Рускиот новинар и телевизиски водител Владимир Соловјов денес одби да се извини за навредите што ги упати на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони, туку ја обвини за „поддршка на фашистички идеи и симпатии кон Украина“.
Соловјов, како што пренесува телевизијата Вести, изјави дека Мелони со „споделување идеи“ на поранешниот фашистички лидер на Италија, Бенито Мусолини, „учествува во злосторствата на фашистичка Италија“.
Тој, како што пишува АНСА, додаде дека италијанската премиерка покажува симпатии кон тие злосторства „поддржувајќи ја нацистичката украинска држава, која спроведува терористички напади во Русија и не ги крие плановите за атентати, вклучително и врз него“.
Соловјов во емисија изјавил и низа навреди, нарекувајќи ја Мелони „фашистка“, „идиот“, „лоша жена“ и „срам за човештвото“.
Мелони претходно одговори дека „пропагандист на режим не може да држи лекции за слобода“, истакнувајќи дека Италија „нема господари“ и дека нејзин единствен водич е интересот на државата.
Италија го повика рускиот амбасадор поради тешки навреди кон Мелони
Италија денеска го повика рускиот амбасадор во земјата на разговор поради навредите упатени на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони во програма на руската телевизија, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.Тајани, како што пренесува Ројтерс, навел дека амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи изјави“ кои ги изнел телевизискиот водител Владимир Соловјов.Како што наведува Ројтерс, Соловјов во краток телевизиски прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони нарекувајќи ја, меѓу другото, „идиот“, додека на руски јазик рекол дека е „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи.Тој исто така ја обвини италијанската премиерка дека го изневерила американскиот претседател Доналд Трамп.Како што додава Ројтерс, односите меѓу Мелони и Трамп во последно време се влошиле, откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател поради нападот на папата Лав XIV.
Свет | пред 1 ден