушната одбрана, па германските вооружени сили планираат набавка на соодветно оружје, а одбранбената индустрија на Германија и Европа ќе треба да разгледа како да стане поефикасна во таа област.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица уапсени за шпионажа во Германија и Шпанија

Обвинителите во Германија денеска соопштија дека две лица се уапсени поради сомневање дека шпионирале за Русија. Според соопштението, Сергеј Н. е уапсен во Шпанија, додека Ала С. е уапсена во Германија.Обвинителите тврдат дека од декември 2025 година Сергеј Н. собирал информации за лице во Германија кое снабдувало Украина со дронови и сродни компоненти, за потребите на руската разузнавачка служба. Тој собирал податоци преку интернет и ги снимал активностите на работното место на целта, додека Ала С. го презела неговиот задаток кога тој се преселил во Шпанија, сè до март 2026 година.

Свет | пред 4 седмици

media-library4cmtbdt4uf1h3bofpOz

Дизелот во Германија близу историски рекорд

Цената на дизелот во Германија пораснала за повеќе од 12 центи за два дена поради војната на Блискиот Исток, според податоците на автомобилското здружение ADAC.Во петок, просечната дневна цена на литар дизел на ниво на целата земја изнесувала 2,291 евра, што е само 3 центи помалку од рекордната вредност забележана пред четири години, по почетокот на војната во Украина.Цената на премиум бензинот E10 исто така продолжила да расте, достигнувајќи 2,086 евра за литар, што е за 4,2 центи повеќе отколку во среда.Според ADAC, во петок литар дизел бил поскап за 54,5 центи во споредба со денот пред почетокот на војната од страна на САД и Израел против Иран, додека литар бензин бил поскап за 30,8 центи.Растот на цените е предизвикан од повисоките цени на сурова нафта поврзани со војната, иако имало и критики кон нафтените компании за непропорционално покачување на цените во однос на трошоците за нафта.Првите цени во сабота покажале благи понатамошни зголемувања на дизелот и релативно стабилни цени на бензинот E10, но последната нестабилност ги прави краткорочните прогнози многу неизвесни.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања