Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
kremlj

Руската Федерална служба за безбедност ФСБ соопшти дека спречила терористички напад во градот Пјатигорск во Ставрополскиот регион и дека е пронајдена експлозивна направа кај државјанка на Германија.

Според соопштението на Центарот за односи со јавноста на ФСБ, уредот бил импровизирана експлозивна направа исполнета со шрапнели, со јачина еквивалентна на околу 1,5 килограми ТНТ. Службите наведуваат дека постоел план експлозијата да биде активирана на далечина, при што бил вклучен и маж роден во 1997 година, кој според тврдењата на руските служби потекнува од Централна Азија.

— реклама —

ФСБ тврди дека цел на нападот бил објект на органите за спроведување на законот, а дека акцијата била планирана во утринските часови со цел да се предизвикаат поголем број жртви.

Во соопштението се наведува и дека операцијата била координирана од лице за кое руските служби тврдат дека е припадник на украинските специјални служби, кое се претставувало како член на меѓународна забранета терористичка организација. Според истите наводи, и тоа лице е приведено.

— реклама —

Независна потврда на овие тврдења засега нема од украинска или германска страна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

lukasenko-1

Лукашенко: Ако падне Белорусија, непријателот ќе биде блиску до Москва

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања