Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

РУСИЈА

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е клучно Донецката и Луганската област да останат во состав на Украина, коментирајќи медиумски наводи за предлог дел од Донбас да се преименува во „Дониленд“ во чест на американскиот лидер Доналд Трамп.Коментарот следуваше откако „Њујорк тајмс“ објави дека украински претставници за време на неодамнешните мировни преговори изнеле идеја за преименување на дел од регионот со цел да го придобијат Трамп и да го поттикнат на поостар став кон руските територијални претензии, пишува „Киев индипендент“.„Најважно е Донецката и Луганската област да останат дел од Украина, само да не биде Путинленд. Тоа е најважно“, изјави Зеленски пред новинарите, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.Според „Њујорк тајмс“, идејата за преименување била изнесена делумно на шега, но и како дипломатски гест. Предложеното име „Дониленд“, кованица од Донецк, Доналд и Дизниленд, би се однесувало на околу 5.000 квадратни километри во северозападниот дел од Донецката област.Зеленски нагласи дека во преговорите користи исклучиво термини како Донецка област, Луганска област, Донбас и територија на Украина, без други називи.Иако деталите од планот не се јасни, наводно било предложено комитет за мир поврзан со Трамп да учествува во управувањето со тој дел, но идејата не е дел од официјални документи.Преговорите со посредство на САД во последните месеци се фокусирани на иднината на Донбас – регион во источна Украина што ги опфаќа делумно окупираните Донецка и Луганска област. Клучното прашање е територијалната контрола, додека Москва врши притисок Украина да се повлече од преостанатите територии.Трамп, кој за време на кампањата ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, повеќе од една година се обидува да постигне договор преку преговори, што предизвикува фрустрации во Киев.По средбата на Трамп и Путин на Алјаска во август 2025 година, американската администрација сигнализираше подготвеност за можен договор што би вклучувал повлекување на Украина од Донецката област.Русија во меѓувреме го промовира т.н. „Договор од Енкориџ“, според кој Донбас би бил предаден на нив.Украина сè уште контролира околу една четвртина од Донецката област и одбива повлекување, предлагајќи прекин на огнот долж постојните линии на фронтот.

Свет | пред 6 часа

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова реагираше на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека неговите споредби на Иран со нацистичките злосторства се „неосновани и историски искривени“.Нетанјаху претходно изјави дека Иран наводно планира „нуклеарен холокауст“ против Израел, предупредувајќи дека, без израелска акција, иранските нуклеарни објекти како Натанц, Фордо и Бушехр би можеле да станат синоним за логори на смрт како Аушвиц, Мајданек и Собибор.Захарова ги доведе во прашање овие тврдења, потсетувајќи дека Иран уште во 1943 година, за време на владеењето на Мохамад Реза Пахлави, објавил војна на нацистичка Германија. Според неа, историските факти јасно покажуваат кој е одговорен за Холокаустот – нацистичка Германија, фашистичка Италија и нивните сојузници, вклучувајќи колаборационистички режими низ Европа.Таа дополнително го критикуваше Израел поради, како што тврди, изостанок на осуда на украинските власти од 2014 година, наведувајќи дека одредени личности поврзани со историски злосторства врз Евреите биле прогласени за национални херои. Меѓу нив ги спомена Симон Петљура и Јарослав Стецко.Захарова исто така изнесе тврдење дека Банката на Англија била меѓу финансиерите на нацистичката партија, додавајќи дека истите структури денес ги поддржуваат властите во Киев, кои ги обвини за водење политика заснована на етнички и јазични поделби.Говорејќи за израелските изјави, таа нагласи дека користењето поими како Аушвиц, Мајданек и Собибор во современ политички контекст претставува навреда за жртвите од Втората светска војна и Холокаустот, како и за војниците кои ги ослободиле нацистичките логори.Посебно истакна дека нуклеарната електрана Бушехр е цивилен објект, што, како што наведе, повеќепати го потврдила Меѓународната агенција за атомска енергија.Захарова потсети и на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој порача дека решението за иранското нуклеарно прашање треба да се бара преку дипломатија и обновување на договорот од 2015 година (JCPOA).„Би било значајно достигнување ако актуелните преговори меѓу Иран и САД доведат до резултат сличен на оној од 2015 година“, заклучи Лавров.

Свет | пред 6 часа

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Руски водител одби да ѝ се извини на Џорџа: „Фашистка“

Рускиот новинар и телевизиски водител Владимир Соловјов денес одби да се извини за навредите што ги упати на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони, туку ја обвини за „поддршка на фашистички идеи и симпатии кон Украина“.Соловјов, како што пренесува телевизијата Вести, изјави дека Мелони со „споделување идеи“ на поранешниот фашистички лидер на Италија, Бенито Мусолини, „учествува во злосторствата на фашистичка Италија“.Тој, како што пишува АНСА, додаде дека италијанската премиерка покажува симпатии кон тие злосторства „поддржувајќи ја нацистичката украинска држава, која спроведува терористички напади во Русија и не ги крие плановите за атентати, вклучително и врз него“.Соловјов во емисија изјавил и низа навреди, нарекувајќи ја Мелони „фашистка“, „идиот“, „лоша жена“ и „срам за човештвото“.Мелони претходно одговори дека „пропагандист на режим не може да држи лекции за слобода“, истакнувајќи дека Италија „нема господари“ и дека нејзин единствен водич е интересот на државата.

Свет | пред 8 часа

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Казахстанската нафта се пренасочува – што значи тоа за Германија?

Заменик-претседателот на руската влада, Александар Новак, најави дека ќе биде променет правецот на испорака на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Германија поради технички проблеми, почнувајќи од 1 мај.Новак изјави дека казахстанската нафта ќе биде пренасочена кон други, подостапни логистички рути поради тековните технички можности, пренесе ТАСС.Тој додаде дека со прашањето за пренасочување на нафтените текови се занимаваат руското Министерство за енергетика и руската нафтена компанија „Трансњефт“.Министерот за енергетика на Казахстан, Ерлан Акенженов, претходно изјави дека Казахстан добил неофицијални информации за неможност за транспорт на гориво преку нафтоводот „Дружба“, најверојатно поради неодамнешните напади врз руската инфраструктура.Казахстанскиот национален оператор „Казтрансојл“ обезбедува транзит на нафта преку Русија преку системот на нафтоводи на „Трансњефт“.Казахстанската нафта потоа се транспортира преку Белорусија, преку системот „Гомелтрансњефт Дружба“, до точката за испорака „Адамова застава“, од каде понатаму се доставува до рафинерија во Германија.Овој транзит се одвива согласно релевантниот меѓувладин договор меѓу Казахстан и Русија од 7 јуни 2002 година.Во 2025 година, Казахстан ѝ испорача на Германија 2,1 милион тони нафта преку нафтоводот „Дружба“, а за оваа година беше планирано зголемување на 2,5 милиони тони.Германското Министерство за економија денеска соопшти дека е информирано оти од мај повеќе нема да пристигнува казахстанска сурова нафта во рафинеријата ПЦК во Шведт, една од најголемите во североисточниот дел на Германија.Според индустриски извори, Русија би можела да го запре транзитот на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, што директно би влијаело врз снабдувањето на рафинеријата, која делумно го снабдува и Берлин, пренесе Ројтерс.Надлежното министерство, кое го надгледува работењето на рафинеријата, наведе дека мнозинскиот сопственик „Росњефт“ информирал за можен прекин.Од германското министерство посочија дека „Росњефт“ ја проценува состојбата и ќе го прилагоди работењето за да ги исполни обврските кон регионот и да обезбеди континуитет во снабдувањето.

Свет | пред 8 часа

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Русија повторно лансира дронови и ракети кои минуваат во непосредна близина на нуклеарни постројки во Украина, вклучително и околу поранешната електрана во Чернобил, предупреди главниот украински државен обвинител Руслан Кравченко.Според него, регистрирани се најмалку 35 хиперсонични ракети „Кинжал“ кои летале на растојание помало од 20 километри од Чернобил или нуклеарната електрана Хмељницки, при што 18 од нив поминале близу до двете локации во ист лет.„За вакви лансирања нема воено оправдување. Очигледно е дека се користат исклучиво за застрашување и терор“, наведува Кравченко.Дополнително, украинските власти тврдат дека од средината на 2024 година се регистрирани најмалку 92 дронови кои летале во радиус од пет километри од заштитниот саркофаг во Чернобил, кој го спречува ширењето на радијацијата од уништениот реактор.Во три случаи, ракети паднале во близина на електраната Хмељницки, на оддалеченост од околу десет километри, без јасни причини за падот.Меѓународната агенција за атомска енергија изрази сериозна загриженост за воените активности во близина на нуклеарните објекти, повикувајќи на максимална воздржаност за да се избегне нуклеарна несреќа.Украинските власти сметаат дека ваквите летови се дел од стратегија за избегнување на противвоздушната одбрана, но и средство за психолошки притисок, со потенцијално сериозни последици за безбедноста не само во Украина, туку и во Европа.

Свет | пред 17 часа

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

НАТО пресретнал руски стратешки бомбардери и ловци над Балтичкото Море. Во акцијата на источното крило на Алијансата учествувале француски ловци „Rafale“, кои полетале од воената база во Литванија, каде се распоредени во рамки на долгогодишната НАТО мисија за воздушен надзор, пишува Euronews.Француските ловци, вооружени со ракети воздух-воздух, им се придружиле на авиони од Шведска, Финска, Полска, Данска и Романија. Сите тие полетале за да ја надгледуваат руската формација, соопштил францускиот одред.Руската мисија над Балтичкото Море вклучувала два надзвучни бомбардери Tu-22M3, како и околу десет борбени авиони Su-30 и Su-35, кои се менувале во придружба на бомбардерите.Руското Министерство за одбрана соопштило дека летот бил однапред планиран и се одвивал во воздушен простор над неутрални води на Балтичкото Море. Летот траел повеќе од четири часа.„Во одредени делови од рутата, бомбардерите беа придружувани од ловечки авиони на странски држави“, наведуваат од руското министерство.Тие додаваат дека руските летови редовно се изведуваат над Арктикот, Северниот Атлантик, Тихиот Океан, како и Балтичкото и Црното Море, и дека се во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.НАТО редовно подигнува борбени авиони за да пресретнува руски воени летала кои се приближуваат или летаат блиску до воздушниот простор на Алијансата, често поради недостиг на вклучени транспондери и ненаправени планови за лет.

Свет | пред 1 ден

dzordza-meloni

Италија го повика рускиот амбасадор поради тешки навреди кон Мелони

Италија денеска го повика рускиот амбасадор во земјата на разговор поради навредите упатени на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони во програма на руската телевизија, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.Тајани, како што пренесува Ројтерс, навел дека амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи изјави“ кои ги изнел телевизискиот водител Владимир Соловјов.Како што наведува Ројтерс, Соловјов во краток телевизиски прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони нарекувајќи ја, меѓу другото, „идиот“, додека на руски јазик рекол дека е „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи.Тој исто така ја обвини италијанската премиерка дека го изневерила американскиот претседател Доналд Трамп.Како што додава Ројтерс, односите меѓу Мелони и Трамп во последно време се влошиле, откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател поради нападот на папата Лав XIV.

Свет | пред 1 ден

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Победата на Русија во војната во Украина веќе им е очигледна на сите, вклучително и на Киев, кој веќе размислува како тамошното раководство ќе мора да ја „формализира“ ситуацијата со идната победа на руската страна, изјави рускиот претседател Владимир Путин.Путин тоа го изјави за време на денешната средба со претставници на руските општини.Еден од учесниците на состанокот им се заблагодари на сите кои во моментов учествуваат во војната и нагласи дека победата сигурно ќе биде руска.Според неговите зборови, „повеќе никој не се сомнева во тоа, вклучително и непријателот“.„Да“, се согласи рускиот претседател. „Тие само размислуваат како сето тоа да го формализираат“.

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Русија ќе го запре извозот на казахстанска нафта за Германија преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, повикувајќи се на извори запознаени со одлуката.Според три извори кои зборувале под услов на анонимност, новиот прилагоден распоред за извоз веќе им бил доставен на Казахстан и Германија. Потегот доаѓа во период на влошени политички и економски односи меѓу Москва и Берлин поради војната во Украина, која Германија ја поддржува.Руското Министерство за енергетика не одговорило на барањата за коментар.Германија во 2022 година ги стави локалните подружници на најголемиот руски нафтен производител „Роснефт“ под државен надзор, со што значително ги промени долгогодишните енергетски врски со Русија.Во 2025 година, извозот на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“ изнесувал околу 2,146 милиони метрички тони, односно приближно 43 илјади барели дневно, што претставува зголемување од 44 отсто во споредба со 2024 година.Казахстан ја снабдува Германија преку северниот крак на нафтоводот што поминува низ Полска, но испораките во повеќе наврати биле прекинувани поради напади со беспилотни летала врз делови од инфраструктурата на руска територија.Рафинеријата PCK во германскиот град Шведт, една од најголемите во земјата, делумно се снабдува со казахстанска сурова нафта преку овој систем, откако испораките на руска нафта беа прекинати по почетокот на конфликтот меѓу Москва и Киев во 2022 година.

Свет | пред 1 ден

germanija-zname

Берлин и возврати на Москва: „Нема да не заплашите“

Германското Министерство за надворешни работи упати нота до рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечаев, поради, како што е наведено, директни закани од Русија кон цели во Германија. Берлин порача дека таквиот притисок е неприфатлив и дека нема да се заплаши.Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските закани се обид да се ослаби поддршката за Украина и да се тестира единството на Западот, нагласувајќи дека Германија нема да попушти пред притисоците, пишува „Шпигел“.Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека ваквите закани, како и сите форми на шпионски активности во Германија, се „целосно неприфатливи“.Министерството не навело конкретен повод за повикувањето на амбасадорот, но според германскиот весник, потегот е поврзан со минатонеделното соопштение на руското Министерство за одбрана, во кое се упатуваат закани кон европски компании поврзани со Украина.Руското Министерство за одбрана претходно соопштило дека Украина, заедно со европските партнери, планира да го прошири производството на дронови, оценувајќи дека тоа води кон ескалација на воено-политичката ситуација во Европа.

Свет | пред 2 дена

lavrov-951

Лавров со шокантно тврдење: Брисел бара Србија да прати војници

Србија се соочува со директни барања од Брисел да испрати свои трупи против Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Парламентарното собрание на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ).Лавров посочи дека ОДКБ е заинтересирана за проширување на соработката со пријателски земји, вклучително и во статус на набљудувачи и партнери, меѓу кои по парламентарна линија ја вброи и Србија, пренесува „Спутник“.„И мислам дека е многу важно тие врски да се одржуваат и зајакнуваат. Бидејќи и Србија се наоѓа на фронтот, на линијата на борба за национална независност и се соочува со директни барања од бирократите во Брисел да заземе антируска политика, па дури и да испрати свои трупи во тој блок кој се заканува дека ќе биде формиран против нашата земја“, истакна Лавров.Тој претходно денеска предупреди дека поради кризата во НАТО, Западот може да формира нов блок со учество на Украина.

Свет | пред 2 дена

media-library501psbrodl0n1HEvCWN

САД ја одобри продажбата на руска нафта: Уште еден месец

Американската влада ја продолжи дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на страницата на Министерството за финансии.Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при американското Министерство за финансии во петокот издаде нова дозвола со која руската нафта и нафтените деривати натоварени на танкери до 17 април може да се купуваат до 16 мај, се наведува во документот.Од дозволата се изземени трансакции со Иран, Куба и Северна Кореја.Вашингтон по третпат од почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран ги суспендира санкциите за руската нафта и нафтените деривати, настојувајќи да го ублажи растот на цените на светските пазари.Првата 30-дневна дозвола за купување руска нафта OFAC ја издаде за Индија на 5 март. Една недела подоцна, дозволата беше проширена и на остатокот од светот, исто така за 30 дена, со рок за завршување на купувањето до 11 април.Новата дозвола е издадена под притисок на азиските држави, пренесува Ројтерс, кои поради нарушувања во снабдувањето од Блискиот Исток побарале од Вашингтон да овозможи набавка од други извори.„Преговорите (со Иран) се забрзуваат, а Министерството за финансии истовремено води сметка нафтата да биде достапна за оние на кои им е потребна“, изјавил портпарол на министерството за Ројтерс.Само два дена претходно, министерот за финансии Скот Бесент изјавил дека Вашингтон нема да ја обнови дозволата за купување руска нафта, ниту да издаде нова дозвола за иранска нафта, која истече во неделата, потсетува Ројтерс.Продолжувањето на дозволата ќе опфати дополнителни 100 милиони барели руска нафта, според наводите на специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, со што ќе се удвои количината на нафта што се тргува со американска дозвола.Во март, купувачите ширум светот примиле 4,4 милиони барели руска нафта дневно, наведува Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во својот месечен извештај, што значи вкупно околу 132 милиони барели.Индија увезувала околу два милиони барели дневно, а Кина 1,8 милиони барели дневно, според извештајот за април. Така, на азиските пазари во март пристигнале околу 60 милиони барели во Индија и 54 милиони барели во Кина.Од танкерите, во март на индиско тло биле истоварени околу 22 милиони барели руска нафта, а во Кина околу 14 милиони барели, со што практично биле исчистени залихите што се натрупувале на море од октомври минатата година.

Свет | пред 2 дена

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Руската Федерална служба за безбедност ФСБ соопшти дека спречила терористички напад во градот Пјатигорск во Ставрополскиот регион и дека е пронајдена експлозивна направа кај државјанка на Германија.Според соопштението на Центарот за односи со јавноста на ФСБ, уредот бил импровизирана експлозивна направа исполнета со шрапнели, со јачина еквивалентна на околу 1,5 килограми ТНТ. Службите наведуваат дека постоел план експлозијата да биде активирана на далечина, при што бил вклучен и маж роден во 1997 година, кој според тврдењата на руските служби потекнува од Централна Азија.ФСБ тврди дека цел на нападот бил објект на органите за спроведување на законот, а дека акцијата била планирана во утринските часови со цел да се предизвикаат поголем број жртви.Во соопштението се наведува и дека операцијата била координирана од лице за кое руските служби тврдат дека е припадник на украинските специјални служби, кое се претставувало како член на меѓународна забранета терористичка организација. Според истите наводи, и тоа лице е приведено.Независна потврда на овие тврдења засега нема од украинска или германска страна.

Свет | пред 2 дена

lukasenko-1

Лукашенко: Ако падне Белорусија, непријателот ќе биде блиску до Москва

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека е „неприфатливо“ Русија да ја изгуби Белорусија, нагласувајќи ја стратешката важност на сојузништвото меѓу двете земји.„Ние сме нивни најблиски сојузници. Губењето на Белорусија денес е неприфатливо за Русија. Тоа значи дека непријателот ќе биде во Смоленск, блиску до Москва“, изјави Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.Тој додаде дека Белорусија и Русија имаат правни обврски за заемна одбрана, потенцирајќи дека Москва ќе ги искористи своите капацитети за заштита на Белорусија во случај на агресија.Изјавата доаѓа во контекст на зголемени геополитички тензии, при што Минск повторно ја истакнува својата блиска воена и политичка поврзаност со Кремљ.

Свет | пред 3 дена

w_57643999

Русија нуди помош за отстранување на иранскиот ураниум

Русија понуди помош во отстранувањето на обогатениот ураниум од Иран, што претставува едно од клучните спорни прашања во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Иран ќе го предаде својот обогатен ураниум, кој потоа би бил префрлен во САД. Сепак, оваа изјава беше отфрлена од иранска страна, при што заменик-министерот за надворешни работи ја оцени како „неприфатлива“.Во меѓувреме, директорот на руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов, изјави дека компанијата е подготвена да помогне во процесот на отстранување на ураниумот.Тој додаде дека „Росатом“ внимателно го следи текот на мировните преговори меѓу САД и Иран, што укажува на можноста Москва да има активна улога во потенцијалното решавање на овој чувствителен спор.

Свет | пред 3 дена

media-librarymv789oodgeuf0DwPytV

(Видео)Украински дронови нападнаа руски нафтени постројки и рафинерии

Украински дронови во текот на ноќта нападнале неколку руски нафтени постројки, меѓу кои две рафинерии во Самарската област и балтичко пристаниште за извоз на нафтени деривати, соопштија руски регионални власти и украински воени претставници.Во Ленинградската област бил изгаснат пожар во пристаништето Висоцк, каде што се наоѓа терминал за извоз на мазут, нафта и дизел гориво управуван од компанијата Лукоил.Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, потврди дека биле нападнати и рафинериите во Новокујбишевск и Сизран во Самарската област. Тој саркастично порача: „Да ја направиме руската нафта повторно голема“.Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврди напад врз индустриски цели, без да наведе детали.Според украинската страна, серија неодамнешни напади врз руската нафтена логистика во Приморск, Уст-Луга, Шешарис и Туапсе ги намалиле дневните испораки за околу 880.000 барели, иако оваа бројка не е независно потврдена.Украинските сили соопштија дека било погодено и складиште за нафта во Севастопол на окупираниот Крим. Во меѓувреме, руските власти јавија дека се изгаснати пожари во Тихорецк и на терминал во црноморското пристаниште Туапсе, кои, според нив, биле предизвикани од украински напади со дронови.

Свет | пред 4 дена

ruski-vojnik-rusija-

680.000 руски војници на фронтот, Киев очекува нов бран напади

Украинското воено разузнавање предупредува дека Русија подготвува нова копнена офанзива на југоистокот на земјата, со цел целосно заземање на регионот Донбас до септември.Заменик-началникот на службата, Вадим Скибицки изјави дека засилените ракетни и напади со беспилотни летала се дел од поширока стратегија на Москва за уништување на инфраструктурата и подготовка на теренот за нова пролетно-летна офанзива.Според неговите проценки, Русија ангажира околу 680.000 војници на фронтот, со дополнително засилување од околу 20.000 војници од стратешките резерви. Целта, како што наведува, е постепено преземање на контролата врз целиот Донбас во наредните месеци.Скибицки истакнува дека ваквите активности укажуваат оти Москва не покажува сериозна подготвеност за преговори, туку се подготвува за продолжување на воените операции. Тој додава дека руските сили ги интензивираат нападите со балистички ракети врз украинските градови, при што месечно произведуваат околу 60 ракети и го зголемуваат бројот на лансирни системи.Воедно предупредува дека Украина и понатаму се соочува со недостиг од современи системи за противвоздушна одбрана, вклучително и Patriot missile system, што ја прави критичната инфраструктура, особено енергетскиот сектор, исклучително ранлива на нови напади.

Свет | пред 5 дена

nato-mrezi

Русија со закани кон четири НАТО членки

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, упати предупредување до Финска, Естонија, Латвија и Литванија дека Москва го задржува правото на „самоодбрана“ доколку украински дронови вршат напади врз руска територија користејќи го нивниот воздушен простор.Шојгу, кој беше министер за одбрана на почетокот на инвазијата во 2022 година, без да приложи докази, тврдеше дека нападите врз Русија сè почесто се изведуваат преку воздушниот простор на овие земји.„Постојат две можности: или западните системи за противвоздушна одбрана се неефикасни, или овие држави намерно дозволуваат користење на нивниот простор, што значи дека се активни учесници“, изјави тој, повикувајќи се на член 51 од Повелбата на ОН, кој се однесува на правото на самоодбрана.Од друга страна, од Украина доаѓаат спротивни тврдења. Заменик-министерот за надворешни работи Андриј Сибига изјави дека постојат разузнавачки информации оти Русија намерно пренасочува дронови кон балтичките земји и Финска со цел да предизвика тензии.Балтичките држави ги отфрлија руските обвинувања, оценувајќи ги како неосновани и дел од пропаганда, додека НАТО внимателно ги следи случувањата.Ова е уште едно во серијата предупредувања од Москва кон европските земји, во време кога расте загриженоста дека конфликтот може дополнително да се прошири надвор од границите на Украина.

Свет | пред 5 дена

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Руски дрон влезе во воздушниот простор на Романија

Романските радарски системи детектирале дрон кој го нарушил националниот воздушен простор за време на руски ноќен напад врз Украина, соопшти Министерството за одбрана на Романија.Дронот бил следен сè додека не бил изгубен од радарите југоисточно од пограничното село Килија Веке, кое се наоѓа во близина на границата со Украина.Романија, како членка на НАТО и Европската унија, има копнена граница од околу 650 километри со Украина. Откако Русија започна напади врз украинските пристаништа долж реката Дунав, ваквите инциденти зачестија.Во изминатиот период, повеќепати беа регистрирани нарушувања на романскиот воздушен простор, како и пад на делови од дронови на нејзина територија, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во регионот.

Свет | пред 5 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Единаесетгодишниот Максим Веремчук е убиен ноќеска во својот дом за време на руски ракетен напад врз Киев, објави Радио Слободна Европа, пренесува Украинска Правда.Според сведоштвото на неговиот татко, Ихор Веремчук, семејството воопшто не слушнало сирена за воздушна опасност.„Ракетата удри и ми го уби синот во оваа соба. Другиот син, кој спиеше покрај прозорецот, остана жив. Немавме време да реагираме и да избегаме“, изјавил таткото.Дедото на момчето раскажал дека последен пат го видел за време на викендот, кога семејството се собрало за Велигден.Од училиштето информираат дека Максим бил ученик во петто одделение во Детската инженерска академија.Во нападот, што се случил ноќта меѓу 15 и 16 април, погодена била станбена зграда во киевската населба Подилски. Според официјалните информации, загинале четири лица, а повеќе од 60 се повредени.Нападот повторно ја отвори темата за ефикасноста на системите за предупредување и безбедноста на цивилното население во услови на интензивирани напади врз урбани подрачја.

Свет | пред 5 дена

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Руски закон за „заштита“ на граѓаните отвора врата за воени интервенции во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие дополнителни законски овластувања за покренување воени операции во странство, во период кога растат стравувањата од можен вооружен судир меѓу Москва и членките на НАТО во Европа.Според закон што рускиот парламент го одобрил во прво читање, Путин ќе може да распоредува воени единици во странство во случаи на апсење, притворање или кривично гонење на руски државјани, пренесува „Тајмс“.Законот сè уште треба да помине уште две читања и да биде одобрен од горниот дом на парламентот, но се очекува да биде усвоен.Со него се зајакнува постојната правна рамка што му овозможува на рускиот претседател употреба на сила за заштита на националните интереси.Претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, изјави дека „западните правосудни системи станале инструмент на репресија“ и дека Русија мора да ги заштити своите граѓани.Според текстот на законот, руските сили би можеле да бидат испраќани и во ситуации поврзани со притворања по налози на Меѓународниот кривичен суд.Меѓународниот кривичен суд во 2023 година издаде налог за апсење на Путин и уште една висока руска функционерка поради депортација на украински деца.Во меѓувреме, западни аналитичари предупредуваат дека ваквата правна рамка може да се користи како основа за потенцијални воени операции во соседни земји, особено на источното крило на НАТО.Некои проценки наведуваат дека Русија би можела да го користи новиот закон и како средство за притисок врз земјите што запленуваат руски танкери или ги спроведуваат санкциите кон руската нафта.Руски официјални лица ги отфрлаат ваквите толкувања, тврдејќи дека целта е заштита на руските граѓани и националните интереси во странство.Според анализите, Москва со години настојува да создаде правна основа за своите надворешнополитички и воени потези, практика што беше видлива и при интервенцијата во Украина во 2014 и 2022 година.

Свет | пред 6 дена

media-library47ibiq2anlai6qE69QG

Рубљата доминира во руската надворешна трговија – нов рекорд од 60%

Учеството на плаќањата во рубљи во надворешно-трговските пресметки на Русија достигнало нов рекорд од 60 отсто во февруари, соопшти Централната банка на Руската Федерација.Според податоците, уделот на плаќањата во рубљи пораснал од 57,3 отсто во јануари и 58,7 отсто во декември, додека во текот на последните 12 месеци повеќе од половина од сите трансакции за извоз и увоз биле реализирани во националната валута.Во исто време, уделот на плаќањата во таканаречени „пријателски валути“ се намалил на 26,9 отсто, додека валутите од земји што Москва ги смета за „непријателски“ паднале на 13,1 отсто.Според Централната банка, ова претставува најнизок удел на западни валути во последните три години, што укажува на продолжена промена во структурата на надворешната трговија на Русија.

Свет | пред 6 дена

bespilotni-letala

Украина воведува нов модел на војување со комбинирани дрон-единици

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во вооружените сили се воведува нов модел на војување, кој вклучува формирање единици за напади со беспилотни летала интегрирани со копнени беспилотни системи и пешадиски сили во единствен оперативен систем.Според соопштението објавено на Телеграм каналот на Министерство за одбрана на Украина, новиот концепт предвидува комбинирано користење на воздушни и копнени дронови со цел зголемување на борбената ефикасност на теренот. Од министерството наведуваат дека овој пристап веќе покажал резултати во јужните делови на земјата, каде што, како што тврдат, од февруари е ослободена значајна територија.Во соопштението се додава дека единиците за беспилотни системи извршиле напади и врз индустриски објекти на територијата на Русија, меѓу кои и петрохемиски капацитет во Стерлитамак во републиката Башкортостан, за кој се наведува дека е поврзан со производство на компоненти за горива и синтетички материјали.Информациите за операциите се пренесени од украинската новинска агенција, додека руските власти засега не излегле со официјална потврда за наводните напади.

Свет | пред 6 дена

si-dziping2

Кина и Русија ја засилуваат координацијата во глобалните организации

Си Џинпинг повика на зајакнување на стратешката координација меѓу Кина и Русија, со цел, како што истакна, заштита на нивните легитимни интереси и унапредување на соработката во рамките на глобалниот Југ.Оваа порака кинескиот претседател ја упати за време на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг, при што нагласи дека билатералните односи имаат особено значење во, како што го опиша, „променлива и турбулентна“ меѓународна средина.Тој истакна дека двете земји треба да ја продлабочат мултилатералната соработка, да го поддржуваат мултилатерализмот и заеднички да придонесат за зајакнување на улогата на Обединетите нации во глобалниот поредок.Си додаде дека стратешкото партнерство меѓу Кина и Русија останува на високо ниво и дека соработката во различни области дава конкретни резултати, при што повика на натамошно продлабочување на дипломатската и политичката координација.Тој исто така нагласи дека двете земји треба да ги искористат своите комплементарни предности и добрососедските односи за унапредување на заедничкиот развој, како и за имплементација на претходно постигнатите договори меѓу двете држави.

Свет | пред 1 седмица

si-dzinping

Си Џинпинг и Лавров повикаа на зајакнување на соработката меѓу Кина и Русија

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на зајакнување на стратешката координација меѓу Кина и Русија со цел да се заштитат легитимните интереси на двете земји и да се поддржи единството на земјите од глобалниот Југ.Си го изјави ова за време на состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг, истакнувајќи дека стабилноста и безбедноста на односите меѓу двете земји имаат посебно значење во „променливата и турбулентна“ меѓународна ситуација, пренесе Синхуа.Тој нагласи дека Кина и Русија треба да ја зајакнат мултилатералната соработка, да го поддржат мултилатерализмот и заеднички да работат на зајакнување на авторитетот и виталноста на Обединетите нации.Според неговите зборови, сеопфатното стратешко партнерство и координацијата меѓу двете земји остануваат на високо ниво на развој, а соработката во различни области дава позитивни резултати.Си ги повика двете страни дополнително да ја продлабочат стратешката соработка и да ја унапредат дипломатската координација за да го подигнат партнерството на Кина и Русија на повисоко ниво.Тој исто така истакна дека двете земји треба да ги користат своите добрососедски односи и комплементарни предности за продлабочување на соработката и поттикнување на одржлив развој.Кинескиот претседател додаде дека Русија и Кина треба да негуваат меѓусебна доверба, да се поддржуваат една со друга и да работат на заеднички развој, како и да ги спроведат важните договори постигнати меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.Тој исто така повика на блиска соработка меѓу двете земји во рамките на меѓународни организации како Шангајската организација за соработка и БРИКС, со цел да придонесат за изградба на поправеден и порационален меѓународен поредок.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања